Калифорнија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Калифорнија
State of California
Знаме на Калифорнија Печат на Калифорнија
Знаме Печат
Прекар(и): The Golden State
Гесло: Еурека[1]
АлабамаАлјаскаАризонаАрканзасКалифорнијаКолорадоКонектикатДелаверФлоридаЏорџијаХаваиАјдахоИлиноисИндијанаАјоваКанзасКентакиЛуизијанаМејнМерилендМасачусетсМичигенМинесотаМисисипиМонтанаМисуриНебраскаНевадаЊу ХемпширЊу ЏерсиНово МексикоЊујоркСеверна КаролинаСеверна ДакотаОхајоОклахомаОрегонПенсилванијаРод АјлендЈужна КаролинаЈужна ДакотаТенесиТексасЈутаВермонтВирџинијаВашингтонЗападна ВирџинијаВисконсинВајоминг
Службен јазик Англиски
Главен град Сакраменто
Најголем град Лос Анџелес
Површина  3. место
 - Вкупно 410 000 км²
 - Широчина 400 км
 - Должина 1 240 км
 - % вода 4,7
 - Гео. ширина 32° 32′ N до 42° N
 - Гео. должина 114° 8′ W до 124° 26′ W
Население  1. место
 - Вкупно 33 871 648 (2006: 36 842 934)
 - Густина 83,85/км² (12. место)
Надм. вис.  
 - Највисока точка планината Витни[2]
4 421 м
 - Најниска точка Долината на Смртта[2]
-86 м
Влез во сојузот  9 септември, 1850 (31)
Гувернер Џери Браун (Д)
Сенатори Дајен Фејнстајн (Д)
Барбара Боксер (Д)
Делегација на конгресот
Часовен појас {{{часовен појас}}}
Кратенки CA Calif. US-CA
Портал www.ca.gov

Калифорнија (англиски: California) — најнаселената држава во Соединетите Американски Држави и трета по големина по површина, после Алјаска и Тексас. Исто така, Калифорнија е и најнаселената држава со мултинационален ентитет во Северна Америка. Се наоѓа на западниот брег на САД, граничи со Тихиот Океан на запад и со државите: Орегон на север, Невада на исток, Аризона на југоисток, Долна Калифорнија и Мексико на југ. Петте најголеми градови во Калифорнија се Лос Анџелес, Сан Диего, Сан Хосе, Сан Франциско и Фресно, со Лос Анџелес, Сан Диего и Сан Хосе кои имаат најмалку по 1 милион жители. Како и во многу други густо населени држави, главниот град на Калифорнија, Сакраменто е помал од најголемиот град во државата - Лос Анџелес. Државата е дом на вториот и шестиот по големина статистички попис на областите и на 8 од 50 најнаселени градови во САД.

Калифорнија има разновидна клима и географија, како и мулти-културно население. Географијата на Калифорнија се протега од Тихиот Океан па сè до планината Сиера Невада (Sierra Nevada) на исток, до областите од пустината Мохаве (Mojave Desert) на југозапад и боровите шуми Редвуд-Даглас (Redwood–Douglas) на северозапад. Во центарот на државата доминира Централната Долина (Central Valley), една од најпродуктивните земјоделски површини во светот. Калифорнија е држава која има најразновидна географија во САД и ја има највисоката (планината Витни - Mount Whitney) и најниската (Долината на Смртта - Death Valley) точка во Соединетите Американски Држави. Речиси 40% од територијата на Калифорнија е пошумена, што претставува голем дел за релативно сушна држава.

Името Калифорнија се однесува на голема површина од Северна Америка, вклучувајќи и голем дел од Југозападните Соединети Држави и полуостровот Долна Калифорнија. Почнувајќи од крајот на 18 век, областа позната како Алта Калифорнија (Горна Калифорнија - или едноставно, она што е денес во југозападниот дел на САД, западно од преријата) била колонизирана од Шпанската Империја, како дел од Вицекралството Нова Шпанија. Во 1821 година, Мексико, вклучувајќи ја и Алта Калифорнија, станала првата Мексиканска Империја, најпрво управувана како монархија а потоа како република. Во 1846 година, група американски доселеници во Сонома ја прогласиле независноста на Република Калифорнија во Алта Калифорнија. Како резултат на Мексиканско-Американската војна, Мексико ја отстапи Алта Калифорнија на САД. Западните делови на Алта Калифорнија станаа државата Калифорнија, 31та држава примена во унијата на 9 септември 1850 година, додека пак источните делови беа доделени на различни територии на САД.

Во 19 век, Калифорниската Златна Треска придонесе за драматичните социјални, економски и демографски промени во Калифорнија, со голем прилив на луѓе и економски бум што предизвика Сан Франциско да прерасне од селце со шатори во светски реномиран град. Клучните случувања во почетокот на 20 век ја вклучуваат појавата на Лос Анџелес како центар на американската забавна индустрија, како и растот на голем туристички сектор на државно ниво. Во прилог на просперитетната земјоделска индустрија во Калифорнија, други важни придонесувачи за економијата се и воздушната, нафтената и информатичката технологија. Доколку Калифорнија беше држава, би била рангирана помеѓу десетте најголеми економии во светот, со БДП сличен како оној на Италија. Би била 35та најнаселена држава.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Зборот Калифорнија најпрво се однесувал на целиот регион составен од она што е денес државата Калифорнија, плус цели или пак делови на Невада, Јута, Аризона и Вајоминг и мексиканскиот полуостров Долна Калифорнија.

Името Калифорнија се верува дека потекнува од измислениот рај населен од Црните Амазони, управуван од страна на Кралицата Калифија. Митот за Калифија е запишан во 1510 година, во “Потфатот на Еспландиан”, напишан како продолжение на “Амадис де Гола” од шпанскиот авантурист Граси Родригес де Монталво. Кралството на Кралицата Калифија или Калафија, според Монталво, било далечно кралство населено од грифини и други чудни ѕверови и било богато со злато.

“Знаевте ли дека во десната рака на Индите има еден остров наречен Калифорнија, многу блиску до тој дел на земскиот рај, населен од црни жени, без ниту еден маж помеѓу нив, кои живееле на сличен начин како Амазонките. Тие биле крупни, со слични и страствени срца и големи доблести. Самиот остров е еден од најдивите во светот поради дебелите и спилести карпи. Нивните оружја биле направени од злато. Островот насекаде изобилувал со злато и скапоцени камeња и освен нив, ниту еден друг метал не бил пронајден.”

Името Калифорнија е петто најстаро зачувано европско име за место во САД и бил употребуван за она што е денес јужниот врв на Долна Калифорнија како островот Калифорнија од страна на шпанската експедиција предводена од Диего де Бесера и Фортун Ксименез, кои пристигнале таму во 1533 година по налог на Ернандо Кортес.

