Соединети Американски Држави
Од Википедија
- Оваа статија е за Соединетите Американски Држави. За други употреби на поимите кои пренасочуваат тука, видете САД (појаснување) или Соединети Држави (појаснување).
| United States of America
Соединети Американски Држави
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
|
||||||
| Мото: In God We Trust (официјално) (Во Бога веруваме) E Pluribus Unum (латински; традиционално) (Од многуте, едно) |
||||||
| Химна: "The Star-Spangled Banner" |
||||||
| Главен град | Вашингтон |
|||||
| Најголем град | Њујорк | |||||
| Официјални јазици | Не постои на федерално ниво1 | |||||
| Национален јазик | Англиски (де факто)2 | |||||
| Демоним | Американец | |||||
| Облик на управување | Федерална уставна република | |||||
| - | Претседател | Барак Обама (Д) | ||||
| - | Потпретседател | Џо Бајден (Д) | ||||
| - | Спикер на претставничкиот дом | Ненси Пелоси (Д) | ||||
| - | Шеф на правдата | Џон Робертс | ||||
| Независност од кралството на Велика Британија | ||||||
| - | Прогласена | 4 јули, 1776 | ||||
| - | Призната | 3 септември, 1783 | ||||
| - | Моментален устав | 21 јуни, 1788 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупно | 9.826.630 km² [1](3та/4та 3) | ||||
| - | Вода (%) | 6,76 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2009 | 306.035.000[2] (3та 4) | ||||
| - | попис од 2000 | 281.421.906[3] | ||||
| - | Густина | 31/km² (180та) | ||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $14,334 трилиони[4] (1ва) | ||||
| - | На жител | $47.025[4] (6та) | ||||
| БДП (номинален) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $14,334 трилиони[4] (1ва) | ||||
| - | На жител | $47.025[4] (17та) | ||||
| Џини (2007) | 46.3[5] | |||||
| ИЧР (2006) | ▼ 0,950 (висок[6]) (15та) | |||||
| Валута | Американски долар ($) (USD) |
|||||
| Временска зона | (UTC-5 до -10) | |||||
| - | Лето (ЛСВ) | (UTC-4 до -10) | ||||
| Се вози од | десно | |||||
| Интернет домен | .us .gov .mil .edu | |||||
| Повикувачки број | +1 | |||||
| 1 | Англискиот е официјален на барем 28 федерални држави-нокои извори даваат поголема бројка, базирајќи се на различни дефиниции на „официјален“.[7] Англискиот и хавајскиот се и обата официјални јазици на федералната држава Хаваи. | |||||
| 2 | Англискиот е де факто јазик на американската влада и единствениот јазик кој се зборува во домот на 82% од Американците постари од пет години. Шпанскиот е вториот најзастапен јазик. | |||||
| 3 | Дали имаат поголема територија Соединетите Американски Држави или Народна Република Кина е нерасчистено. Бројката е дадена од службата на централната разузнавачка агенција на САД наречена World Factbook. Други извори даваат помали бројки. Сите авторитативни пресметки на големината на државата ги вклучуваат само педесетте држави и федералната област Колумбија, а не териториите. | |||||
| 4 | Проценката за бројот на населението вклучува лица чиешто вообичаено живеалиште се наоѓа во педесетте држави и федералната област Колумбија, вклучувајќи и недржавјани. Не ги вклучува ниту оние кои живеат во териториите, околу четири милиони државјани на САД (најголемиот дел во Порто Рико), ниту пак државјаните на САД кои живеат надвор од Соединетите Држави. | |||||
Соединетите Американски Држави (најчесто нарекувани САД, Соединетите Држави или Америка) се федерална уставна република која се состои од педесет држави и една федерална област. Државата е сместена претежно во средишниот дел од Северна Америка, а нејзините 48 континентални држави и Вашингтон, се наоѓаат помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан, граничејќи се со Канада на север и Мексико на југ. Федералната држава Алјаска се наоѓа во северо-западниот дел на континентот, граничејќи со Канада на исток и Русија на запад преку Беринговиот Проток. Федералната држава Хаваи е архипелаг во средниот пацифик. Соединетите Држави исто така имаат под нивна јурисдикција и неколку територии и островски области, во Карибикот и Пацификот.
Содржина |
[уреди] Политички поделби
Освен сојузните држави, Соединетите Американски Држави содржат и едан Федерален дистрикт; Федералниот округ Колумбија, каде е сместен Вашингтон. Неколку острвски територии се истотака во саставот на САД. Тоа се: Американски Самоа; островот Бејкер; Гуам; островот Хауланд; островот Џарвис; атолот Џонстон; Кингман Риф; атолот Мидвеј; Наваса островот; Северни Маријански Острови; атолот Палмyра; Порторико; Американски Девствени Острови и Вејк островот.
