Капатово

Координати: 41°27′N 23°21′E / 41.450° СГШ; 23.350° ИГД / 41.450; 23.350
Од Википедија — слободната енциклопедија
Капатово
Кметството на село Капатово
Кметството на село Капатово
Капатово is located in Бугарија
Капатово
Капатово
Местоположба во областа
Капатово во рамките на Пиринска Македонија
Капатово
Местоположба на Капатово во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°27′N 23°21′E / 41.450° СГШ; 23.350° ИГД / 41.450; 23.350
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна6.607 км2 (2,551 ми2)
Надм. вис.&10000000000000233000000233 м
Население (2015)
 • Вкупно190
 • Густина0,029/км2 (0,074/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2872
Повик. бр.074201
Црквата „Пресвета Богородица“
Споменик на Крсто Хаџи Иванов
Чешмата со натпис „Да оставиш светла дупка...“

Капатовосело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Петрич, во долината на Санданско-Петричката котлина во југозападниот дел од планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 233 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 6.607 км2. Соседни села се Ново Кономлади и Кромидово. Климата е преодна-средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 550 мм. Реката Мелник тече југоисточно од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Антички и средновековен период[уреди | уреди извор]

Капатово е мало село во подножјето на Пирин. Селото опстојува уште од античкиот период, веројатно како тракиска населба. Ова произлегува од фактот што на неговата територија се наоѓаат неколку тракиски надгробни плочи. Самото име може да биде тракиско - од коренот „скапто“, па оттука и античкото име Скаптопара на денешниот Благоевград. Овие могили, како и подоцнежната римска некропола, повеќепати билае ограбувани од ловците на богатство. Всушност, на овој простор можеби живеело и тракиското племе Меди од кое племе потекнува Спартак. Подоцна Словените и Прабугарите се населиле на подрачјето на селото.

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

За време на османлискиот феудалец Али-паша Јанински, и по ослободувањето на Грција во 1828 година, се случиле големи раселувања во овој регион. Од југ кон север дошле голем број на македонско и влашко население. Потоа пристигнале и првите бранови бегалци од Јанина. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Капатово се состоело од 35 куќи и 120 Македонци[1][2]

Во 1887 година била изградена селската црква „Пресвета Богородица, извор на живот“, денес културен споменик. Во христијанскиот храм денеска се чуваат фрески од 1888 година, кои се дела на зографите Марко и Теофил Минови од селото Караќој, Неврокоп[3][4].

Георги Стрезов во 1891 година за селото: напишал

Капатово, на Ј од Мелник 2 1/2 часа; пат рамен покрај Мелничката река. Земјоделци; обработуваат сите видови на жита. Црква „Св. Богородица“; читаат на грчки. Куќи околу 60, само Бугари; 3 куќи се чифлик од Михо, Мелничанин.[1][5]


Во 1898 година во Капатово се оторило првото основно училиште. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 255 жители, сите Македонци[1][6].Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 288 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото имало едно основно училиште со еден учител и 17 ученици[7].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[8]. За време на војната во октомври 1912 година, селото било ослободено од отоманското владеење. За време на војната во 1913 година, Капатово било запалено од грчката армија[9].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По Првата светска војна во периодот 1918-1925 година во селото се населиле повеќе бегалци и така бројот на жителите на селото започнал да се зголемува. Тука биле населени Македонци од селата Дели Хасан, Серско, Герман и Црвишта, Демирхисарско. Од тој период во Капатово нејзините жители се поделени на стари и нови доселеници.

Сепак, по 9 септември 1944 година, се случила обратна постапка - многу млади емигрирале во странство, како Северна Америка, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд. Други подоцна се преселиле во поголемите бугарски градови и така, особено по 10 ноември 1989 година, селото постепено опаѓало. Покрај сообраќајниот тек оставен без луѓе, оваа некогаш будна и живописна населба со античка историја денеска е застрашена целосно да биде напуштена, како и неколку други соседни села, како Ѕивгелија, Манџово, Дере Мислим.

Население[1][10][уреди | уреди извор]

Население на Капатово по попис[10]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 593 671 629 616 501 381 301 257 215 190
Национален состав на населението
од 2011 година[11]:
Националност Жители Процент
Бугари 197 97,04%
Турци 6 2,96%
Вкупно 203
Население по возраст
од 2011 година
[12]:

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Капатово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
  3. Димитров, Владимир "Неизвестни стенописи на зографите Марко и Теофил Минови в храма на с. Капатово, Мелнишко" – Во: Изкуствоведски четения 2009. С., 2009, 185-192.
  4. Енциклопедия Пирински край. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 419. ISBN 954-90006-1-3.
  5. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 24.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 192-193.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 850
  9. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
  10. 10,0 10,1 „Справка за населението на с. Камена, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  11. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  12. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  13. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том 1, София, 1933, стр. 160.