Географија[уреди | уреди извор]

Топографска мапа на Калифорнија
Поглед од авион кон Централната Долина
Сиера Невада
Национален парк Јосемити
Езерото Тахо

Калифорнија граничи со Тихиот Океан, Орегон, Невада, Аризона и мексиканската држава Долна Калифорнија. Со површина од 160.000 квадратни милји (414.000 км2) е тртата по големина држава во САД, по Алјаска и Тексас. Доколку беше држава, Калифорнија би била на 59-то место по големина на областа.

Во средината на државата лежи Централната Долина, опкружена со крајбрежниот планински венец на запад, Сиера Невада на исток, водопадниот венец Каскада на север и планината Техачапи на југ. Централната Долина е земјоделското срце на Калифорнија на која се одгледува околу една третина од храната во земјата.

Поделена на две со делтата на реката Сакраменто-Сан Хоакин, северниот дел, долината Сакраменто, служи како слив на реката Сакраменто, додека јужниот дел, долината Сан Хоакин е слив на реката Сан Хоакин; двете области ги добиле своите имиња по реките кои течат низ нив. Коритата на реките Сакраменто и Сан Хоакин се доволно длабоки поради што неколку градови од внатрешноста се пристаништа.

Делтата Сакраменто-Сан Хоакин е најзначаен водоснабдувачки центар во државата. Водата се пренесува преку широка мрежа на канали и пумпи од делтата, кои се речиси напречни на должината на државата, вклучувајќи го и проектот на Централната Долина и Државниот Воден проект. Водата од делтата обезбедува вода за пиење за околу 23 милиони луѓе, речиси две третини од населението во државата и обезбедува вода за фармерите на западната страна на долината Сан Хоакин. Каналските Острови се наоѓаат на јужниот брег.

Сиера Невада („снежен венец“ на шпански) го има највисокиот врв во соседните 48 држави, планината Витни, со 14.505 стапки (4.421 м). Венецот ја опфаќа долината Јосемити, позната по своите ледничко изрезбани сводови и националниот парк Секвоја, дом на џиновските дрвја секвоја, најголемите живи суштества на Земјата и длабокото слатководно езеро, Тахо, најголемото езеро во државата по волумен.

На исток од Сиера Невада се наоѓаат долината Овенс и езерото Моно, живеалиште од суштинско значење за птиците преселници. Во западниот дел на државата се наоѓа езерото Клиар, најголемото слатководно езеро по површина во Калифорнија. Иако езерото Тахо е поголемо, поделено е со границата на Калифорнија/Невада. Сиера Невада има арктички температури во зима и има неколку десетици мали ледници, меѓу кои и ледникот Палисејдс, најјужниот ледник во САД.

Околу 45% од вкупната површина на државата е покриена со шуми и големиот број видови на бор во Калифорнија е неспоредлив со ниту една друга земја. Калифорнија има повеќе шуми од која било друга држава, освен Алјаска. Многу од дрвјата на калифорниските Бели Планини се најстари на светот; еден Бристелкони бор има 4.700 години.

На југ има големо, солено езеро, Салтон. Во јужниот централен дел се наоѓа пустината наречена Мохаве; на североисток од Мохаве лежи Долината на Смртта, каде се наоѓа најниската и најжешка точка во Северна Америка, котлината Бедвотер (Badwater). Растојанието помеѓу најниската точка на Долината на Смртта до врвот на планината Витни е помалку од 200 милји (322 км). Всушност, скоро цела југоисточна Калифорнија е неплодна, со жешки пустини, со екстремно високи температури во текот на летото. Југоисточната граница на Калифорнија со Аризона е целосно формирана од реката Колорадо, од која, јужниот дел на државата добива половина од нејзината вода.

По должината на брегот се наоѓаат неколку големи градски области - Лос Анџелес, Сан Франциско и Сан Диего.

Како дел од Огнениот прстен, Калифорнија е подложна на цунами, поплави, суши, ветришта Санта Ана, пожари, лизгање на земјиштето на стрмен терен, а има и неколку вулкани. Подложна е на бројни земјотреси поради многуте расади, особено поради расадот Сан Андреас.

Клима[уреди | уреди извор]

Снег на планините во Јужна Калифорнија.
Долината на Смртта, сместена во источниот дел

Калифорниската клима варира од средоземна до субарктичка. Во поголемиот дел од државата преовладува средоземна клима, со свежи, врнежливи зими и суви лета. Свежите крајбрежни калифорниски струи често создаваат магла на крајбрежјето во текот на летото. Во внатрешноста, има посвежи зими и потопли лета.

Во северните делови на државата има поголеми количества на врнежи отколку во јужните. Влијание врз климата исто така имаат и планинските венци: едни од најврнежливите делови во државата се западните планински падини. Во северозападна Калифорнија има умерена клима, а Централната Долина има средоземна клима но со поголеми температурни разлики од крајбрежјето. Високите планини, како што е Сиера Невада, имаат планинска клима со снег во зима и благи до умерени температури во лето.

Источните страни на планините создаваат дождовни сенки, кои создаваат големи пустини. Пустините кои се наоѓаат на голема надморска височина се соочуваат со жешки лета и ладни зими, додека пустините на мала надморска висина кои се простираат источно од планините во јужна Калифорнија имаат жешки лета и речиси благи зими, без мраз. Долината на Смртта, пустина која во големи размери е под нивото на морето, се смета за најжешкото место во Северна Америка; највисоката температура во западната полутопка, 134 °F (57 °C), беше измерено на 10 јули, 1913 година.

Екологија[уреди | уреди извор]

Калифорнија е една од најбогатата и најразновидна област во светот во која се наоѓаат некои од најголемите еколошко загрозени видови. Калифорнија е дел од Неоарктичката еко-зона и опфаќа голем број на копнени еко-региони.

Големиот број на ендемски видови на Калифорнија вклучува реликтни видови, кои умреле на друго место. Многу други ендемски видови потекнуваат од диференцијација или адаптивна редијација, при што повеќе видови се развиле од заеднички предок за да ги искористат предностите на различните еколошки услови. Многу ендемски видови станаа загрозен вид, бидејќи и урбанизацијата, сечењето, претераното пасење како и прекумерното садење на егзотични видови го загрозија нивното живеалиште.

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Џиновска секвоја
Дрвото Џошуа

Калифорнија може да се пофали со неколку суперлативи во својата колекција на растителен свет: најголеми, највисоки и најстари дрвја. Калифорниските локални треви се повеќегодишни растенија. По контактот со Европејците, тие биле воглавно заменети со други видови на едногодишни треви од Европа и во поново време, ридовите во Калифорнија добиваат карактеристично златно-кафеава боја во летниот период.

Бидејќи Калифорнија има најголема разновидност на клима и терен, државата има 6 животни зони, а тоа се: долна Сонорна (пустина); горна Сонорна (подножје и некои крајбрежни земјишта); транзиција (крајбрежни области и влажни северозападни земји); и Канадската, Хадсонската и Арктичката зона, од кои се состои највисоката надморска височина во земјата.