[уреди] Етимологија на име
[уреди] Историја
[уреди] Создавање на САД
Во почетокот на XVI век, на американскиот континент стигнале првите доселеници, со надеж дека ќе најдат злато, но мнозина умреле од маларија, а некои се вратиле таму одкаде што дошле. До крајот на XVIII век најмногу доселеници имало од Англија, бидејќи таа ги победила Холандија и Франција и ги истиснала нивните доселеници. Таму имала 13 колонии со околу 3.5 милиони жители. Реката Потомак ги делела овие колонии на северни и јужни. Во северните колонии преовладувало ситно селско фармерско стопанство во кое бил применуван слободниот труд. Во јужните колонии имало огромни плантажи на тутун, памук, шеќерна репка и др. каде бил во употреба бесплатниот робовски труд.
[уреди] Војна за независност
Англискиот парламент за да ги заштити интересите на својата буржоазија, настојувал да го ограничи развитокот на трговијата и индустријата на американските колонии. Забранил да се гради машинска и текстилна индустрија, а производите од овие гранки наредил да се увезуваат од Англија, забранил луѓето бесплатно да се населуваат во западните краеви, што ги држеле Индијанцијате. Овие ограничувања предизвикале незадоволство во американските колонии и кај младата американска буржоазија. Револтот бил уште поголем кога бил донесен законот за Такса, со кој во сите трговски операции се наплаќале такси во полза на Англија. Претставници на американските колонии во 1774 г. се собрале на конгрес во Филаделфија и го замолиле англискиот крал да ги укине сите ограничувања. Кралот ги одбил нивните барања и тоа било повод во 1775 г. колониите да започнат борба за слобода и независност, на чело со големиот патриот Џорџ Вашингтон (1732-1799 г.). Колонистите се чувствувале како Американци и во борбата влегувале доброволно и со голем патриотски дух. Во текот на војната американскиот конгрес на 4 јули 1776 г. ја донел Декларацијата за независност, што ја подготвил Томас Џеферсон. Со неа американските колонии се прогласиле за самостојна, слободна и независна држава под име Соединети Американски Држави - САД. На страната на американските колонии се бореле Франција и Холандија кои сакале да го уништат својот најголем непријател - Англија. Војната завршила во 1781 г. со победа на Американските колонии, а во 1783 г. во Версај, Англија ја признала независноста на САД.
[уреди] Државно уредување на САД
Уште во текот на војната, во 1781 г. бил донесен првиот Устав на новата држава, со кој таа била прогласена за конфедерација. Конфедерацијата претставувала не многу цврст сојуз на држави. Во неа секоја држава имала сопствена војска, финансии и царински граници. Ваквото државно уредување се покажало несоодветно, па во 1787 г. Конгресот донел нов Устав со кој била засилена централната власт. Со новиот Устав се предвидувало на чело на извршната власт на републиката да стои претседател,избиран на 4 години. За прв претседател на САД бил избран Џорџ Вашингтон. Законодавната власт ја имал Парламентот, наречен Конгрес, составен од два дома: Горен дом или Сенат, во кој секоја држава испраќала по двајца претставници, и Долен дом или Дом на пратениците, во кој секоја држава избирала пратеници според бројот на жители. Над сите органи стоел Врховниот суд, кој можел да поништува секакви закони за кои сметал дека се противуставни. Изборното право на граѓаните било ограничено, право на глас имале само оние кои имале сопственост, жените не добиле право на глас и ропството не било укинато.
[уреди] Граѓанската војна (1861-1865 г.)
