Кашина

Координати: 41°32′0″N 23°28′0″E / 41.53333° СГШ; 23.46667° ИГД / 41.53333; 23.46667
Од Википедија — слободната енциклопедија

Кашина — село во Општина Свети Врач, во регионот Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Кашина
Кашина is located in Пиринска Македонија
Кашина
Кашина
Местоположба на Иваново во Пиринска Македонија
Координати: 41°32′0″N 23°28′0″E / 41.53333° СГШ; 23.46667° ИГД / 41.53333; 23.46667
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаСвети Врач
Надм. вис.&10000000000000728000000728 м
Население (2011)
 • Вкупно10
Часовен појасEET
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC)
Поштенски код2820

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во југозападните падини на Пирин Планина, на надморска височина од 728 метри. Оддалечено е 37 километри источно од Свети Врач и 40 километри североисточно од градот Петрич.

Историја[уреди | уреди извор]

Влезот на старата црква

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ потекнува од првата половина на XIX век.[1]

Во XIX век селото е дел од Мелничката каза на Серскиот санџак во Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 180 жители, сите Македонци.[2][3]

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кашина имало 256 Македонци, патријаршисти.[3][4]

Во почетокот на април 1905 година врховистите, предводени од капетанот Јордан Стојанов, започнуваат поход во Мелничко против Јане Сандански. Во ноќта помеѓу 6 и 7 април, врховистите заминуваат од селото Кашина и се упатуваат кон селото Ковачево, но пред полноќ наидуваат на неочекувана заседа, организирана од Јане Сандански. Во заседата учествувале четите на Сандански, Таската Серски, Атанас Тешовалијата, сѐ на сѐ околу седумдесет комити. Борбата се одликувала со необична жестина и во престрелката загинале седум врховисти, а шест биле ранети. Меѓу загинатите врховисти биле војводите Давитко, Партениев, потпоручникот Јанков и др., а капетанот Јордан Стојанов бил ранет и одвај се спасил, оставајќи околу четириесет врховисти во заробеништво. Другите се предале и биле разоружени.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Кашина е мало село. Според пописот од 2011 година, во селото живееле 10 жители, сите запишани како Бугари.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[6]

View from Kashina.jpg
Поглед на селото

На табелата е прикажан бројот на населението во Кашина за периодот 1965-2011:[7]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 262 324 323 231 100 40 27 21 10

Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2015 година, во Кашина имало 15 жители.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Димитар Кашалијата

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия Пирински край, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 425. ISBN 954-90006-1-3.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.192 – 193.
  5. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  6. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  7. „Справка за населението на с. Стара Кресна, общ. Кресна, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2022-06-25. Посетено на 2018-02-04.

Предлошка:Населени места во Општина Свети Врач