Растителниот свет во сувата клима во долната Сонорна зона се состои од различни видови на локален кактус и паловерде. Дрвото Џошуа (Yucca brevifolia) се наоѓа во пустината Мохаве. Карактеристични цветни растенија се пустинскиот афион и разните видови на астер. Канадската топола и дабот растат во Централната Долина. Горната Сонирна зона е појас карактеристичен по шумите од мали грмушки, дрвја со овенати гранки и билни растенија. Темјанушката, нането, виолата и златниот афион, цвеќињата кои се главно обележје на државата, растат во оваа зона покрај свирепот и други видови кои растат во оваа зона повеќе отколку каде било на друго место во светот.

Транзициската зона го вклучува поголемиот дел од Калифорнија во кој расте секвоја (Sequoia sempervirens) и “големото дрво” или џиновскиот секвоја (Sequoia gigantea), еден од најстарите живи суштества на Земјата (за кои некои се смета дека се стари дури и до 4.000 години). Дабот Танбарк, калифорнискиот лавор, шеќерниот бор, мадрона, јаворот со широки лисја и елата Даглас растат во оваа област. Земјата во шумите е покриена со мешовит папрат, малока, кала и трилиум а има и лисја од боровинки, азалија, бозел и дива рибизла. Карактеристични диви цвеќиња се разни видови на лилјан, лале и тигрестите и леопардовите лилјани.

Големата надморска висина на Канадската зона овозможува брз раст на борот Џефри, црвената ела и петтоигличевиот бор. Грмушестите области се богати со манзанита како и уникатната пуфка Сиера. Веднаш под шумскиот појас, во Хадсонската зона, растат боровите со бела кора, лисичкова опашка и сребрениот бор. На околу 10.500 стапки (3.200 м) започнува Арктичката зона, област без дрвја, чиј растителен свет вклучува голем број на диви цвеќиња, меѓу кои и јагликата Сиера, жолтата Колумбина, алпското лутиче и алпскиот метеор.

Меѓу повеќето растенија кои биле донесени во државата се евкалиптусот, багремот, сарделата, здравецот и шкотската грмушка. Видовите кои се сметаат за загрозени на федерално ниво се шебојот Контра Коста, Антиохиската вечерна јаглика, тревата Солано, ралицата од островот Сан Клементе и соленото блато. Почнувајќи од декември 1997 година, 5 од 8 видови растенија биле наведени како загрозени видови и со закана од исчезнување.

Во пустините на долната Сонорна зона, во групата на цицачи се вбројуваат дивите зајци, кенгурот-стаорец, верверицата и опосумот. Птици кои најчесто се среќаваат во оваа зона се ноќниот був, кукавицата, глуварчето и повеќе видови на јастреб. Од влекачите во оваа област живеат пустинската змија отровница, пустинската желка и жабата со рогови. Горната Сонорна зона може да се пофали со цицачи како што се антилопата, шумските стаорци со кафеави стапала и мачката со прстенест опаш. Птици карактеристични за оваа зона се калифорнискиот клукајдрвец, сеницата и калифорнискиот кондор. Во транзициската зона, се наоѓаат колумбискиот елен со црна опашка, црната мечка, сивата лисица, пумата, рисот и еленот Рузвелт. Влекачите како неотровните змии и ѕвечарките се исто така жители на зоната. Покрај тоа, чести се и водоземците како што се водното куче и секвојскиот дождовник. Птиците како рибарчето, ситната калифорниска птица, врапчето и колибрите живеат таму.

Канадската зона на цицачите е составена од планинската ласица, калифорнискиот зајак, ситната птица и неколку видови на верверици. Како што се навлегува во Хадсонската зона, птиците може да се најдат се поретко. Розовата сипка Сиера е карактеристична за високиот Арктички регион, а други видови на птици се и колибрите и клукајдрвецот. Најголемиот број цицачи кои се наоѓаат во овој регион се зајакот со бел опаш и овцата со големи рогови. Почнувајќи од април 2003 година, овцата со големи рогови беше ставена на списокот на загрозени видови според Министерството за риболов и животна средина на САД. Дел од животинскиот свет кој може да се најде во повеќето зони е еленот со црни уши, којотот, планинскиот лав и неколку видови на јастреб и врабец.

Водниот свет во Калифорнија варира, од планински езера и водопади па сè до карпести брегови покрај Тихиот Океан. Има бројни видови на пастрмка, меѓу нив и виножитната, златната и Тахо пастрмката. Често се наоѓаат и видови на лосос, но тие мигрираат. Животот во длабочините на морето вклучува морска риба-костреш, туна жолтоперка, баракуда и неколку видови на китови. Како домородни животни на карпите во северна Калифорнија се фоките, морските лавови и многу видови на крајбрежни птици, во чии рамки влегуваат и преселничките видови.

Почнувајќи од април 2003 година, 118 животни од Калифорнија беа ставени на списокот на загрозени видови; 181 растение било наведено како загрозено. Помеѓу загрозените видови се и калифорнискиот фаќач на муви, пастрмката-убиец, морската видра и точкастиот був. Калифорнија се простира на 290.821 акри (1.176.91 км2). Почнувајќи од септември 2010 година, 123 животни беа ставени на федералниот список на загрозени видови, составена од страна на Министерството за риболов и животна средина на САД. Исто така, во истата година, 178 видови на растенија беа ставени на истата таа листа.

Реки[уреди | уреди извор]

Најзначајни реки во Калифорнија се Сакраменто, Пит и Сан Хоакин кои течат низ Централната Долина и западната падина на Сиера Невада кои потоа се влеваат во Тихиот Океан преку заливот Сан Франциско. Други значајни реки се Кламат и Тринити на север и Колорадо покрај јужната граница.

Реката Овенс истекува од југоисточните падини на Сиера Невада и се влева во езерото Овенс. Реките Ил и Салинас течат во делови на крајбрежјето, северно и јужно од заливот Сан Франциско. Реката Мохаве е главната водна патека низ пустината Мохаве, а реката Санта Ана тече главно низ попречните венци и ја дели јужна Калифорнија.

Региони[уреди | уреди извор]

  • Централна Долина
  • Калифорниско крајбрежје
  • Северна Калифорнија
    • Централна Калифорнија
    • Областа околу заливот Сан Франциско
    • Сиера Невада
    • Северна Калифорнија
  • Источна Калифорнија
    • кон внатрешноста (јужна Калифорнија)
  • Јужна Калифорнија
  • Граничен регион

Историја[уреди | уреди извор]

Населена од последователни бранови на доселувања во текот на последните 10.000 години, Калифорнија е една од областите со најразновидна култура и јазици во Колумбиска Калифорнија. Месното население на Калифорнија е составено од повеќе од 70 одделни групи на домородни американци. Големите народи се населиле во крајбрежјето и ловеле морски животни, лосос и собирале школки; народите од внатрешноста ловеле копнени птици, собирале плодови со тврда кора, желади и ситно овошје без семки (јагоди, малини, боровинки). Групите биле различни во поглед на политичката ораганизација. Имало голем број на банди, племиња, села и во пределите кои изобилувале со природни богатства живееле големи племиња како што биле Чумаш, Помо и Салинан. Трговијата, мешаните бракови и воените сојузи поттикнале многу социјални и економски врски помеѓу различни групи.

