Пиринска Македонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Пиринска Македонија е дел од географскиот регион Македонија и се простира во југозападниот дел на Република Бугарија, главно на територијата на Благоевградска област и е со површина од околу 7000 km2.

Пиринска Македонија во рамките на етничка Македонија

Содржина

[уреди] Историја

Пиринска Македонија e дел од етничката територија Македонија, кој по Букурешкиот мировен договор во 1913 година припаднал на Бугарија[1]. Во антиката Пиринска Македонија најпрвин била дел од Пајонија и Тракија, а подоцна станала дел од царството Античка Македонија. Во римскиот период Пиринска Македонија доживува своевиден процут, за што сведочат повеќето археолошки ископини на атнички градови во близината на денешните градови Благоевград, Сандански, село Рупите и др. Во средновековниот период Пиринска Македонија била под власта на царот Самуил, Византија и балканските феудалци. Со доаѓањето на Турците, Пиринска Македонија бележи одредена стагнација, но сепак не го напушта својот непокорлив македонски дух. За време на Руско-турската војна во 1877-8 година, северниот дел на Пиринска Македонија ќе потпадне под руската окупациона зона, но по Берлинскиот конгрес ќе и биде вратен на Турција. На подрачјето на Пиринска Македонија е кренато Кресненското (Македонското) востание против османлиската власт во 1878/79 година со центар во Кресна, кое имало силен македонски национален карактер и цел да создаде независна автономна македонска држава. Кон крајот на XIX век на територијата на Пирин со својата чета ќе царува големиот македонски револуционер и великан Јане Сандански (близок соработник на Гоце Делчев и најголем борец против врховизмот) кој е познат под прекарот „Пирински цар“ и кој ќе го изврши познатото грабнување на протестантската мисионерка Мис Стон. По Втората светска војна во времето на владеењето на Георги Димитров, Македонците од Пиринска Македонија ќе добијат целосна културна автономија која требала преку законска рамка да прерасне во територијална и Пиринска Македонија да се обедини кон тогашната СР Македонија како кон матична држава во рамките на Балканската федерација.

Според пописот од 2001 населението на Пиринска Македонија (Благоевградска област) брои 341.173 жители. Како мајчин јазик го декларирале бугарскиот 306.118 (89,73%), 19.819 (5.81%) жители го признале за мајчин јазик турскиот, а 9.232 (2.71%) - ромскиот.

[уреди] Демографија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Македонците во Бугарија.

Според последниот попис од 2011 година, 814 лица во Пиринско се декларирале како Македонци (0,29%), 544 од нив декларирале македонскиот јазик како мајчин (0,19%), а општо 561 од населението на област Благоевград декларирале македонскиот јазик како мајчин (0.20%).[2]

Официјални податоци од бирото за статистика на Бугарија за населението во Благоевградската област според пописот во 2011 година[3]:

[уреди] Етнички групи во Благоевградската област[4]

Eтничка група броj
%
бугарска 248.613 88,65%
турска 16.774 5,98%
ромска 9.429 3,36%
Не се декларирале 2.595 0,93%
Друга 1.743 0,62%
македонска 814 0,29%
руска 320 0,11%
украинска 62 0,02%
грчка 54 0,02%
ерменска 26 0,02%
ромунска 12 0,00%
Вкупно 280.444 100%

[уреди] Географија

Во целост во Благоевградската област може да се одделат 6 географски целини:

  • Планината Пирин (со планината Славjанка на jуг) во средишниот дел на областа.
  • Осоговско-Беласишката планинска група, коjа ги вклучува планините Осогово, Влаина, Малешевска планина, Огражден и Беласица, преку кои минува границата со Република Македонија.
  • Долината и сливното подрачје на реката Струма западно од Пирин планина и околината на градот Петрич во плодна широка рамнина (котлина).
  • Долината и сливното подрачје на реката Места источно од Пирин планина, која истотака во јужниот дел во околината на градот Гоце Делчев е плодна и пространа рамнина со повисока надморска височина од Петричкото поле.
  • Наjзападните ридови на планината Родопи на исток од реката Места.
  • Jужниот дел на планината Рила.

