Девол (река)

Координати: 40°48′46″N 19°51′31″E / 40.81278° СГШ; 19.85861° ИГД / 40.81278; 19.85861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Девол
Местоположба
Физички особености
УстиеСеман
40°48′46″N 19°51′31″E / 40.81278° СГШ; 19.85861° ИГД / 40.81278; 19.85861
Должина196 километри
Особености на сливот

Девол (грчки: Devolli) — река во Албанија.

Реката Девол извира од источните делови на планината Грамошта, каде што се наоѓа границата со Грција. Тече во северна насока кон истоимената област Девол и крај главниот центар Билишта. По Билишта реката оди кон запад и пред клисурата меѓу Сува Гора од север и Морава на југ излегува на Горичкото Поле (Корчанско Поле), каде што до Втората светска војна било некогашното Маличко Езеро кое е денес е пресушено. По Горичкото Поле, од кое ги прима водите на левата притока Дунавица, Девол навлегува во стрмен планински регион и се влева од изворите од Грамошта каде ја образува реката Семан. Најголемата притока на Девол е Томорица која извира под истоимената планина Томорица (Томор).

Должината на реката е 196 км, а целиот слив опфаќа 3.130 км2.