Долен

Координати: 41°37′N 23°55′E / 41.617° СГШ; 23.917° ИГД / 41.617; 23.917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долен
Римски мост кај селото
Римски мост кај селото
Долен is located in Бугарија
Долен
Долен
Местоположба во областа
Долен во рамките на Пиринска Македонија
Долен
Местоположба на Долен во Општина Сатовча и Благоевградската област
Координати: 41°37′N 23°55′E / 41.617° СГШ; 23.917° ИГД / 41.617; 23.917
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСатовча
Површина
 • Вкупна29.294 км2 (11,310 ми2)
Надм. вис.&10000000000000852000000852 м
Население (2015)
 • Вкупно379
 • Густина0,013/км2 (0,034/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2968
Повик. бр.07549

Доленсело во Сатовечко, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Долен се наоѓа на 25 километри североисточно од Хаџидимово и на 8 километри западно од општинскиот центар Сатовча. Селото се наоѓа во планински регион, во Добрашкиот регион, каде е границата помеѓу Пирин и Родопите, на надморска висина од 852 метри, во историко-географската област Чеч. Атарот на селото зафаќа површина од 29.294 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Рана историја[уреди | уреди извор]

Долен е наследник на старите тракиски населби, чии остатоци сè уште можат да се видат денес околу селото. Ридовите се испреплетени со тракиски некрополи. Зачувани се и тракиски лозја, кои биле користени до крајот на преродбата. Селото се наоѓа на антички римско-тракиски пат што ја поврзува Драма со Тримонтиум.

Ова го докажуваат историските остатоци од патот на источниот крај на селото, како и римскиот мост во месноста Банјан. Во 1 век, Римјаните, од воени причини, ја движеле трасата по патот и изградиле нов мост кај селото Крибул, со што се обезбедувало поминување на трупите преку огреани од сонцето патишта, или поточно јужно од Сатовча. Така, селото останало изолирано од главниот пат на трупите и караваните.

Селото е место каде луѓето кои поради различни причини биле прогонувани, пристигнувале во населбата и се криеле. Теренот е ридски, вкрстен со бројни реки, кои се притоки на Бистрица. Денес има модерни патишта, но во далечни времиња сликата била сосема поинаква - имало само стари тракиски патеки и речни бродови. Тракијците имале добро одржуван систем за безбедност на патиштата. Ова е потврдено од страна на најмалку три сектори за контрола, сместени не на римската магистрала, туку по старите тракиски патишта. Кастата која била повикана да ја изврши оваа активност се викала Молтроси. Ова е единствената структура што ја преживеа византиската власт, раниот и доцниот среден век, па дури и отоманското владеење. Причината за ова да се случи и да се дозволи е очигледната потреба за безбедност на патиштата, рано предупредување за непосредна закана и плаќање данок на патиштата.

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото Долен се споменува во отомански документ датиран од 1444 година, кога за првпат бил воведен во катастарот на Отоманското Царство. Забележано е дека 5 немуслимани семејства и 2 вдовици кои плаќаат данок, живееле во Долен[1]. Помеѓу 1464 и 1465 година, во селото биле регистрирани 10 домаќинства на војници, како и 6 семејства на даночни обврзници[2][3]. Во регистарот од 1478 до 1479 година во Долен се наведени 5 немуслимани и едно семејство со вдовица[4]. Селото исто така било запишано во регистарот од 1519 година - во тоа време 4 муслимански семејства, како и 68 немуслимански семејства, 4 неженети и 8 вдовици[5]. Во 1530 година, сликата во Долен изгледала вака: 5 муслимански домаќинства и 5 неженети муслимани, како и 53 немуслимански семејства, 8 неженети и 13 вдовици.[6] Во првата половина на 16 век, селото било вклучено во вакафот на Михрима султан - ќерка на султанот Сулејман, заедно со други села во западниот дел на Родопите, кои подоцна останале претежно христијански.

Мајсторите од село Долен биле познати како најдобри ѕидари. Денес, секоја од куќите во селото (околу 300 на број) има уникатен архитектонски план. Новата црква „Свети Никола“ била изградена во 1834 година[7]. За нејзиното насликување биле поканети сликари од далечни делови на земјата.

Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство. До 1856 година училиштето во селото имало религиозен карактер и се наоѓало во дворот на црквата. Од учебната 18711872 година учителот Никола Попфилипов од Банско го вовел учењето на народен јазик. До 1878 година во селото предавале уште и учителите Георги Велинов и Тома Поповиќ.[8] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долен (Dolen) е село со 149 семејства, со 60 Помаци и 430 Македонци[9][10] Според Стефан Верковиќ во 1889 година во селото имало 104 бугарски и 25 турски куќи[9][11] Во 1899 година селото имало население од 334 жители според резултатите од пописот на населението на царството.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Долен, на СИ од Неврокоп; расстојание 6 часа, патот е стрмен и со камен. Околност планиниста; богато со вековни гори. Селаните се дрводелци и кираџии. Бугарска црква и училиште со 25 ученици. Пред 3 години била основана гркоманска партија од побогатите, кои го признале на владиката. 250 куќи, четвртина Помаци.[9][12]


По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 40 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[13].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[уреди | уреди извор]

Население на Долен по попис
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 1021 1012 958 712 509 474 477 440 370 379
Етнички состав на населението
од 2011 година[14]:
Националност Население Процент
Бугари 71 82,56%
Неопределени 14 16,28%
Вкупно 86
Население по возраст
од 2011 година
[15]:

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Долен

Галерия[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 6. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  2. Бошков, Ванчо (1978). Турски документи за исотијта на македонскиот народ, серия 2, том 4. Скопје: Архива на Македонија. стр. 122. OCLC 165435293.
  3. Бошков, Ванчо (1978). Турски документи за исотијта на македонскиот народ, серия 2, том 4. Скопје: Архива на Македонија. стр. 146–147. OCLC 165435293.
  4. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 34. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  5. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 57. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  6. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 126. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  7. Енциклопедия Пирински край. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 282. ISBN 954-90006-1-3.
  8. Автобиография на Спас Прокопов. „Просветното дело в Неврокоп (Гоце Делчев) и Неврокопско през Възраждането“. София, 1979, стр. 194
  9. 9,0 9,1 9,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (бугарски, француски, англиски, и руски) (II. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 130–131.
  11. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234 – 235.
  12. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 10.
  13. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 843
  14. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  15. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 75.
  17. Обзор на архивните фондове, колекции и единични постъпления съхранявани в Македонски исторически архив: От фонд No. 381 до фонд No. 599 (PDF). София: Народна библиотека „Кирил и Методий“. 1986. стр. 215–216. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-10. Посетено на 2020-02-18.