Врања

Координати: 41°26′N 23°24′E / 41.433° СГШ; 23.400° ИГД / 41.433; 23.400
Од Википедија — слободната енциклопедија
Врања
Враня
Врања is located in Бугарија
Врања
Врања
Местоположба во областа
Врања во рамките на Пиринска Македонија
Врања
Координати: 41°26′N 23°24′E / 41.433° СГШ; 23.400° ИГД / 41.433; 23.400
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна11.939 км2 (4,610 ми2)
Надм. вис.&10000000000000230000000230 м
Население (2015)
 • Вкупно116
 • Густина0,0.097/км2 (0,025/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2830
Повик. бр.07438

Врањасело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Врања се наоѓа на 24 километри јужно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 230 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.939 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во склопот на Демирхисарската каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Врања (Vrania) е село со 80 семејства и 230 Македонци[1][2].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Врања, на СИ од Валовишта 4 часа. Околината ридеста и плодородна. Има црква и училиште. Се чита мешано. 120 куќи, бугарски[1][3]


.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 480 жители, сите Македонци[1][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 600 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 2 учители и 31 ученици[1][5].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[1][7][уреди | уреди извор]

Население на Врања по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 553 622 571 507 409 298 238 196 151 116
Етнички состав на населението
од 2011 година[8]:
Националност Население Процент
Бугари 148 98,01%
Останати 3 1,99%
Вкупно 151
Население по возраст
од 2011 година
[9]:

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.
  3. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 860.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 184.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
  6. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 835
  7. 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Враня, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  8. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  9. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.