Првиот Европеец што го истражувал брегот, сè до Руската река на север бил португалецот Жоао Родригес Кабриљо во 1542 година, пловејќи за Шпанската Империја. Околу 37 години подоцна, во 1579 година, англискиот истражувач Франсис Дрејк предводел едно истражување и побарал неодреден дел од калифорниското крајбрежје. Шпанските трговци направиле ненадејна посета на Калифорнија, враќајќи се од Филипините, во 1565 година. Тие биле предводени од Манила Галеоне.

Шпанските мисионери основале 21 делегација по должината на брегот кои подоцна станале познати како Алта Калифорнија (Горна Калифорнија), заедно со мали гратчиња и затвори. Во 1812 година, Мексиканската војна за независност му обезбеди на Мексико (а воедно и на Калифорнија) независност од Шпанија; во наредните 25 години, Горна Калифорнија остана далечна северна провинција на мексиканскиот народ. Ранчови со добиток или ranchos, се појавиле како доминантни институции во Калифорнија. Тие се развиле под сопственост на Californios (жители на Калифорнија кои зборуваат шпански) кои добиле субвенции и разменувале воловски кожи и сало со бостонските трговци.

Почнувајќи од 1820 година, предвесниците на големите промени - ловџиите и доселениците од останатите делови на САД и Канада, почнаа да се населуваат во северна Калифорнија. Овие доселеници ги искористиле патеките Сискију, Калифорнија, Орегон и старата Шпанска патека за да ги преминат карпестите планини и суровите пустини кои ја опколуваат Калифорнија. Во тој период, Русија го истражувала калифорниското крајбрежје и основала трговска пошта во Форт Рос.

Во 1846 година, доселениците предизвикале бунт против мексиканското владеење, бунтот Мечкино Знаме. Подоцна, бунтовниците го подигнале Мечкиното Знаме (на кое има мечка, ѕвезда, црвена лента и зборовите “Република Калифорнија”) во Сонома.

(Ние) соборуваме Влада која ја искористува и угнетува сопстевноста на мисиите за свои сопствени интереси; која ја уништи и срамно угнети работничката класа на Калифорнија” - Вилијам Ид, Декларација од бунтот Мечкино Знаме

Првиот и единствен претседател на државата бил Вилијам Б. Ид, кој одиграл важна улога за време на бунтот. Неговиот мандат траел 22 дена и завршил кога Калифорнија била окупирана од американските воени сили за време на мексиканско-американската војна.

Калифорниската Република траела кратко. Истата година се одбележал и почетокот на мексиканско-американската војна (1846-1848 година). Комодорот Џон Д. Слоат, кој бил на чело на американската морнарица, навлегол во заливот Монтереј и ја започнал воената окупација на Калифорнија. Северна Калифорнија капитулирала за помалку од еден месец. По серија одбранбени битки во јужна Калифорнија, Битката кај Домингез Ранчо, Битката кај Сан Таскал, Битката кај Рио Сан Габриел и Битката кај Ла Меса, вклучувајќи ја и опсадата на Лос Анџелес, на 13 јануари 1847 година, бил потпишан Договорот од Кахуенга која ја обезбедил американската контрола во Калифорнија. Потоа следувал Договорот во Гвадалупе Худалго со кој завршила војната и регионот бил поделен помеѓу Мексико и САД; западната територија од Алта Калифорнија требало да стане американската држава Калифорнија, а Аризона, Невада, Колорадо и Јута станале американски територии, додека пак долниот регион на Калифорнија, Долна Калифорнија, останала во сопственост на Мексико. Во 1848 година, имало околу 15.000 доселеници. Но откако било откриено златото, во Калифорнија почнале да се населуваат американски граѓани, Европејци и други емигранти за време на Златната Треска. До 1854 година, биле надојдени 300.000 доселеници. На 9 септември 1850 година, Калифорнија била призната од САД како слободна држава (една од многуте во која робувањето било забрането), како дел од Спогодбата од 1850 година.

Седиштето на калифорниската влада кое било под шпанско, а потоа и под мексиканско раководсто, се наоѓало во Монтереј од 1777 до 1835 година, кога мексиканските власти ја напуштиле Калифорнија оставајќи ги зад себе своите делегации и воени тврдини. Во 1849 година, уставната конвенција била за првпат одржана токму во Монтереј. Меѓу должностите била и задачата за утврдување на нов главен град на државата. Првата законодавна седница била одржана во Сан Хосе (1850-1851). Други локации биле и Валјехо (1852-1853) и Бенисија (1853-1854). На крај, овие локации се покажале како несоодветни. Од 1854 година, главен град е Сакраменто, со мала пауза во 1861 година кога заради поплави, законодавните седници се одржувале во Сан Франциско.

Холивуд, 1922 година

Патувањето помеѓу Калифорнија и централните и источните делови на САД претставувало трошење на време, а воедно, било и опасно. Директна линија била воспоставена во 1869 година по завршувањето на првата трансконтинентална железница преку Донер Пас во Сиера Невада. По основањето на оваа железница, стотици илјади американски граѓани се преселиле на запад, каде новите жители ја истражувале земјата, под услов да ја наводнуваат во жешките летни денови бидејќи била поволна за земјоделство и за одгледување на овошје. Погодни за одгледување биле пченицата и останатите зрнести производи, зеленчук, памук, плодови со тврди лушпи и овошје.

За време на раниот 20 век, миграцијата во Калифорнија се зголеми со проширувањето на поголемите трансконтинентални автопатишта како што се автопатот Линколн и патот 66. Во периодот од 1900 до 1965 година, населението порасна на неколку милиони и Калифорнија стана една од најголемите држави во САД. Државата се смета за светски центар на технологијата и инженерскиот бизнис, на забавната и музичката индустрија, но и водечка во земјоделското производство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Густина на населеност

Население[уреди | уреди извор]

Бројот на Калифорнија е утврдено според Бирото за попис на населението во САД и изнесува 36.961.664 жители во 2009 година. Таа е држава со најголем број на жители. Овде е вклучено и зголемувањето на наталитетот за 3.090.016 жители од последниот попис (5.058.440 новородени минус 2.179.958 мртви). Во овој период, меѓународната миграција создаде вкупно зголемување за 1.816.633 жители, додека домашната миграција создаде зголемување на бројот на жители за 1.509.708, како резултат на внатрешната миграција од 306.925 луѓе. Статистиката покажува дека во Калифорнија, во јуни 2009 година, имало 38.292.687 жители.

