Беласица

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Беласица
Μπέλες
планина
Поглед кон врв Радомир (Калабак)
Регион Балкан
Се граничи со Македонија МакедонијаЗнаме на Бугарија БугаријаЗнаме на Грција Грција
Највисока точка Радомир
 - височина 2.029 m (6.657 ft)
Сатилитска слика на Беласица

За други значења видете Беласица (појаснување)

Беласица е планина во југо-источниот дел од Македонија во близина на Струмица. Има напореднички правец на протегање исток - запад и должина од над 70 км2. Спаѓа во групата најстари планини не само во РМ, туку и на Балканскиот полуостров. Настанала за време на создавањето на Родопските Планини. Подоцна е разорена а повторно е издигната за време на најмладото алпско набирање. Според морфолошката структура планината е изразит хорст со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната страна.[1]

Од соседните планини Беласица е одделена со долините на реката Вардар на запад. Струма на исток, Струмичка котлина на север и Дојранската и Серската котлина на југ. Според висичината спаѓа во групата високи планини. Наjвисок врв е Радомир (Калабак) - 2029 м. На врв Тумба се наоѓа тромеѓата меѓу Македонија, Бугарија и Грција. Тука е поставен граничен камен во вид на пирамида, што ја означува тромеѓата помеѓу овие три држави. Беласица е богата со шуми и на неа се среќаваат дабот, буката, борот, елата, јасенот и др.[2]

Но таа е уште побогата со планински пасишта на кои во летниот период доаѓааат бројни стада на пасење. Само највисоките врвови на Беласица се голи и каменити. Во подножјето на Беласица извираат многубројни термални и минерални извори. Меѓу нив најпознат е изворот во с. Банско. Водата од овој извор е лековита, минерална и сулфурна со температура од 75 С. Според температурата на водата овој извор е најтоплиот во РМ. Денес изворот е уреден и спаѓа меѓу најпознатите лекувалишта - бањи во нашата земја. Беласица е богата со рудни богатства но сѐ уште ништо не се експлоатира.

На падините на Беласица се наоѓа еден од најубавите водопади во Македонија - Смоларскиот водопад.

Од 2001 година секоја година во месец август се организира меѓународен планинарски поход за искачување на врв Тумба (Тромеѓа) под наслов "Балкан без граници".

[уреди] Наводи

  1. А. Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2003
  2. Д. Манаковиќ, Т. Андоновски, Релјефни карактеристики на Источна Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979

[уреди] Надворешни врски

Strumica grb.png

Струмица

Историја

Астраион ·Тивериопол ·Уструмиџе

Географија
Планини
Беласица ·Огражден ·Еленица
Вештачки езера
Водоча  · ·Турија
Струмички села
Образование
Училишта
Јане Сандански
Никола Карев
Димитар Влахов
Настани
Манифестации
Карневал
АСТЕРФЕСТ
Камерен театар
Знаменитости
Храмови
Свети Петнаесет
тивериополски маченици

Свети Кирил и Методи
Вељушки манастир
Водочки манастир
Споменици
Цареви Кули
Струмин гроб
Споменик на Револуцијата
Споменик Македонија
Други
Собрание
Плоштад
Глобал
Спорт
Личности
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици