Боровидни
| Боровидни | |
|---|---|
| Cupressus sempervirens, листови и шишарки. | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Иглолисни |
| Класа: | Четинари |
| Ред: | Боровидни |
| Фамилии | |
|
Pinaceae, фамилија на бор (220-250) |
|
Боровидните (науч. Pinales или Coniferales) се ред на растенија од класата Четинари која ги содржи современите претставници кедар, бор, ела, смрча, ариш, секвоја, чемпрес, смрека и други. Меѓутоа, познати се и неколку фосилни иглолисни растенија кои не припаѓаат во овој ред.
Посебна одлика на овие растенија е репродуктивната структура позната како шишарка.
Порано тисата била сместувана во свој посебен ред (Taxales), но скорешните генетски истражувања покажаа дека таа е монофилетска со другите иглолисни растенија, па затоа денес систематската положба и е во овој ред.