Смрча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Смрча
Обична смрча
(Picea abies)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Фамилија: Борови
Потфамилија: Смрчи
Frankis
Род: Смрча
Mill.
Видови

~35, во текстот

Смрчата (науч. Picea) — род на иглолисни зимзелени дрва со околу 35 вида. Припаѓа на фамилијата борови (Pinaceae) found in the northern умерениот појас и подрачјата со тајга ширум светот. Ова се големи дрва, со висина од 20–60 м и се одликуваат конусниот облик на крошната. Игличките се прцицврстени во снопчиња и се четирирабни и прицврестени во скопчиња. Паѓаат кога дрвото ќе наполни 4–10 години.

Игличките ги јадат ларвите на неколку вида на пеперутки.

Смрчата во Македонија[уреди]

Во Македонија растат неколку вида на смрча, од кои како автохтона се јавува само обичната смрча (P. abies).[1] Бодликавата смрча (P. pungens) расте како доведен вид со стопанска намена.[2] Покрај нив, присутна е и омориката (P. omorika), која служи како парковско дрво, но и во шумите.

Низ Македонија минува самата јужна граница на ареалот на смрчата. Природни шуми од обична смрча има во сливовите на реките Пена и Радика, како и во мало изолирано подрачје во месноста Мурите во Беровско.[1]

Видови[уреди]

Во светот постојат 35 видови на смрча.

Тукушто никната сива смрча (P. glauca)
Неузреани шишарки на црна смрча (P. mariana)
Шишарки и листови на бодликава смрча (P. pungens)
  • клад I
  • клад II
  • клад III
  • клад IV
  • клад V


Употреба[уреди]

Дрво и преработки[уреди]

Талпа од обична смрча

Смрчата наоѓа примена како добро дрво за столарија и во градежништвото, и особено погодно за изработката на трупови на дрвени воздухоплови. Од ова дрво се прават многу жичени инструменти како што се гитарата, мандолината, виолончелото, виолината, резонантната кутија во средината на пијаното и харфата. Првото летало на Браќата Рајт, наречено Flyer („Летач“) било изработено од смрча.[3]

Бидејќи смреката не е отпорна на гниење и штетници откако ќе се исече и трае само 12-18 месеци ако е изложено надвор. Затоа, нејзиниот дрвен маетријал се препорачува да се користи само за внатрешно уредување.

Смрчата е од големо знчење за добивање на дрвена каша за изработка на хартија. Долгите конци на дрвото даваат цврст производ кој воедно лесно се бели.

Храна и напитоци[уреди]

Младите изданоци на смрчите и боровите се богати со витамин Ц.[4] Познато е дека капетанот Џејмс Кук правел алкохолен напиток од смрчини гранчиња што го пиела посадата за да се заштити од скорбут.[5][6] Ваквиот напиток постои и денес во северна Европа и Канада.

Други примени[уреди]

Од смолата на смрчата се правел катран пред да се појават денешните катрани од нафтени деривати.

Северномериканските староседелци ги користат тенките корења за плетење на кошници и зашивање на брезова кора при изработката на чунови.

Смрчата ужива популарност како украсно дрво во хортикултурата поради нејзината симетричност, и имаат често присуство во домовите како новогодишни елки (особено обичната смрча и омориката).

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Смрча“. Македонска енциклопедија. (2005). Скопје: МАНУ.
  2. „Алохтони (егзотични) видови на дрјва и грмушки“. Македонска енциклопедија. (2005). Скопје: МАНУ.
  3. „Пресвртници во воздухопловството - Рајтовиот Flyer од 1903 г.“ — Национален воздухопловно-вселенски музеј на САД (англиски)
  4. „Tree Book - Sitka spruce (Picea sitchensis)“. British Columbia Ministry of Forests, Lands and Natural Resource Operations. http://www.for.gov.bc.ca/hfd/library/documents/treebook/sitkaspruce.htm. конс. 29 јули 2006. 
  5. Crellin, J. K. (2004). „A social history of medicines in the twentieth century: to be taken three times a day“. New York: Pharmaceutical Products Press. стр. 39. ISBN 0789018446. http://books.google.com/books?id=P1Oy7Qz1tewC&pg=PA39&dq=Spruce+beer+Captain+Cook#v=onepage&q=Spruce%20beer%20Captain%20Cook&f=false. конс. 8 октомври 2009. 
  6. Stubbs, Brett J. (јуни 2003). „Captain Cook's beer: the antiscorbutic use of malt and beer in late 18th century sea voyages“. „Asia Pacific Journal of Clinical Nutrition“ (apjcn.nhri.org.tw) 12 (2): 129–137. http://apjcn.nhri.org.tw/server/APJCN/volume12/vol12.2/fullArticles/index.htm#Nicholas. конс. 8 октомври 2009. 

Надворешни врски[уреди]