Капиталистичкото стопанство во САД се повеќе се развивало, но не подеднакво и рамномерно во сите сојузни држави. Во северните држави јакнела машинската индустрија, а растел и бројот на работничката класа. Во јужните држави индустријата скоро не била развиена. Сите земјоделски суровини биле извезувани во Англија, а оттаму робовладетелите купувале индустриски производи, такашто индустриските производи на северните држави не можеле да бидат пласирани во јужните. Спротивностите во стопанскиот и општествениот развиток на САД и немање на единствен пазар во државата довело до судирање помеѓу Северот и Југот. Како повод за тоа послужило избирањето на Абрахам Линколн (1809-1865 г.) за претседател на Сад. Тој и неговата Републиканска партија биле против ропството, а за бесплатната поделба на слободната земја на Запад на сиромашните фармери. Поради тоа во знак на протест, во 1861 г., 6 јужни држави се отцепиле од САД и формирале свој сојуз, наречен Конфедерација. Истата година Јужните држави повеле војна против Северните. Индустрискиот север имал околу 20 милиони жители, а робовладетелскиот Југ околу 12 милиони, од кои 4 милиони биле робови - црнци, непријателски расположени кон своите господари. Робовладетелите се чувствувале посилни бидејќи биле подобро вооружени, а и се надевале на помош од Англија. Во почетокот војната била во корист на Југот, но претседателот на САД, Абрахам Линколн, преку Конгресот го спровел законот за бесплатно доделување на земјата на запад и законот за укинување на ропството. Голем број на фармери, работници и црнци, влегле во редовите на Северната војска, со што војната добила општонароден отпор против ропството. По 4 годишна борба граѓанската војна завршила во пролетта 1865 г. со победа на Северните држави. Во деновите на прославувањето на победата, претседателот Абрахам Линколн бил убиен. Граѓанската војна овозможила капитализмот во САД да се развива побрзо од сите други земји. САД прераснале во најмоќна индустриска и земјоделска земја во светот и започнала да се меша во меѓународните односи.
[уреди] Користена литература
- „Историја“ од Јорданка Патковиќ.
[уреди] Географија и клима
[уреди] Политички систем
[уреди] Економија
[уреди] Население, јазик и религија
[уреди] Најголемите градови
- Њујорк, Њујорк- 8,008,278
- Лос Анџелес, Калифорнија - 3,694,820
- Чикаго, Илиноис - 2,896,016
- Хјустон, Тексас - 1,953,631
- Филаделфија, Пенсилванија - 1,517,550
- Феникс, Аризона - 1,321,045
- Сан Диего, Калифорнија - 1,223,400
- Далас, Тексас - 1,188,580
- Сан Антонио, Тексас - 1,144,646
- Детроит, Мичиген - 951,270
- Сан Хозе, Калифорнија - 894,943
- Индијанаполис, Индијана - 791,926
- Сан Франциско, Калифорнија - 776,733
- Џексонвил, Флорида - 735,617
- Колумбус, Охајо - 711,470
- Остин, Тексас, Тексас - 656,562
- Балтимор, Мериленд - 651,154
- Мемфис, Тенеси - 650,100
- Милвоки, Висконсин - 596,974
- Бостон, Масачусетс - 589,141
[уреди] Култура во САД
[уреди] Музика во САД
[уреди] Спорт во САД
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Видете исто така
[уреди] Референци
- ↑ Грешка во цитирање: Погрешна
<ref>ознака; нема текст за наводот означен какоWF. - ↑ Грешка во цитирање: Погрешна
<ref>ознака; нема текст за наводот означен какоPOP. - ↑ „Population Finder: United States“. U.S. Census Bureau. 2000. http://factfinder.census.gov/servlet/SAFFPopulation?_submenuId=population_0&_sse=on. Пребарано на 2007-12-20.
- ↑ Грешка во цитирање: Погрешна
<ref>ознака; нема текст за наводот означен какоIMF_GDP. - ↑ Грешка во цитирање: Погрешна
<ref>ознака; нема текст за наводот означен какоUSCB_IP.26HIC_2007. - ↑ „The Human Development Index—Going Beyond Income“. Human Development Report 2007. United Nations Development Program. http://hdrstats.undp.org/countries/country_fact_sheets/cty_fs_USA.html. Пребарано на 2007-11-27.
- ↑ Грешка во цитирање: Погрешна
<ref>ознака; нема текст за наводот означен какоILW.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
| Соединети Американски Држави Политичка поделба |
|
|---|---|
| Федерален округ | Округ Колумбија |
| Држави | Ајдахо | Ајова | Алабама | Аљаска | Аризона | Арканзас | Вајоминг | Вашингтон | Вермонт | Вирџинија | Висконсин | Делавер | Западна Вирџинија | Илиноис | Индијана | Јужна Дакота | Јужна Каролина | Јута | Калифорнија | Канзас | Кентаки | Колорадо | Конектикат | Луизијана | Масачусетс | Мејн | Мериленд | Минесота | Мисисипи | Мисури | Мичиген | Монтана | Небраска | Невада | Њујорк | Њу Мексико | Њу Хемпшир | Њу Џерси | Оклахома | Орегон | Охајо | Пенсилванија | Род Ајленд | Северна Дакота | Северна Каролина | Тексас | Тенеси | Флорида | Хаваи | Џорџија |
| Придружни држави | Американска Самоа | Гуам | Северни Маријански Острови | Порторико | Девствени острови |
| Острвски територии | Бејкер | Вејк | Џарвис | Кингмен | Мидвеј | Наваса | Палмира | Атол Џонсон |