[уреди] Список на населените места во Пиринска Македонија

[уреди] Општина Банско

Банско, Гостун, Добриниште, Кремен, Места, Обидим, Осеново, Филипово

[уреди] Општина Белица

Бабјак, Белица, Врхари, Гaл’бово, Горно Краиште, Дагоново, Златарица, Краиште, Кузово, Лјутово, Орцево, Палатик, Черешово

[уреди] Општина Благоевград

Бело поле, Бистрица, Благоевград, Бучино, Б’лгарчево, Габрово, Горно Хрсово, Дебочица, Делвино, Дренково, Д’брава, Еленово, Зелендол, Изгрев, Клисура, Лешко, Лисија, Логодаж, Марулево, Моштанец, Обел, Падеш, Покровник, Рилци, Селиште, Церово

[уреди] Општина Гоце Делчев

Баничан, Борово, Брезница, Буково, Господинци, Гоце Делчев, Делчево, Добротино, Драгостин, Корница, Л’жница, Мусомишта, Средна

[уреди] Општина Грмен

Балдево, Горно Дреново, Грмен, Дебрен, Долно Дреново, Д’бница, Ковачевица, Крушево, Лештен, Марчево, Огнјаново, Ореше, Осиково, Рибново, Скребатно, Хвостјане

[уреди] Општина Јакоруда

Аврамово, Бел камен, Бунцево, Јуруково, Јакоруда Конарско, Смолево, Черна Места,

[уреди] Општина Кресна

Влахи, Кресна, Горна Брезница, Долна Градешница, Оштава, Сливница Стара Кресна,

[уреди] Општина Петрич

Баскалци, Беласица, Богородица, Боровичене, Вишлене, Волно, Габрене, Гега, Генерал Тодоров, Горчево, Долене, Долна Крушица, Долна Рибница, Долно Спанчево, Драгуш, Дрангово, Дреновица, Дреново, Зојчене, Иваново, Јаворница, Јаково Кавракирово, Камена, Капатово, Кладенци, Клуч, Коларово, Кромидово, Крнџилица, Кукурахцево, Кулата, Крналово, Марикостиново, Марино поле, Мендово, Митино, Михнево, Ново Кономлади, Рупите, Петрич, Право брдо, Првомај, Рибник, ’Рждак, Самуилова крепост, Самуилово, Скрт, Старчево, Струмешница, Тонско дабе, Тополница, Чурилово, Чуричени, Чучулигово,

[уреди] Општина Разлог

Бања, Бачево, Годлево, Горно Драглиште, Доб’рско, Долно Драглиште, Елешница, Разлог

[уреди] Општина Сандански

Белевехчево, Бељово, Бождово, Виногради, Вихрен, Врања, В’лково, Голем Цалим, Голешово, Горна Сушица, Горно Спанчево, Дамјаница, Дебрене, Долени, Зорница, Златолист, Јаново, Калиманско, Катунци, Кашина, Ковачево, Крстилци, К’рланово, Ладарево, Ласкарево, Лебница, Левуново, Лехово, Лешница, Лилјаново, Лозеница, Лјубовиште, Лјубовка, Малки Цалим, Мелник, Ново Делчево, Ново Хоџово, Петрово, Пиперица, Пирин, Плоски, Поленица, Рожен, Сандански, Склаве, Спатово, Стожа, Струма, Сугарево, Хотово, Храсна, Хрсово, Черешница, Џигурово,

[уреди] Општина Сатовча

Боголин, Ваклиново, В’лкосел, Годешево, Долен, Жижево, Кочан, Крибул, Осина, Плетена, Сатовча, Слаштен, Туховишта, Фргово

[уреди] Општина Симитли

Брежани, Брестово, Горно Осеново, Градево, Докатичево, Долно Осеново, Железница, Крупник, Мечкул, Полена, Полето, Ракитна, Сенокос, Симитли, Сухострел, Сушица, Тросково, Черниче

[уреди] Општина Струмјани

Велјуштец, Вракуповица, Гореме, Горна Крушица, Горна Рибница, Добри лаки, Драката, Игралиште, Илинденци, Каменица, Клепало, Колибите, Крпелево, Махалата, Микрево, Никудин, Палат, Раздол, Седелец, Струмјани, Цапарево

[уреди] Општина Хаџидимово

Абланица, Беслен, Блатска, Гајтаниново, Илинден, Копривлен, Л’ки, Нова Ловча, Ново Лески, Парил, Петрелик, Садово, Теплен, Тешово, Хаџидимово

[уреди] Македонски весници во Пиринска Македонија

[уреди] Наводи

  1. Pirin Macedonia
  2. Население по етническа група и майчин език в област: Благоевград.
  3. Население по етническа група и майчин език в област: Благоевград.
  4. Податоците се за лицата одговориле на доброволните прашања за самоопределување по етничка група и мајчин јазик.

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни информации и врски

[уреди] Галерија

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици