Јута

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Држава Јута
State of Utah
Знаме на Држава Јута Печат на Држава Јута
Знаме Печат
Прекар(и): Beehive State
Гесло: „Industry“ (Индустрија)
Алабама Алјаска Аризона Арканзас Калифорнија Колорадо Конектикат Делавер Флорида Џорџија Хаваи Ајдахо Илиноис Индијана Ајова Канзас Кентаки Луизијана Мејн Мериленд Масачусетс Мичиген Минесота Мисисипи Монтана Мисури Небраска Невада Њу Хемпшир Њу Џерси Њу Мексико Њујорк Северна Каролина Северна Дакота Охајо Оклахома Орегон Пенсилванија Род Ајленд Јужна Каролина Јужна Дакота Тенеси Тексас Јута Вермонт Вирџинија Вашингтон Западна Вирџинија Висконсин ВајомингMap of USA UT.svg
За сликава
Службен јазик Aнглиски
Главен град Солт Лејк Сити
Најголем град Солт Лејк Сити
Површина  13. место
 - Вкупно 219 887 км²
 - Широчина 435 км
 - Должина 565 км
 - % вода 3,25
 - Гео. ширина 109° 3′ W до 114° 3′ W
 - Гео. должина 37° N до 42° N
Население  34. место
 - Вкупно 2 233 169
 - Густина 10,50/км² (41. место)
Надм. вис.  
 - Највисока точка Врв Кингс[1]
4 126 м
 - Најниска точка Бивер Дем Вош[2]
664 м
Влез во сојузот  4 јануари, 1896 (45)
Гувернер Џон Хантсмен, Џр. (Р)
Сенатори Орин Хеч (Р)
Боб Бенет (Р)
Делегација на конгресот
Часовен појас Планинска: UTC-7/-6
Кратенки UT US-UT
Портал www.utah.gov

Јута (англиски: Utah) или официјално Држава Јута (State of Utah) е сојузна држава во западни САД. Јута е 45 држава која се приклучила на сојузот, односно Јута станала дел од САД на 4 јануари 1896 година. Државата е 13 по големина во САД, 34 по број на жители и 10 најслабо населена сојузна држава. Околу 80% од вкупно 2,817,222 жители на Јута живеат во регионот Васач Фронт, чиј центар е Солт Лејк Сити, кој воедно е и главен град на државата. Така, државата во најголем дел не е населена и населението е шесто најурбано во САД.[3] Јута се граничи со Аризона на југ, со Колорадо на исток, со Вајоминг на североисток, со Ајдахо на север и со Невада на запад. Исто така, Јута, има допирна точна со Ново Мексико.

Од религиска гледна точка, Јута е најхомогена држава во сојузот. Околу 60% од населението се членови на Црквата на Исус Христос на светците од последниот ден или познати како Мормони или Мормонска црква. Оваа црква има силно влијание врз културата и секојдневниот живот на Јута.[4][5]

Државата е центар за транспорт, информатичка технологија и истражување, владини сервиси, рударство и главна туристичка дестинација за туризам во природа. Според Бирото за попис на САД, Јута била најбрзо растечка сојузна држава во САД во 2008 година.[6] Сент Џорџ бил најбрзо растечки метрополски регион во САД во периодот од 2000 до 2005 година.[7]

Етимологија[уреди]

Името „Јута“ потекнува од името на племето Јути што значи „луѓе од планините“.[8] Прекарот на Јута е „Држава на пчелините кошници“.

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Јута.

Бирото за попис на САД проценило дека населението на Јута во јули 2011 година било 2,817,222, што значи се зголемило за 1.93% од минатиот попис во 2010.[9] Голем дел од населението живее во поголемите градови во Васач Фронт, метрополски регион во близина на планините Васач. Исто така се забележил пораст на населението и надвор од овој урбан регион.

Според етничкото потекло на населението, Јута е составена од:[10]

  • 27.3% со англиско потекло
  • 12.3% со скандинавско потекло: (5.8% со данско, 4.1% со шведско и 2.4% со норвешко)
  • 12.1% со германско потекло
  • 9.0% со мексиканско потекло
  • 6.6% со американско потекло
  • 6.2% со ирско потекло
  • 4.6% со шкотско потекло
  • 2.2% со француско потекло
  • 2.2% со велшко потекло
  • 1.4% со шкотско-ирско потекло
  • 1.3% со швајцарско потекло

Политика[уреди]

Како и останатите сојузни држави на САД, така и Јута, има извршна, законодавна и судска власт. Моментален гувернер на Јута е Гери Херберт,[11] кој ја презел функцијата на 11 август 2009 година. Гувернерот на Јута се избира за мандат од четири години. Законодавната власт на Јута е составена од Сенатот и Претставничкиот дом. Државните сенатори имаат мандат од четири години, додека претставниците мандат од две години. Врховниот суд на Јута е највисок суд во државата.