Калифорнија е втора по големина на западната полутопка со население од суб-национален ентитет, надмината само од државата Сао Паоло во Бразил. Бројот на населението ва Калифорнија е поголем од оној на 47 земји во светот. Исто така, округот Лос Анџелес ја имаше титулата за најнаселен округ во САД со децении. Самиот округ има поголем број на жители од 42 американски држави. Најголемиот број од населението во Калифорнија живее во градот Батонвилоу, во округот Керн.

Во 2010 година, 7.3% од населението во САД се илегални имигранти. Тоа е трет по големина процент на илегални имигранти во САД.

Почнувајќи од 2010 година, за првпат по Златната Треска, новороденчињата во Калифорнија го сочинуваат мнозинството од населението во државата.

Градови[уреди | уреди извор]

Калифорнија е држава во која се наоѓаат 8 од 50те најнаселени градови во САД.

Состав и потекло на расите[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, населението во Калифорнија било составено од 42.3% белци, 36.6% шпанци или Латино американци, 12.5% Азијци, 6.7% црнци или Афроамериканци, 2.6% од други нации, 1.2% домородно население (Индијанци).

Според демографијата, во Калифорнија живеат најголемиот број на бели американци во САД, околу 22.189.514 жители. Исто така, бројот на Афроамериканците во Калифорнија е петти по големина во САД, со околу 2.250.630 жители. Бројот на Азијците изнесува околу 4,4 милиони, околу една третина од вкупно 13.1 милион во САД. 285.162 жители се декларирани како домородно население и се најбројни овде од која било друга држава.

Според проценките од 2008 година, Калифорнија го има најголемото малцинство во САД, односно 57% од вкупното население. Во 2000 година, бројот на шпанците изнесувал 32%; тој број пораснал на 37% во 2008 година. Бројот на белците кои немаат шпанско потекло, од 80% во 1970 година падна на 42% во 2008 година, додека пак бројот на малцинствата изнесува 102 милиони од вкупно 301 милион жители во САД - 20% од вкупниот број малцинства кои живеат во САД.

Вооружени сили[уреди | уреди извор]

Во Калифорнија, од 2002 година, Министерството за одбрана на САД има:

  • 123.948 активен персонал (на должност)
    • 7.932 персонал во америкнаската армија
    • 96.047 морнарица (вклучувајќи над 20.000 маринци)
    • 19.969 воздухопловство
  • 58.076 цивилен персонал

Во Калифорнија, од 2000 година има 2.569.340 ветерани на американските воени сили: 504.010 од нив учествувале во Втората светска војна, 301.034 во конфликтот со Кореја, 754.682 во војната во Виетнам и 278.003 во периодот од 1990 до 2000 година (период во кој спаѓа и војната во Персискиот Залив).

Воените сили во Калифорнија се составени од армија и воздушна национална гарда, поморски сили и државни воени сили (милиција) и калифорниски кадетски тела.

Јазици[уреди | уреди извор]

Од 2005 година, 57.59% од жителите во Калифорнија, од 5 годишна возраст па нагоре, зборуваат англиски јазик како прв (мајчин) јазик, додека 28.21% зборуваат шпански јазик. Покрај англискиот и шпанскиот јазик, 2.04% зборуваат филипински, 1.59% кинески (јазик во кој се вборјуваат кантонскиот (0.63%) и мандаринскиот (0.43%)), 1.4% зборуваат виетнамски и 1.05% зборуваат корејски како мајчин јазик. Севкупно, 42.4% од населението зборуваат други јазици покрај англискиот. Калифорнија е област со најголема јазична разновидност во светот (вродените јазици се развиле од 64 јазични основи во 6 јазични семејства). Скоро половина од вродените јазици повеќе не се зборуваат, а сите од живите вродени јазици во Калифорнија се загрозени и се прават напори за нивно заживување.

Службен јазик во Калифорнија е англискиот јазик уште од усвојувањето на Предлогот 63 во 1986 година. Сепак, многу државни, градски и локални бироа, сè уште ги печатат официјалните државни документи на повеќе јазици.

Култура[уреди | уреди извор]

Славење на Свети Патрик, Сан Франциско

Културата во Калифорнија е култура од Западот и има корени во модерата култура на САД, која исто така, историски гледано, има големо влијание од шшпанците. Како држава која има и копнена и водена граница, културата во Калифорнија е под големо влијание на многу големи миграциски народи, особено од оние од Латинска Америка. Калифорнија претставува вистинска мешавина и меѓународна раскрсница во САД.

Долго време, Калифорнија претставувала предмет на интереси и била претставувана од своите поборници како рај. Во почетокот на 20 век, разгорена од поттикнувањата од државните и локалните поборници, многу американци ја гледаа “златната држава” како совршено одредиште, сончева и сува во текот на целата година, со лесен пристап до океанот и планините. Во 60-тите години, популарните музички групи како Beach Boys, ги претставија калифорнијците како смирени, исончани луѓе кои ги обожаваат плажите.

Што се однесува до социјално-културните норми и државни политики, населението во Калифорнија се смета за најслободоумно во поглед на останатите американци, особено од оние кои живеат во средината на САД. На некој начин, Калифорнија е совршена земја - ги прифаќа сите начини на живот, има голем број на религии и е преокупирана со проблемите од животната средина.

Златната Треска од 1850 година сè уште е симбол за економскиот стил на Калифорнија кој е насочен кон создавање на технолошки, социјални, забавни и економски моди и напредоци.

Религија[уреди | уреди извор]

Шпанска католичка црква, Сан Диего

Најголемата религиска деноминација по број на приврзаници во 2008 година била римокатоличката црква со 31%, евангелиските протестанти со 18% и главните протестанти со 14%. Оние кои не се поврзани со ниту една религија, нивниот број претставува 21% од вкупното население.

Во Калифорнија има околу 1 милион муслимани, најмногу од која било држава во САД. Повеќето имаат африканско потекло. Околу 100.000 муслимани живеат во Сан Диего. Кон крајот на 20 век, 40% од сите будисти во Америка живееле во јужна Калифорнија. Метрополската област на Лос Анџелес стана уникатна во будистичкиот свет како единствено место каде претставителни организации од сите поголеми будистички училишта можат да се сретнат во секој модерен центар. Најголемите будистички храмови во западната полутопка се Градот на Десет Илјади Буди во северна Калифорнија и Хси Лаи во јужна Калифорнија.

Првите свештеници кои дошле во Калифорнија биле римокатолички мисионери од Шпанија. Римокатолиците основале 21 мисија покрај брегот, како и во Лос Анџелес и Сан Франциско. Во Калифорнија живеат најголем број на римокатолици заради големиот број на мексиканци и американци кои живеат таму. Во Калифорнија има 12 епархии и 2 архиепископии, архиепископијата на Лос Анџелес и архиепископијата на Сан Франциско, кои порано биле двете најголеми архиепископии во САД.

Со околу 1 милион Евреи, Калифорнија има најмногу Евреи, по Њујорк. Повеќето од нив живеат во западен Лос Анџелес и долината Сан Франциско.

