Ела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ела
Период: [1]
Сребрена ела (Abies alba)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Иглолисни
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Род: Ела
Mill.
Видови

во текстот.

Ела[2] или елка[3] (науч. Abies) — род што опфаќа 48–55 вида на зимзелени иглолисни дрва од семејство на боровите (Pinaceae). Се среќава во планинските краишта на најголемиот дел на Европа, Азија, Северна и средна Америка и Северна Африка. Најсродно дрво на елата е кедарот (Cedrus).

Сите домородни видови достигнуваат височина од 10–80 м и пречник на стеблото од 0,5–4 м. Елите се разликуваат од другите членови на семејството на боровите по тоа што иглестите листови се држат на стебленцето со основата налик на вакуумска лепенка. Друга заедничка одлика се исправените цилиндрични шишарки долги 5–25 см што се распаѓаат и испуштаат крилести семиња кога ќе узреат. Видовите се распознаваат по големината и распоредот на листовите, големината и обликот на шишарките, и по тоа дали малите лушпички се долги и издадени или кратки и скриени во шишарката. Шишарките се плодови на елите.

Класификација[уреди | уреди извор]

Гранчиња на џиновска ела (Abies grandis)
Цели и распаднати шишарки на македонската ела (Abies borisii-regis)
Шишарки и гранчиња на корејска ела (Abies koreana)
Фаберова ела (Abies fabri во Сечуан, Кина
Величествена ела (Abies magnifica) во Калифорнија, САД

Употреба и екологија[уреди | уреди извор]

Дрвото на елата не е погодно за општа дрвена граѓа, но се користи смелено при изработката на иверка и груба граѓа. Бидејќи целиот род нема никаква отпорност на инсекти и гниење по сечата, се препорачува само за внатрешна столарија (на пр. костури за тули на ѕидови). Дрвото што ќе се остави изложено надвор не трае повеќе од 12 до 18 месеци, зависно од видот и климата.

Елата е најзастапена како новогодишна елка кој е празничен симбол за доаѓањето на новата година во земји како Република Македонија, и за Божиќ во католичките и протестантските земји. За оваа цел во Македонија најчесто се користи сребрената ела, а во другите земји и кавкаската, благородната, Фрејзеровата и балсамската ела. Разни дрвја од родот служат и за украс во градинарството. Вакви се корејската и Фрејзеровата ела, што даваат светло обоени шишарки дури и додека се мали (1–2 м). Другите ели растат од 10 до 80 м во височина.

Денот 18 јуни е прогласен за „Ден на елката“.

Растенијата од овој род се храна за гасеници на некои видови пеперутки и молци.

Елката како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Schorn, Howard; Wehr, Wesley (1986). „Abies milleri, sp. nov., from the Middle Eocene Klondike Mountain Formation, Republic, Ferry County, Washington“. Burke Museum Contributions in Anthropology and Natural History. 1: 1–7.
  2. „ела“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „елка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 9-11.
  5. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 257.
  6. Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 34-35.
  7. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 87-89.
  8. Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 18-19.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]