Памук (науч. ) — најважна индустриска култура за добивање предиво и ткаенини. Тој најдобро успева во суптропските предели каде што има плодни почви и доволно топлина. За време на растителността тој треба да се наводнува, а за бербата е потребен сушен период. Најпознатите области за одгледување памук се наоѓаат во државите Казахстан, Узбекистан, Туркменистан, долината на Нил во Египет, долините на Хоангхо, Јанцекјанг во Кина, потоа во САД, Мексико и други места.
Памукот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
„Полиња со памук“ (Cotton Fields) - песна на американската рок-група „Криденс Клирвотер Ривајвл“ (Creedence Clearwater Revival).[2]
„Памучна круна“ (Cotton Crown) - песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1987 година.[3]
„Одење по жица над поле полно памук“ - песна на македонската рок-група Funk Shui.[4]