Ниџе
| Ниџе | |
Планината Ниџе |
|
| Надм. вис. | м |
|---|---|
| Истакнатост | м |
| Местоположба | |
| Место | Македонија |
Ниџе е типична јужна планина во Македонија, преку која води границата со Грција. Највисок врв е Кајмакчалан, висок 2521 метри[1]. Според настанувањето и геолошкиот состав, таа е слична со Јакупица, Баба итн., односно настанала со раседнување во текот на терциерот. Составена е од палеозојски шкрилци, а во повисоките делови има мезозојски варовници. Планината Ниџе е значајна по богатството со шума, планински пасишта, разновидна фауна. Изобилува со специфични фаунистички типови, кои се сретнуваат од Средоземјето до Северна Европа, а тука се распоредени на мал простор и тоа висински, од подножјето до врвот. Ниџе е расположена на Македонско-Грчката граница источно од Пелагониската котлина и е петта по височина од планините РМ. На запад Ниџе се граничи со големата пелагониска котлина.Северозападната граница е Скочивирската клисура-Црна река после нејзиниот голем свиок јужно од Селечка Планина до сливот на реката Сатока.Од Сливот границата завртува десно на повеќе од 90 степени и се упатува во Југоисточна насока до сливот во Градиштанска река.Спротиводно од неа достигнува до изворите,одделувајќи го Ниџе од Козјак планина на северо-исток.
[уреди] Врвој
- Кајмакчалан - 2521 м
- Старков гроб - 1876 м
[уреди] Наводи
- ↑ Geografsko društvo na SR Makedonija (1989). „Geografski razgledi“ (27-30 издание). Skopje: Društvo.