Северна Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Државите во Северна Европа.

Северна Европа е северниот дел на континентот Европа. Овој регион се дефинирал различно во различни времиња, но денес се смета дека во него спаѓаат:

Пред XIX век, изразот „Нордиски“ или „Северни“ бил често употребуван за Северна Европа во која се сметало дека спаѓат нордиските земји, европска Русија, балтичките земји (во тоа време Ливонија и Курланд) и Гренланд.

Во времето на доминантноста на Медитеранот во Европа (како Римското Царство), сето она кое не било околу морето се сметало за Северна Европа, и тоа: Германија, Ниските Земји и Австрија. Оваа поделба се користи и денес во извесни случаи, како да речеме при изучување на т.н. „Северна ренесанса“. Во средниот век се користел изразот (Ултима) Туле за полумитско место на далекиот север на континентот.

Во контест на Европската Унија северноевропски земји се Данска, Шведска, Финска, Германија, Белгија и Холандија.

Географска положба[уреди | уреди извор]

Северна Европа главно ги зафаќа териториите на Скандинавскиот Полуостров. Затоа често се именуваи како Скандинавија. Ги Зафаќа најсеверните делови на Европа (најсеверната точка Нордкап во Норвешка). Според терминот норден за север, државите во Северна Европа се нарекуваат нордиски држави. Тоа особено се однесува на Норвешка и на Шведска, меѓутоа, поради општествените и културните сличности во оваа група се вбројуваат и Финска, како и Данска и Исланд, кои се одвоени од Полуостровот. Поради излезот на Атлантскиот Океан и длабоко навлезеното Балтичко Море, Северна Европа се одликува со мошне поволна географска положба: има многубројни комуникации со државите од Западна, Средна и Источна Европа, како и Северна Америка и кон Арктикот. Нејзината положба е специфична од повеќе аспекти. Во Северна Европа владее значително поладна клима во споредба со другите делови од Европа. Поради подолготрајните влијанија на глацијацијата релјефот е поспецифично обликуван со разни леднички типови релјеф. Особено важни за географкста положба се потоците Ересунд, Голем и Мал Белт, Скагерак и Категат, преку кои од Атлантикот се навлегува во Балтичкото Море. преку него и преку пловните реки во Средна и Источна Европа Скандинавија се поврзува со Внатрешноста на континентот.

Поделба според ООН[уреди | уреди извор]

Одделението за статистика при ООН ја дефинира Северна Европа како:

Државите во северна Европа според ООН.

Држави во северна Европа[уреди | уреди извор]

Држава Главен град Површина км2 Население (ООН, 2009)
 Норвешка Осло 323 878 4 821 137
 Шведска Стокхлом 449 964 9 276 509
 Финска Хелсинки 338 145 5 336 458
 Данска Копенхаген 43 094 5 515 287
 Исланд Рајкјевик 102 819 319 326

Државно уредување на земјите[уреди | уреди извор]

Кралство Данска е уставна монархија на чело со кралица. Законодавната власт ја имаат кралицата и парламентот. Во рамките на Данска влегуваат и Фарските Острови со својата внатрешна автономија.

Кралство Шведска е уставна монархија на чело со крал. Законодавната власт ја има парламентот.

Кралство Норвешка е уставна монархија на чело со крал. Во рамките на Кралството Норвешка влегува Свалбард, кој го сочинуваат Шпицбергенските острови и Кечкиниот остров и островот Јан Маен како посебна територија.

Република Исланд е парламентарна република на чело со претседател. Законодавната власт е на претседателот и парламентот.

Република Финска е парламентарна република на чело со претседател. Законодавната власт е на претседателот и парламентот. Во рамките на Финска се наоѓаат и Оландските Острови во Балтичко Море.

Релјеф[уреди | уреди извор]

Според одликите на релјефот, Северна Европа е мошне разновидна. На една страна се издвојува територијата на Данска, на полуостровот Јиланд и поголем број острови кои се рамничарски, со надморска височина под 200м. На Скандинавскиот Полуостров од Атлантикот се издигаат Скандинавските планини, чии сртови се протегаат по должината на Полуостровот. Тие во Шведкса се спуштаат кон Балтичкото Море, поточно кон Ботанскиот Залив. Релјефот во Финска е претежно рамничарски, испресечен со десетици илјади езера по кои се одвива голем сообраќај. Поради глацијацијата, Скандинавските Планини спрема Атлантикот се одликуваат со карактеристични леднички форми познати како фјордови. Тие настанале кога крајврежните долини биле исполнети со ледници кои со својот притисо ги продлабочиле и прошириле долините, а потоа со топењето на ледниците ваквите долини останале исполнети со вода, така што денес во вид на издолжени заливи навлегуваат длабоко во копното. Тие се пристуни по целиот норвешки брег и служат како важни пловни патишта за просториите во внатрешноста на земјата. Притоа се формирани многубројни леднички морени и леднички езера. За разлика од стабилното скандинавско копно, на Исланд е присутно немирно земјиште со чести земјотреси и вулкански активности кои во секој момент претставуваат закана за населението. Дел од вулканите се под ледници, така што со нивното активирање се врши нагло топење на мразот и се предизвикуваат поплави. На Исланд се присутни голем број гејзери со термоминерални води кои населението ги користи за разни потреби и за затоплување.

