Крупник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Крупник е село во Општина Симитли.


Села во Пиринска Македонија,
денешна Република Бугарија
Карта
Име: Крупник
Општина: Општина Симитли
Население: 2 263 (13/09/2005)
Поштенски број: 2740
Повикувачки број: -
Надморска височина: 371м
Географска широчина: 41° 51'
Географска должина: 23° 7'
Веб страница: Нема


Географиja и местоположба[уреди]

Се наоѓа 7 километри југозападно од градот Симитли.

Историja[уреди]

Остатоци од античко време има на неколку места околу селото. Во местото Свети Георги (северозападно од селото) има доцноантичка гробница од 4в. Таа има едно централнa и 5 странични соби. Изградена е од тули,а покриена со свод. Во местото Градиште имало доцноантичка и средновековна тврдина - се гледаат остатоци од ѕид и кула. Во 15 век Крупник бил епископско седиште. 1577 митрополитот Јоасаф подарил на Рилскиот манастир познатото Крупнишко евангелие. Крај селото се и остатоците од средновековната епископска црква Света Троица од 16в., која е урната од турците во 17в. По балканските војни доаѓаат бегалци од Егејска и Вардарска Македонија. На 24 август 1925 ВМРО организира колеж на комунисти и дејци на БЗНС во местото Орловец. Убиени се Стојан Газерски, Ангел Кипров, Партени Партениев, Симеон Попов, Костадин Трендафилов, Трошан Трошанов, Краљо Цветков, Јосиф Чакалски и Петар Чакалски. На 21 јули 1928 година тука е одржан Седмиот конгрес на ВМРО.

Економија[уреди]

Главно се одгледува тутун, лозја, овошјe; овци.

Демографија[уреди]

Масовно населување на луѓе има во годините 1960-1979 од селата Тросково, Брестово и Сенокос, а во периодот 1975-1980 и од село Кадијца (денес Сушица)

Година Популација
1920 948
1926 1235
1934 1448
1946 1860
1956 1803
1965 2030
1975 2213
1985 2448
1992 2456
2005 2263


Општествени институции[уреди]

Функционира основно училиште „Св.Кирил и Методи“.

Администрација и политика[уреди]

Во селото постои група на ОМО Илинден. 2005 година тие побараа предавање на македонски јазик по медиумите, што беше одбиено. [1] [2] [3]

Културни и природни знаменитости[уреди]

Редовни настани[уреди]

Годишен црковен собор на Арахангеловден во чест на патрона на селското храм "Свети Арахангел Михаил". Исто така секоја последна сабота на месец август се одржува младински собор (секоја година се кани позната пејачот).

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

Иселеништво[уреди]

Надворешни врски[уреди]