Калифорнија има најмногу приврзаници на црквата на Исус Христос и на Мормоните, но не повеќе од Јута. Мормоните одиграле важна улога во основањето на Калифорнија. Група мормони го основале градот Сан Бернардино во јужна Калифорнија во 1851 година. Според нивната црква, повеќе од 750.000 мормони живеат во Калифорнија.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од 2007 година, бруто производот на државата изнесува 1.812 трилиони долари и претставува најголем во САД. Калифорнија е одговорна за 13% од бруто-домашниот производ (БДП) на САД. Од 2006 година, БДП на Калифорнија е поголем од сите, освен од 8 држави во светот. Стапката на невработеност во Калифорнија е над 12%. Што се однесува до работните места, петте најголеми сектори во Калифорнија се трговија, транспорт и јавни услуги (вода, електрична енергија, комуналии); самоуправа; професионални и деловни услуги; образовни и здравствени услуги; одмор и рекреација; гостопримство. Во врска со производството, петте најголеми сектори се финансиските услуги; потоа трговија, транспорт, рекреација; образование и здравствени услуги; самоуправа; и производство.

Во моментов, Калифорнија се наоѓа на петтото место со најголема невработеност од 12.5%, која сè повеќе расте.

Економијата во Калифорнија е зависна од размената и меѓународната трговија што е одговорна за 1/4 од економијата во државата. Во 2008 година, Калифорнија извезе 144 милијарди долари од вредност на стоки, повеќе во однос на 2007 година кога имаше извезено 134 милијарди долари и од 2006 година - 127 милијарди долари. Најизвезувани производи се компјутерските и електронските производи кои беа одговорни за 42% од вкупниот извоз во 2008 година.

Исто така, многу важен за економијата претставува и земјоделскиот сектор. Продажбите поврзани со земјоделството се зголемија за четири пати во последните три децении, од 7.3 милијарди долари во 1974 година на 31 милијарда долари во 2004 година. Ова зголемување настана и покрај падот од 15% на земјишната површина наменета за земјоделството во тој период како и снабдувањето со вода заради лошото мрежно покривање.

Во 2007 година, БДП изнесуваше 38.956 долари по жител, по што Калифорнија беше рангирана на 11то место во САД. Доходот по глава варира според географските региони и професии. Централната Долина е најсиромашна земја, со сезонски земјоделски работници кои заработуваат помалку од минималната плата. Од неодамна, долината Сан Хоакин се смета за еден од економски најдепресивните региони во САД, како и регионот околу Апалачите. Многу крајбрежни градови го имаат најголемиот доход по глава во САД.

Во 2010 година, во Калифорнија има повеќе од 663.000 милионери, повеќе од која било друга држава во САД.

Финансиска состојба[уреди | уреди извор]

Економски региони во Калифорнија

Калифорнија наметнува 9.3% максимална променлива стапка на данокот на доход, со 6 даночни групи и собира околу 40 милијарди долари годишно. Калифорнија има државен данок на промет од 8.25% кој може да се зголеми и до 10.75% со помош на локалниот данок на доход. Сите недвижности се оданочуваат годишно. Данокот на имот се зголемува за 2% годишно.

Сепак, Калифорнија се соочува со буџетски дефицит од 26,3 милиони долари во 2009/2010 буџетска година. И покрај тоа што законодавните тела излегоа со решение за проблемот од 2008 година со три месечно одложување за усвојување на буџетот, тие всушност го одложија дефицитот за 2009 година заради падот во економијата во 2008 година.

Проблем може да настане доколку значителен дел од државниот доход доаѓа од данокот на доход на мал дел од богатите граѓани. На пример, утврдено е дека во 2004 година, 3% од богатите државни даночни обврзници исплатиле околу 60% од државниот данок на доход. Оданочениот доход на ова население е многу зависен од основните добивки, кои беа под огромно влијание на падот на берзата во тој период. Гувернерот предложи комбинација од програми за намалување и зголемување на данокот, но имајќи вакви долгогодишни проблеми, тешко дека ваквите закони ќе се усвојат.

Државните трошоци пораснаа од 56 милијарди долари во 1998 година на 131 милијарда долари во 2008 година. Државата се соочуваше со буџетски дефицит од 40 милијарди долари во 2008 година. Меѓутоа, постои уште една дупка во буџетот со која Калифорнија се соочува - 72 милијарди долари долг.

Во 2009 година, економската криза во Калифорнија стана уште поголема кога државата се соочуваше со платежна неспособност. Во јуни 2009 година, гувернерот Арнолд Шварценегер рече: “Паричникот ни е празен, банката ни е затворена и кредитот ни пресуши”. Тој повика на огромни буџетски скратувања од 24 милијарди долари, околу 1/4 од буџетот на САД.

Енергија[уреди | уреди извор]

Дел од огромното пространство со ветерници

Поради благата клима, енергијата која се користи по глава во Калифорнија е најмала во САД. Во 1984 година, Советот на округот Дејвис изјави дека градот е слободна јадрена зона. Гласачите во Калифорнија го забранија одобрувањето на нови растенија со јадрена енергија од 1970 година поради страв од радиоактивни отпадоци.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Мостот Голден Гејт во Сан Франциско, едно од најпознатите обележја на Калифорнија.

Најголем дел од Калифорнија е поврзан со огромна мрежа на автопатишта и меѓуградски патишта. Калифорнија е позната по својата автомобилска култура, создавајќи голем сообраќаен метеж низ калифорниските градови. Изградбата и одржувањето на државните патишта и транспортот низ САД се одговорност на Одделот за транспорт во Калифорнија (Калтранс). Брзиот раст на населението ја оптовари целата транспортна мрежа и еден од проблемите кој постојано се повторува е дали државата треба да продолжи да ја проширува мрежата на автопатишта или да се фокусира на подобрување на целокупната транспортна мрежа во урбаните средини.

Еден од највоочливите симболи, мостот “Голден Гејт (Златна Порта)” (Golden Gate Bridge) бил завршен во 1937 година. Со својата портокалова боја и панорамски поглед кон заливот, овој мост е популарна туристичка атракција која е безбедна и за пешаците и за велосипедистите. Едновремено бил дизајниран и како дел од патот 101 кој е дел од El camino royal (Royal road или King's Highway) и државниот пат 1. Уште еден од седумте мостови во областа околу заливот Сан Франциско е мостот помеѓу Сан Франциско и Окланд завршен во 1936 година. Преку овој мост, дневно поминуваат околу 280.000 возила на две ленти, со две спојувања кај островот Јерба Буена.

