Север
Од Википедија
Север е правец во географијата и една од четирите страни на светот. Се наоѓа на спротивната страна од југ и на 90 степени од исток и запад. Во навигацијата со компас, север е означен со агол од однос 0° или 360°.
Географски север е во дирекцијата спрема северниот крај на оската околу која се врти земната топка, завршувајќи со северниот пол.
Магнетен север е во дирекцијата на северната магнетска точка која варира и е обично далеку од северниот географски пол.