Гал’мбица

Координати: 40°27′22″N 20°57′22″E / 40.4562° СГШ; 20.9560° ИГД / 40.4562; 20.9560
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гал’мбица
Αλεβίτσα
Двете маала на Нестрам. Над горното е врвот Брателец
Највисока точка
Надм. вис.1.589 м
Координати40°27′22″N 20°57′22″E / 40.4562° СГШ; 20.9560° ИГД / 40.4562; 20.9560
Географија
Гал’мбица на карта

Карта

МестоКостурско, Егејска Македонија
Карта

Гал’мбица[1][2] (Гулабица на костурскиот дијалект) или Алевица[3] (грчки: Αλεβίτσα) — планина во Костурско, Егејска Македонија, крај границата со Албанија.[3]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Планината е сместена во општината Нестрам, во западниот дел на Костурско, на самата граница со Албанија (гранични пирамиди бр. 36-66). Има издолжен облик во правец североисток - југозапад и сочинува дел од венецот Северен Пинд. Се протега меѓу реките Бистрица (овде наречена Белица) на југ и исток и Девол во Албанија на запад, кои соодветно извираат од планините Грамошта (Грамос) и Морава. На југ одвоена од Грамошта и Горуша (Војо) со реката Белица, додека пак на север е одделена од планината Флацата со Четирска Река. Групата, која нема свое име на грчки, се означува со името на највисокиот врв.[3]

На картата на австроунгарскиот генералштаб, делот од планината над Пилкати е означен како Шестар (Šeštar), тој источно над Јановени како Галовица (Galovica), тој источно над Омотско како Воле (Vole), а тој северно над Нестрам како Орошец (Orošec). На неговата карта на Костурско, Георги Христов на нарекува целата планина Гал’мбица (Гълъмбица по бугарски правопис).[4]

Опис[уреди | уреди извор]

Планината е составена од конгломератни карпи и песочници. Највисок врв Алевица (1.589 м) е во северозападниот дел на планината, североисточно над Јановени и јужно над Калевишта. Во грчката топонимија, целата планинаа е наречена по овој врв.[3]

Револуционерот Георги Христов напишал за Гал’мбица:

Гал’мбица не помалку од јужната сосетка воодушевува и замајува со своите волшебни убавини. Нејзините вркстени и преплетени, поради посложената структура, многубројни топографски облици, вистински стихијни слики, со своето маѓосувачко влијание, заповеднички обземаат и пленат.[5]

На северозападниот крај Гал’мбица е сврзана со Морава Планина. Тука ја облазува вододелницата меѓу водите на реките Девол и Белица, која од југ и запад ја двои последователно од подножјето на врвот Грамошта [Грамос], од североисточно разгранок на Денска ПЛанина и северното чело на Горуша. На исток од с. Калевишта Гал’мбица се разгранува на североисток и југоисток... По билото на првиот огранок врви сегашната етничка и административна граница на Костурско... Другиот поголемиот... завршува на југ со врвот Воле, кој се издига величествено над р. Белица и навалувајќи се до нејзиното корито со своите карпи и стрмни ’ртови, кои стрчат над огромна провалија.[5]

Флората и фауната на Гал’мбица не се разликуваат многу од онаа на Одре и Горуша. Пространи стројни борови, букови и грмушести шуми растат по најголемиот на површината на планината и нејзината пазува. Костенови шуми никаде нема. Југоисточните разграноци се слабо пошумени. Во доловите и долините по пазувите се покриени само со грмушки. Овде наоѓаат прибежиште речиси сите диви животни: мечката, волкот, дивата свиња, зајакот, лисицата, дивата коза, фазанот, дивиот петел, шумската еребица, препелицата, гулабот и др. диви птици.[6]

Врвови[уреди | уреди извор]

Ова е список на врвовите на Гал’мбица со нивните грчки и албански имиња, нивната висина и местоположба. Дадени се по висински редослед:

Име Грчки/Албански Висина (м)[3] Местоположба Земја
Алевица Αλεβίτσα 1.580 на главното било, во северозападниот на планината, североисточно над Јановени и јужно над Калевишта Грција
Мала Алевица Μικρή Αλεβίτσα 1.580 на главното било, југоисточно од Алевица Грција
Амуда Αμμούδα 1.546 на средишното било, во средишниот дел на планината Грција
Извор Izvorit 1.495 граничен врв, пирамида бр. 65, северозападно над Слимница и јужно од Арза Грција Албанија
Манастир Μπρέγκου Μαναστήριτ, Bregu i Manastirit 1.495 граничен врв, пирамида бр. 66,[7] северозападно над Слимница и јужно од Арза Грција Албанија
Елинца Ελίντσα, Ελάφι 1.469 на средишното било, во југоисточниот дел на планината, источно од Воле Грција
Куѓовица Κουγιοβίτσα, Κρούκιτ 1.461 граничен врв, пирамида бр. 63,[7] северно над Слимница Грција Албанија
Буфи Μπούφι 1.433 на средишното било, во југоисточниот дел на планината, североисточно над Дреново Грција
Гинкова Χελώνα, Γκίνκοβα 1.424 граничен врв, пирамида бр. 55,[7] северно над Јановени и јужно над Видово Грција Албанија
Трија Авга Τρία Αυγά 1.400 на средишното било, во средишниот дел на планината, југоисточно од Мала Алевица и северозападно од Амуда Грција
Конопице Κονοπίτσε, Κονοπίτσες 1.380 - 1.337 во западниот дел на планината, североисточно над Слимница Грција
Воле Βόλια, Βάλια 1.367 на средишното било, во средишниот дел на планината, западно од врвот Елинца Грција
Бидо Bido 1.365 граничен врв, пирамида бр. 59, северно над Пилкати Грција Албанија
Хриси Петра Χρυσή Πέτρα 1.360 граничен врв, пирамида бр. 61,[7] северно над Пилкати Грција Албанија
Николер Νικολέρι, Νικολέρ 1.349 во северниот дел на планината, југоисточно над Зеленград Грција
Караули Καραούλι, Παρατηρητήριο 1.336 на средишното било, во југоисточниот дел на планината, североисточно над Дреново Грција
Камата Καμάτα 1.332 - 1.200 во југоисточниот дел на планината, северно над Дреново Грција
Петре Пелени Πέτρινο, Πετρέ Πελένι 1.323 на средишното било, во средишниот дел на планината, западно над Стенско, југоисточно од Амуда и североисточно од Елинца Грција
Ѓаполи 1.308 јужно од Видово Албанија
Стеничка Βράχος, Τσαμ Αστένα, Στενίτσκα 1.305 североисточно над Омотско Грција
Ипсома Таксиархијас Ύψωμα Ταξιαρχίας 1.283 граничен врв, пирамида бр. 50[7] Грција Албанија
Камено Καμμένα 1.263 во средишниот дел на планината, североисточно од Амуда Грција
Пиу Πίου 1.228 во западниот дел на планината, источно од Слимница и западно од Пилкати Грција
Вризариес Βρυζαριές 1.214 граничен врв, пирамида бр. 48[7] Грција Албанија
Кастро Κάστρο 1.214 во северниот дел на планината, јужно над Зеленград Грција
Чарши Τσαρσί, Καλλιθέα 1.200
Аетофолија Αετοφωλιά 1.195 во северниот дел на планината, западно над Зеленград Грција
Волче Λυκορράχη, Βόλτσε 1.180 западно над Горни Нестрам Грција
Платија Корифи Πλατειά Κορυφή 1.137 во северните делови на планината, југоисточно над Грлени Грција
Чума Τσούμα 1.125
Брателец Μπράτελετς, Δίδυμο 1.120 северно над Горни Нестрам Грција
Трилофос Τρίλοφος 1.118 во северните делови на планината североисточно од Грлени и јужно од Трстика Грција
Ревани Ρεβένι, Οχυρό 1.116 во северните делови на планината, југоисточно над Ревани Грција
Дио Лофи Δύο Λόφοι 1.114 во северните делови на планината, југозападно над Ревани Грција
Построва Ποστρόβα 1.113 граничен врв, пирамида бр. 44[7] Грција Албанија
Чука Νταλίπες 1.112 граничен врв, пирамида бр. 43,[7] северозападно од Шак и југоисточно од Пончара Грција Албанија
Поповар Πόποβαρ, Πόποβαρ, Μανούση 1.111 во северните делови на планината, западно од Горно Папратско Грција
Лаксенти Λαξεντή, Λαξένη 1.108 Грција
Орешче Oρέσκα, Ορέτσικο 1.102 на средишното било, во југоисточниот дел на планината, југозападно над Долни Нестрам, над некогашното село Орешец (Орешче) Грција
Ондрија Τριγωνομετρικό, Όντρια 1.101 северно од Стенско и Стенска Река, која го двои од Брателец Грција
Плајес Πλαγιές 1.043 во северните делови на планината, северозападно над Грлени Грција
Свети Илија Προφήτης Ηλίας 1.040 во северните делови на планината, западно од Долно Папратско Грција
Кростава Κροστάβα, Guri Mushk 1.037 граничен врв, пирамида бр. 39[7] Грција Албанија
Град Κάστρο 1.017 источно над Долни Нестрам Грција
Кокини Рахи Κόκκινη Ράχη 1.017 во северните делови на планината, северно над Ревани Грција
Света Петка Αγία Παρασκευή 1.015
Перифано Περήφανο 972
Цуцулија Τσουτσούλια 918 во северните делови на планината, југоисточно од Горно Папратско и југозападно од Дреничево Грција
Еленица Ελενίτσα 892 во северните делови на планината, северно од Долно Папратско и западно од Чрчишта Грција
Кури Δρυόβουνο, Κουρί 846 во северните делови на планината, северно над Дреничево и јужно над Чрчишта Грција
Дјегур Djegur граничен врв, пирамида бр. 62, северно над Слимница Грција Албанија
Кондра Полинга Κόντρα Πολίγκα, Κόντρα граничен врв, пирамида бр. 60, северно над Пилкати Грција Албанија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 9. ISBN 954-90993-1-8.
  2. Силянов, Христо (1984). Писма и изповеди на един четник. Спомени от Странджа. От Витоша до Грамос. София: Български писател. стр. 580.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 364. ISBN 978-960-86676-6-2.
  4. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 193. ISBN 954-90993-1-8.
  5. 5,0 5,1 Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 17. ISBN 954-90993-1-8.
  6. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 18. ISBN 954-90993-1-8.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 7,7 7,8 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 3. Ορεινά τοπωνύμια. Βουνά - Κορυφές - Οικισμοί - Καταφύγια - Χιονοδρομικά κέντρα. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 99. ISBN 978-960-86676-7-9.