Долна Крушица

Координати: 41°25′15″N 22°59′9″E / 41.42083° СГШ; 22.98583° ИГД / 41.42083; 22.98583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долна Крушица
Долна Крушица is located in Пиринска Македонија
Долна Крушица
Долна Крушица
Местоположба на Долна Крушица во Пиринска Македонија
Координати: 41°25′15″N 22°59′9″E / 41.42083° СГШ; 22.98583° ИГД / 41.42083; 22.98583
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна1.459 км2 (563 ми2)
Надм. вис.&10000000000000508000000508 м
Население (2015)
 • Вкупно177
 • Густина0,12/км2 (0,31/ми2)
Часовен појасEET
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC)
Повик. бр.074204

Долна Крушицасело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во планински реон, на 26 километри западно од градот Петрич на 5 километри северно од граничниот премин Златарево на јужните падини на Огражден, веднаш до границата со Македонија. Селото се наоѓа на 508 метри надморска височина. Атарот на селото зафаќа простор од 1459 км2. Тоа е едно од 55 села во општина Петрич. Од селото можете да уживате во прекрасниот панорамски поглед на планините Беласица и Огражден. Селото Гега се наоѓа во близина на Долна Крушица.

Во минатото, селото се состоело од две населби - Горна и Долна Крушица. Горна Крушица се наоѓала на 3 километри северно од сегашното село. Постепено Горна Крушица била напуштена. Делови од ѕидови од куќи денес сè уште можат да се видат таму.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Крушица. Во истата година, во селото живееле 1 муслиманско семејство и 78 христијански семејства[1].

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско село кое припаѓало на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крушица (Crouchitza) е наведен како село со 32 семејства и 112 Македонци[2][3].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители, сите Македонци[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[2][5].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од Долна и Горна Крушица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 2010 година била осветена црквата Свети Димитар.

Население[2][7][уреди | уреди извор]

Население на Долна Крушица по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 212 269 376 434 413 367 298 235 194 177
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 571-573.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186-187.
  6. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855
  7. 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Долна Крушица, общ. Петрич, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  9. 9,0 9,1 „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 733