Меѓународниот аеродром Лос Анџелес и меѓународниот аеродром Сан Франциско се најголемите центри покрај Тихиот Океан. Има околу десетина важни трговски аеродроми и уште многу други аеродроми низ државата. Исто така, во Калифорнија има неколку важни пристаништа. Најголемиот пристаништен комплекс се наоѓа во јужна Калифорнија, формиран од пристаништето во Лос Анџелес и пристаништето во Лонг Бич. Тие се најголеми во државата и се одговорни за справување со транспорт на околу четвртина од сите товарни контејнери во САД. Пристаништето во Окланд, четврто по големина во САД, се справува со транспорт и доставување на повеќето од контејнерите кои поминуваат преку северна Калифорнија до сите градови низ САД.

Меѓуградскиот железнички сообраќај се одвива со Amtrak California, кој ги управува трите најупотребувани железнички линии во САД надвор од североистчниот коридор.

Управа за големи брзини на железниците во Калифорнија е основана во 1996 година од страна на државата за да се изведе железнички систем од 700 милји (1.127 км). Изградбата е одобрена од гласачите за време на општите избори во ноември 2008 година, со одговор за изградба вредна 9.95 милијарди долари. Скоро во сите окрузи циркулира транспортот со автобус, а многу градови имаат и свои автобуски линии. Меѓуградскиот транспорт со автобус се одвива главно со автобусите на Greyhound и Amtrack Thruway.

Управување и политика[уреди | уреди извор]

Државно управување[уреди | уреди извор]

Сакраменто, Калифорнија

Калифорнија е република со три вида власт: извршна власт составена од гувернер и независно избрани државни службеници; законодавна власт составена од Собрание и Сенат; и судска власт составена од Врховен Суд и други пониски судови. Државата дозволува директно учество на избирачкото тело преку иницијатива, референдум, отповикување и ратификување. Калифорнија дозволува секоја политичка партија да избере дали ќе има затворено гласање или гласање каде само членовите на партијата и независните ќе може да гласаат. Главен град на државата е Сакраменто.

Гувернерот на Калифорнија и останатите државни службеници имаат мандат од 4 години и може да бидат реизбрани само уште еднаш. Законодавната власт на Калифорнија се состои од Сенат со 40 членови и Собрание со 80 членови. Сенаторите служат 4 годишен мандат а пратениците 2 годишен мандат. Пратениците се подлежни на ограничени мандати т.е. можат да отслужат 3 мандати, а сенаторите отслужуваат 2 мандата.

На собраниските седници во престојната 2011-2012 година ќе има 52 демократи и 28 републиканци. Во Сенатот пак, ќе има 24 демократи и 13 републиканци. Во моментов, гувернер е демократот Џери Браун.

Правниот систем на Калифорнија е заснован врз основа на англиското обичајно право (како и сите останати држави во САД, освен Луизијана), но има и делови од шпанското граѓанско право, како што е случај со сопственоста. Смртната казна е легален вид казна во Калифорнија и во неа се наоѓа најголемиот број на осуденици кои чекаат да бидат погубени (иако Тексас многу почесто врши погубувања). Осудениците кои чекаат да бидат погубени се сместени во државниот затвор Сан Квентин кој се наоѓа северно од Сан Франциско, во округот Марин. Бројот на затвореници во Калифорнија скокна од 25.000 во 1980 година на повеќе од 170.000 во 2007 година.

Судството во Калифорнија е најголемо во САД (има вкупно 1.600 судии, додека федералниот систем има околу 840). Надгледуван е од 7 судии во Врховниот Суд на Калифорнија. Судиите во Врховниот Суд и апелационите судови се назначени од гувернерот, но може да бидат задржани од избирачкото тело на секои 12 години.

Федерална политика[уреди | уреди извор]

Governor of California Jerry Brown
Гувернерот Џери Браун, еден од многуте Демократи кои се во моментов на функција во Калифорнија

Калифорнија има посебна политичка култура. Таа е втората држава која го легализира абортусот и бракот помеѓу хомосексуалците (преку судска ревизија, која подоцна беше укината преку гласачка иницијатива).

Од 1990 година, Калифорнија главно избираше кандидати кои се демократи; сепак се избира гувернери-републиканци, иако многу од нив, како и гувернерот Шварценегер, беа повеќе централно ориентирани од националната партија.

Демократите се повеќе застапени во крајбрежните региони на округот Лос Анџелес и пределот околу заливот Сан Франциско. Исто така, демократите претставуваат мнозинство и во Сакраменто. Републиканците ги има најмногу во источните делови на државата. Сепак, поголемиот дел од населението во округот Оринџ се републиканци.

Политиката во Калифорнија е воглавно демократски ориентирана. Тоа најлесно може да се воочи при претседателските избори. Всушност, од 1990 година, демократите лесно ја добиваат трката за влез во Сенатот и постојано се мнозинство во двата дома од државната законодавна власт.

Американски сенатори се Д. Фајнстајн, поранешна градоначалничка на Сан Франциско; и Б. Боксер, поранешна конгресменка од округот Марин. Во калифорниските области најчесто доминира една од партиите, а само неколку области може да се сметаат за компетитивни. Калифорнија, која порано секогаш избираше републиканци, сега е исклучиво демократска држава. Според политичките аналитичари, Калифорнија наскоро треба да добие уште 3 места за вкупно 587 избирачки гласови - најмногу од сите држави во САД.

Градови и окрузи[уреди | уреди извор]

Лос Анџелес е втор град по големина во САД

Локалното управување во Калифорнија е поделено на 58 окрузи и 481 здружени градови; од кои 459 се “cities” а 22 се “towns”. Според законот во Калифорнија, термините “cities“ и “towns“ се експлицитно менливи; името на здружена општина во државата може да биде или “City of...” или “Town of...”. Сакраменто станал првиот здружен град во Калифорнија на 07.02.1850 година. Сан Хосе, Сан Диего и Бенисија добиле право на здружување на 27.03.1850 година. На 01.09.2010 година, Иствејл стана најновата, 481ва здружена општина во Калифорнија.

Голем број од овие градови (cities и towns) се вклучени во рамките на пет метрополски области. 68% од населението во Калифорнија живее во трите најголеми метрополски области, околината на Лос Анџелес, областа во близина на заливот Сан Франциско и областа Сан Бернардино. Иако помали, другите два центра се Сан Диего и Сакраменто.

Државата разликува два вида градови: со повелби и со општо право. Градовите со општо право го должат своето постоење на државното право и се управувани според него; градовите со повелби се управувани од самите повелби на градовите. Градовите здружени во 19 век се градови со повелби. Десетте најнаселени градови во Калифорнија се всушност градови со повелби.

Образование[уреди | уреди извор]

Средното училиште Торенс е најстарото училиште во Калифорнија

Државното средно образование се состои од средни училишта во кои се изучуваат изборни предмети како трговија, јазици и хуманистички науки. Државниот образовен систем во Калифорнија е поддржан од уставен амандман кој е единствен и бара максимално годишно финансирање на ученици до 12 години и универзитети - чие финансирање расте со зголемувањето на бројот на студентите. Во учебната 2005/2006 година, во Калифорнија имало 6,2 милиони студенти. Според трошоците по ученик, Калифорнија, во 2005 година беше рангирана на 29тото место (од вкупно 50 држави и областа Колумбија). Според трошоците на наставниот кадар по ученик, Калифорнија беше рангирана на 49тото место од 51 држава. Исто така, во севкупниот однос учител - ученик, Калифорнија беше рангирана на 49тото место, со 21 ученик по учител. Само Аризона и Јута беа под Калифорнија.