Административна поделба[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Окрузи во Јута.
Окрузите во Јута.

Јута е административно поделена на окрузи. Според административната поделба од 1918 година, државата има 29 окрузи.

Окрузи во Јута
округ седиште година на основање население (2010) % од вкупното население површина % од вкупната површина
Бивер Бивер 1856 6,162 0.23 % 2.592 sq mi (6,710 km2) 3.05 %
Бокс Елдер Бригам Сити 1856 49,975 1.79 % 6.729 sq mi (17,430 km2) 7.93 %
Кеш Логан 1856 112,656 4.12 % 1.173 кв. милјиs (3,040 km2) 1.38 %
Карбон Прајс 1894 21,403 0.71 % 1.485 sq mi (3,850 km2) 1.75 %
Дагет Манила 1918 938 0.03 % 723 sq mi (1,870 km2) 0.85 %
Дејвис Фармингтон 1852 306,479 10.79 % 634 sq mi (1,640 km2) 0.75 %
Душејн Душејн 1915 18,607 0.62 % 3.256 sq mi (8,430 km2) 3.84 %
Емери Касл Дејл 1880 10976 0.38 % 4.462 sq mi (11,560 km2) 5.26 %
Гарфилд Пејнгвич 1882 4,658 0.17 % 5.208 sq mi (13,490 km2) 6.13 %
Гранд Моаб 1890 9,589 0.35 % 3.694 sq mi (9,570 km2) 4.35 %
Ајрон Парован 1852 46,163 1.63 % 3.302 sq mi (8,550 km2) 3.89 %
Џуаб Нефи 1852 10,246 0.36 % 3.406 sq mi (8,820 km2) 4.01 %
Кејн Кејнаб 1864 6,577 0.24 % 4.108 sq mi (10,640 km2) 4.84 %
Милијард Филмор 1852 12,503 0.44 % 6.828 sq mi (17,680 km2) 8.04 %
Морган Морган 1862 8,669 0.32 % 611 sq mi (1,580 km2) 0.72 %
Пајут Џанкшн 1865 1,404 0.05 % 766 sq mi (1,980 km2) 0.90 %
Рич Рандолф 1868 2,205 0.08 % 1.086 sq mi (2,810 km2) 1.28 %
Солт Лејк Солт Лејк Сити 1852 1,029,655 37.37 % 808 sq mi (2,090 km2) 0.95 %
Сан Хуан Монтисело 1880 14,746 0.55 % 7.933 sq mi (20,550 km2) 9.34 %
Санпит Мантај 1852 27,822 0.93 % 1.603 sq mi (4,150 km2) 1.89 %
Севиер Ричфилд 1865 20,802 0.73 % 1.918 sq mi (4,970 km2) 2.26 %
Самит Колвил 1854 36,324 1.32 % 1.882 sq mi (4,870 km2) 2.22 %
Туила Туила 1852 58,218 2.08 % 7.287 sq mi (18,870 km2) 8.58 %
Јуинта Вернал 1880 32,588 1.09 % 4.499 sq mi (11,650 km2) 5.30 %
Јута Прово 1852 516,564 19.40 % 2.141 sq mi (5,550 km2) 2.52 %
Васач Хебер 1862 23,530 0.77 % 1.209 sq mi (3,130 km2) 1.42 %
Вашингтон Сент Џорџ 1852 138,115 5.03 % 2.430 sq mi (6,300 km2) 2.86 %
Вејн Лоа 1892 2,509 0.09 % 2.589 sq mi (6,710 km2) 2.90 %
Вебер Огден 1852 231,236 8.31 % 659 sq mi (1,710 km2) 0.78 %

Поголеми градови и населени места[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Список на градови во Јута.

Населението на Јута е сконцентрирано во две области: Васач Фронт, кој се наоѓа во северниот централен дел на државата и има население од над 2 милиони, и југозападна Јута, која е позната како Јутас Дикси и има население од околу 150,000 жители.

Според пописот од 2010 година, Јута била втора најбрзо растечка сојузна држава во САД со 23.8 проценти во периодот од 2000 до 2010 година, веднаш зад Невада. Сент Џорџ е исто така втор најбрзо растечки метрополски регион во САД.

Трите најбрзо растечки окрузи во периодот 2000-2010 година биле Васач (54.7%), Вашингтон (52.9%) и Туила (42.9%). Сепак, округот Јута добил најмногу прилив на население (148,028).

Ранг во
Јута
Град Население
(2010)
во градско подрачје
Територија Густина на
население
(/mi²)
Густина на
население
(/km²)
Округ
1 Солт Лејк Сити 186,440 1.091 sq mi (2,826 km2) 1,666.1 630 Солт Лејк
2 Вест Вели 129,480 354 sq mi (917 km2) 3,076.3 1236 Солт Лејк
3 Прово 112,488 396 sq mi (1,026 km2) 2,653.2 1106 Јута
4 Вест Џордан 103,712 309 sq mi (800 km2) 2,211.3 1143 Солт Лејк
6 Орем 88,328 184 sq mi (477 km2) 4,572.6 1881 Јута
5 Сенди 87,461 223 sq mi (578 km2) 3,960.5 1551 Солт Лејк
7 Огден 82,825 266 sq mi (689 km2) 2,899.2 1137 Вебер
8 Сент Џорџ 72,897 644 sq mi (1,668 km2) 771.2 385 Вашингтон
9 Лејтон 67,311 207 sq mi (536 km2) 2,823.9 1153 Дејвис
10 Тејлорсвил 58,652 107 sq mi (277 km2) 5,376.1 2094 Солт Лејк

Галерија[уреди]

„Еденска градина“

Местоположба[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Elevations and Distances in the United States“. U.S Geological Survey. 29 април 2005. http://erg.usgs.gov/isb/pubs/booklets/elvadist/elvadist.html#Highest. конс. 8 ноември 2006. 
  2. Arave, Lynn. „Utah's basement — Beaver Dam Wash is state's lowest elevation“. Deseret Morning News. http://deseretnews.com/dn/view/0,1249,645197370,00.html. конс. 8 март 2007. 
  3. „Introduction“. „QGET Databook“. http://governor.utah.gov/dea/QGET/DataBook/4.htm. конс. 27 август 2009. 
  4. U.S. Religious Landscape Survey 2008, the Pew Forum on Religion & Public Life, pp 99–100. Retrieved July 2, 2008.
  5. Salt Lake City (17 јануари 2008). „LDS Church reports its membership records“. Newsroom.lds.org. http://www.newsroom.lds.org/ldsnewsroom/eng/news-releases-stories/utah-membership. конс. 31 јули 2010. 
  6. Utah is Fastest-Growing State“, U.S. Census Bureau, 22 декември 2008 (конс. 29 април 2009).
  7. Appendix E. – Ranking Tables“, „State and Metropolitan Area Data Book: 2006“, U.S. Census Bureau, 22 декември 2008 (конс. 29 април 2009).
  8. Utah Quick Facts at Utah.gov
  9. „Annual Estimates of the Resident Population for the United States, Regions, States, and Puerto Rico: April 1, 2010 to July 1, 2011“ (CSV). „2011 Population Estimates“. United States Census Bureau, Population Division. декември 2011. http://www.census.gov/popest/data/state/totals/2011/tables/NST-EST2011-01.csv. конс. 21 декември 2011. 
  10. American FactFinder, United States Census Bureau. „2007–2009 American Community Survey 3-Year Estimates“. Factfinder.census.gov. http://factfinder.census.gov/servlet/ADPTable?_bm=y&-geo_id=04000US49&-qr_name=ACS_2009_3YR_G00_DP3YR2&-context=adp&-ds_name=&-tree_id=3309&-_lang=en&-redoLog=false&-format=. конс. 2 ноември 2011. 
  11. „State of Utah: Office of the Governor“. Utah.gov. 20 јули 2010. http://www.utah.gov/governor/. конс. 31 јули 2010. 

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Општо

Влада

Воени

Карти и демографија

Туризам

Административна поделба на САД
Сојузни држави Ајдахо | Ајова | Алабама | Аљаска | Аризона | Арканзас | Вајоминг | Вашингтон | Вермонт | Вирџинија | Висконсин | Делавер | Западна Вирџинија | Илиноис | Индијана | Јужна Дакота | Јужна Каролина | Јута | Калифорнија | Канзас | Кентаки | Колорадо | Конектикат | Луизијана | Масачусетс | Мејн | Мериленд | Минесота | Мисисипи | Мисури | Мичиген | Монтана | Небраска | Невада | Њујорк | Њу Мексико | Њу Хемпшир | Њу Џерси | Оклахома | Охајо | Орегон | Пенсилванија | Род Ајленд | Северна Дакота | Северна Каролина | Тексас | Тенеси | Хаваи | Флорида | Џорџија
Федерален округ Колумбија
Островски територии Американска Самоа | Американски Девствени Острови | Гуам | Порторико | Северни Маријански Острови
Оддалечени острови Џонстонов Атол | Бејкеров Остров | Вејк | Кингмен | Мидвејски Острови | Наваса | Палмирски Атол | Џарвисов Остров