Рила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рила
Рилска Планина
Maliovitsa 54072.jpg
Поглед на врвот Маљовица
Надм. вис. 2.925 м 
Истакнатост 1.487 м
Местоположба
Местоположба во Бугарија
Место  Бугарија
Венец Рило-родопски масив
Координати 42°10′45″ СГШ 23°35′07″ ИГД / 

Рила е наjвисоката планина во Пиринска Македонија и цела Бугарија и на Балканскиот Полуостров. Таа се наоѓа во југозападниот дел на земјата, и во северозападниот крај на Рило-родопскиот планински масив. Највисокиот врв на Рила планина е Мусала, и со своите 2925 м е и највисокиот на Балканскиот полуостров.[1] По сртот на Рила поминува Главниот бугарски слив, кој се совпаѓа со Главниот балкански слив, кој ги дели речните сливови на Црното и Егејското Море. Од планината извираат едни од најголемите и многоводни бугарски реки: Искар, Марица и Места. Просечната надморска височина на Рила е 1487 м, а вкупната површина е 2629 км2. Поголемиот дел од високите врвови (2.500 - 2.700 метри надморска височина) имаат алпски изглед. Типичен пример е Маљовица. Остатокот, особено во Источна Рила, претставуваат планински ливади.

Име[уреди]

Се претпоставува дека името Рила има тракиско потекло. Најпрво планината се викала Донука[2], Дунакс, Доункас[3], а подоцна Роула, преименувано во Рила од Словените во 5 век, што значи „многоводна планина“.[4] На Рила има над 200 езера и бројни минерални извори (Сапарева Бања, Долна Бања, Костенец, Бања и др.).

Географиjа, флора, фауна[уреди]

Огромната купола на Рила се издига над околните планински котлини. Боровечката седловина (1305 м) го поврзува главниот Мусаленски дел со ридовите Шипочан и Шумнатица на Ихтиманска Средна Гора. Седловината Јундола (1375 м) и Аврамова седловина (1295 м) ја поврзуваат Рила со Родопите. Врската со Пирин е седловината Предел (1140 m), а со Верила Клисурската седловина (1025 м). Планината Рила е поделена на четири посебни географски делови:

  • Источна Рила
  • Централна Рила
  • Северозападна Рила
  • Југозападна Рила

Галериjа[уреди]

Панорами[уреди]

Панорама на Седумте езера

Надворешни врски[уреди]