Влаина
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Влаина | |
| планина | |
| Регион | |
|---|---|
| Највисока точка | Кадиица |
| - височина | 1.932 м |
Влаина (бугарски: Влахина) е средновисока планина во источна Македонија која ја претставува источната рамка на Беровската Котлина и е гранична планина со Бугарија.[1] Највисок врв е Кадиица (1.932 m). Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, палеозојски гнајсеви, гранитоиди и кредни варовници. Поради езерската состојба за време на плиоценот во пониските делови се наоѓаат плиоцени седименти и песокливи глини. Во подножјето се јавува непрекинат појас на наноси, на кои се развиени неколку големи селски населби: Град, Панчарево и Црник. Поради геолошкиот состав и непошуменоста е интензивиран процесот на рецентната ерозија.[2].