Државното високо образование во Калифорнија нуди уникатен систем од 3 нивоа:

Во Калифорнија има значително голем број на приватни универзитети, како што се: Стенфорд, Универзитетот во јужна Калифорнија, Институтот за технологија и колеџот Клермонт. Во Калифорнија има стотици други приватни универзитети и колеџи, како и многу религиозни и специјализирани институции.

Спорт[уреди | уреди извор]

Меморијалниот колосеум во Лос Анџелес, единствениот стадион во светот кој бил домаќин на Олимписки игри двапати: во 1932 и 1984 г.

Калифорнија беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1960 година, на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 1932 и 1984 година, како и на Светското фудбалско првенство во 1994 година. Во Калифорнија има 19 професионални спортски тимови во лигата, многу повеќе отколку која било друга држава во САД. Областа околу заливот кај Сан Франциско има 7 професионални екипи распоредени во 3 града: Сан Франциско, Окланд и Сан Хосе. Додека околината на Лос Анџелес е дом на 10 професионални екипи, исто така претставува и најголемата метрополска област која нема екипа во националната рагби лига. Сан Диего и Сакраменто имаат по две рагби екипи.

Како дом на некои од најистакнатите универзитети во САД, Калифорнија веќе подолго време има високо ценети универзитетски спортски програми.Калифорнија е дом на најстариот универзитетски натпревар во куглање, кој се одржува секоја година.

Долго време, Калифорнија е центар на автомобилските и трките со мотори. Секоја година, во Лонг Бич, во април се одржува еден настан - трка низ градските улици. Во минатото, Лонг Бич бил домаќин на трките во „Формула 1“.

Подолу е даден списокот на поголемите спортски тимови во Калифорнија.

Тим Спорт Лига
Oakland Raiders Рагби Национална Рагби Лига
San Diego Chargers Рагби Национална Рагби Лига
San Francisco 49ers Рагби Национална Рагби Лига
Sacramento Mountain Lions Рагби Обединета Рагби Лига
Los Angeles Dodgers Безбол Безбол Лига
Los Angeles Angels of Anaheim Безбол Безбол Лига
Oakland Athletics Безбол Безбол Лига
San Diego Padres Безбол Безбол Лига
San Francisco Giants Безбол Безбол Лига
Golden State Warriors Кошарка НБА
Los Angeles Clippers Кошарка НБА
Los Angeles Lakers Кошарка НБА
Sacramento Kings Кошарка НБА
Anaheim Ducks Хокеј Национална Хокеарска Лига
Los Angeles Kings Хокеј Национална Хокеарска Лига
San Jose Sharks Хокеј Национална Хокеарска Лига
Chivas USA Фудбал Фудбалска Лига
Los Angeles Galaxy Фудбал Фудбалска Лига
San Jose Earthquakes Фудбал Фудбалска Лига
Los Angeles Sparks Кошарка НБА - жени

Калифорнија како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Нова Калифорнија“ — расказ на бразилскиот писател Алфонсо Енрикес де Лима Барето.[4]
  • „Калифорнија“ (англиски: California) — песна на канадската музичарка Grimes од 2015 година.[5]
  • „Калифорнија над сè“ (германски: California Über Alles) — песна на американската панк-група Dead Kennedys од 1979 година.[6]
  • „Калифорнија над сè“ (германски: California Über Alles) — песна на американската рап-група The Disposable Heroes Of Hiphoprisy од 1992 година.[7]
  • „Хотел Калифорнија“ (англиски: Hotel California) — песна на американската поп-рок група Иглс (Eagles).[8]
  • „Одејќи во Калифорнија“ (англиски: Going To California) — песна на британската рок-група Лед цепелин (Led Zeppelin) од 1971 година.[9]
  • „Калифорнија сонува“ (англиски: California Dramin') — песна на американската поп-група Мамас енд папас (Mamas and Papas).[10]
  • „Калифорнија“ (англиски: California) — песна на американската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1972 година.[11]
  • „Калифорнија“ — песна на југословенската поп-рок група Неки то воле вруќе (Neki to vole vruće).[12]
  • „Калифорникација“ (англиски: Californication) — песна на американската рок-група Ред хот чили пеперс (Red Hot Chili Peppers).[13]
  • „Ја паметам Калифорнија“ (англиски: I Remember California) — песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1988 година.[14]
  • „Калифорниска љубов“ (англиски: California Love) - песна на американскиот рапер Тупак (2Pac).[15]
  • „Калифорнија“ (англиски: Kalifornia) — песна на Фетбој Слим (Fatboy Slim) од 1998 година.[16]
  • „Камарило“ (англиски: Camarillo) — песна на американската панк-рок група Fear од 1982 година.[17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Government Code Section 420-429.8“. Official California Legislative Information. Архивирано од изворникот на 2009-06-28. Посетено на 2007-12-23.
  2. 2,0 2,1 „Elevations and Distances in the United States“. U.S Geological Survey. 2005. Архивирано од изворникот на 2008-06-01. Посетено на 3 ноември 2006.
  3. „Annual Estimates of the Resident Population for Incorporated Places: April 1, 2010 to July 1, 2015“. US Census. 7 мај 2016. Архивирано од изворникот на 2 јуни 2016. Посетено на 7 јануари 2017.
  4. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 262-274.
  5. DISCOGS, Grimes (4) – Art Angels (пристапено на 30.8.2022)
  6. Discogs, Dead Kennedys – California Über Alles (пристапено на 30.8.2022)
  7. Discogs, The Disposable Heroes Of Hiphoprisy – Hypocrisy Is The Greatest Luxury (пристапено на 8.10.2021)
  8. YouTube, hotel california video oficial (пристапено на 8.1.2017)
  9. DISCOGS, Led Zeppelin ‎– Untitled (пристапено на 31.12.2020)
  10. California Dreamin'- Mamas & The Papas (пристапено на 17.12.2016)
  11. YouTube, Joni Mitchell - California (пристапено на 27.3.2020)
  12. YouTube, Neki To Vole Vruće - California (пристапено на 13.3.2018)
  13. Red Hot Chili Peppers - Californication, Official Music Video (пристапено на 17.12.2016)
  14. DISCOGS, R.E.M. ‎– Green (пристапено на 19.8.2019)
  15. 2Pac - California Love, Original Version (пристапено на 17.12.2016)
  16. Fatboy Slim - Kalifornia (посетено на 16.12.2016)
  17. Discogs, Fear (3) – The Record (пристапено на 25.10.2022)

Координати: 37° СГШ 120° ЗГД