Молика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Молика
Молика на планината Рила
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Ред: Боровидни
Фамилија: Борови
Род: Бор
Вид: Молика
Биномен назив
Pinus peuce
Griseb.
Распространетост на моликата

Молика или македонски бор (науч. Pinus peuce)[2] — вид борово дрво што вирее по планините во Македонија. Може да се најде и во делови на Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора[3] и во мали предели во Егејска Македонија[4], обично на (600-) 1.000-2.200 м надморска височина. Честопати ја достигнува алпската шумска граница во оваа област. Растат 35-40 м во височина, со пречник на трупот од 1,5 м.

Моликова шума во Маљовица, Рила

Меѓу боровите се класификува како „бел бор“, и како и сите борови, листовите (игличките) стојат во фасцикли (снопови) од пет, со менлива обвивка. Долги се од 6 до 11 см. Шишарките на моликата во должина се од 8 до 16 см, а понекогаш достигнуваат и до 20 см. Семињата се долги 6-7 мм со крилца од 2 см кои можат летаат со ветрот, но нив најчесто ги разнесува птицата лешникарка.

Како и други европски и азиски бели борови, моликата е мошне отпорна на габично заболување. Заболувањео било случајно пренесено во Северна Америка, каде направило пустош по автохтоните северноамерикански бели борови (на пр. Вејмутов бор, шеќерен бор, белокорест бор) во многу региони. Моликата е од големо значење во истражувањата за вкрстување и генетска модификација за создавање на отпорност од габи кај овие дрва.

Моликата е популарно украсно дрво по паркови и големи градини, давајќи постојан и бавен раст на најразлични терени. Многу е отпорна на големи студови, најмалку до -45°C, како и на ветер.

Пелистер[уреди]

Моликова шума, Пелистер

Моликата е симбол на националниот парк Пелистер на планината Баба кај Битола, Република Македонија. Таму моликовите шуми се издвоени во две заедници: моликови шуми со папрат (Pteridio pinetum peucis) и моликови шуми со боровинка (Murtila Pinetum peuces).

На 2 јули, 1839 година, познатиот ботаничар Август Гризебах, на падините на Пелистер ја открил моликата, ја класифицирал како специфичен растителен вид, карактеристичен за Балканот, најкомпактно застапен на Пелистер.[5]

Во Бугарија може да се најде во шумите на Рила, Пирин, Западни Родопи, Средна Стара планина, Славјанка и Витоша, при надморска височина од 1.400 до 2.100 метри. Во Пирин Молика зазема 23.4% од зашумена површина на паркот.[6]

Наводи[уреди]

  1. Conifer Specialist Group (1998). Pinus peuce. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 11 мај 2006 (англиски)
  2. Michael Dirr - Dirr's Hardy trees and shrubs: an illustrated encyclopedia, , Timber Press, 1997, ISBN 978-0-88192-404-6, стр. 282
  3. Folke Andersson - Ecosystems of the world, book 6 - Coniferous forests, Elsevier, 2005, ISBN 978-0-444-81627-6, стр. 138
  4. 1997 IUCN red list of threatened plants, World Conservation Monitoring Centre, IUCN, 1998, ISBN 978-2-8317-0328-2, стр. 26 (цитат: Albania, Bulgaria (west), Greece (extreme north), (former) Yugoslavia (south))
  5. ОДБЕЛЕЖАНИ 170 ГОДИНИ ОД ОТКРИВАЊЕТО НА МОЛИКАТА
  6. Списание „Орбел“, бр. 1, 2009 г. - „Балканските ендемити Бяла и Черна мура“, изд. на Национален парк Пирин

Надворешни врски[уреди]