Клима[уреди | уреди извор]

Продирањето на топлата Голфска струја од југ покрај бреговите на Западна Европа и западните делови на Данска и на Норвешка е главната причина за благопријатна клима н западниот брег на Скандинавија. Поради тоа, и покрај големите географски широчини и најсеверните територии на полуостровот спрема Атлантикот не замрзнуваат. Сосема спротивни се климатските прилики во внатрешноста, поточно на териториите на Шведска, Финска и Ботнискиот Залив. На овие простори температурите се значително пониски, така што северните делови на Ботнискиот Залив се замрзнати и по неколку месеци. Соодветно на температурните услови се јавуваат разлики во количествата врнежи и кои во западните делови имаат поголеми количества, а во внатрешноста на полуостровот тие се помали. Наведените климатски услови во Норвешка овозможиле мошне поволни елементи за развој на енергетиката, на поморството, на рибарството и слично. Од друга страна, неколкумесечносто замрзнување на Ботонискиот и Финскиот Залив влијаат ограничувачки во функционирањето на водниот сообраќај. Во целина, поради големите географски широчини, релјефните услови, климата и морската одвоеност од Полуостровот придонеле за нешто поретка населеност на Скандинавија.

Население[уреди | уреди извор]

Поголемата географска широчина, релативно посуровите (поладни) климатски услови, големата пошуменост и слично се главен фактор за слабата населеност на територијата на Северна Европа. Како што може да се види од податоците за површината и за населението во држави од Северна Европа, се констатира дека густината на населеност во просек изнесува околу 20 жители на км2. Релативно малата густина на населеност е со различна концентрација. Населението е најзастапено во појужните области. Како се оди кон себер и кон поголемите надморски височини на Скандинавските Планини така густината на населеност се намалува. Исклучок претставува населението покрај атлантскиот брег на Норвешка, каде што поради поблагопријатните климатски услови од Атлантикот тоа ги населува и најсеверните територии на Норвешка. Во секој случај, најнаселени се приморските области и покрај бреговите на Атлантскиот Океан и покрај бреговите на Балтичкото Море. Таму се развиени најголемите градови, како што се: Тронхејм и Осло во Норвешка, Копенхаген и Остенде во Данска, Стокхолм, Гетеборг и Малме во Шведкса, Хелсинки и Турку во Финска, и Рејкјавик на Исланд.

Јазици[уреди | уреди извор]

Јазиците што се зборуваат во Северна Европа спаѓаат во германската јазична група и во унгаро-финското јазично семејство. Германската група јазици е застапена во Норвешка, Данска, во поголемиот дел на Шведска и на Исланд. Норвешкиот, Шведскиот и Данскиот јазик имаат големи меѓусебни сличности. Исландскиот јазик е нешто поразличен. Фиснкиот јазик е застапен во Финска и во помали делови на Северна Шведкса.

Религија[уреди | уреди извор]

Според религиската припадност, населението на Северна Европа е, главно, христијанско со протестанска вероисповед. Тоа е одлика за сите држави од Северна Европа.

Култура[уреди | уреди извор]

Високо развиеното стопанство, добрата организираност и општественото уредување во државите на Северна Европа овозможиле високо образовано и културно ниво на населението. Во овие земји одамна не постои неписмено население. Начинот на живеење на народиските народи се одликува со посевна култура и традиции приспособени на условите за живеење. Како посебни се издвојуваат жителите на областа Лапонија во најсеверните делови на Скандинавија, а кои имаат номадски начин на живеење и се одликуваат со посебен говорен јазик - лапонски кој спаѓа во унгаро-финското јазично семејство. Атрополошки, населението во државите од Северна Европа е претежно со бел тен и светлоруса коса.

Индустрија[уреди | уреди извор]

Индустријата, во недостиг на рудни богатства, сè повеќе се потпира на увозни суровини. Најразвиени се машинската и автомобилската индустрија во Шведска, каде што се прозиведуваат автомобилите „волво“, потоа бродоградбата во Норвешка, дрната индустрија и индустријата за целулоза и хартија во Финска и во Шведска, прехранбената индустрија во Данска и риболовот и преработката на риби во Исланд, Норвешка и Данска. Големите површини под шуми на Скандинавскиот Полуостров, како што се две третини од територијата на Шведска и три четвртини од територијата на Финска, се основа за високоразвиена дрвна индустрија. Преработките на дрво во разни финални прозиводи и хартија се извезуваат во целиот све. Притоа, се обрнува големо внимание на зачувувањето и обновувањето на шумскиот фонд.

Прехранбената индустрија е особено развиена во Данска. Таа се заснова на мошне проодните рамничарски релјефни типови и доволно влажната и благопријатна клима, кои овозможуваат високотазвиено земјоделско стопанство. Најпознати производи се: разните житни култури, фуражните култури, свинското месо, млечните производи, јајцаа и друго. Данското земјдолеско и сточарско прозиводство е најроганизираното и најпродуктивното во светот. Во него се користат најновите научни достинувања и најсовремените ѓубрива.

Енергетиката во земјите до Северна Европа е мошне силно развиена. Во Данска многу се користи енергијата на ветерот, така што се изградени голем број ветерници, а на Исланд се користи хидротермалната енергија. Посебно значајна во енергетското прозиводство е Норвешка, која по Велика Британија има најмногу нафтени платформи во Северното Море, а дел од подмроските нафтени резерви што се наоѓаат покрајнејзиниот брег сè уште не ги експлоатира. Полноводните реки, кои со голем пад се спуштаат од Скандинавските Планини, се голем хдрипотенцијал што Норвешка го користи со големиот број хидроелектрични централи. ГОлемото морско колебање(прилив/одлив) е искористено за изградба на моќни хидроцентрали. Според тоа, Норвешка е голем прозиводител и извозник на нафта и на електроенергија.

Карти на северна Европа[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]