Узбекистан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Република Узбекистан
O‘zbekiston Respublikasi
Знаме Грб
ХимнаНационална химна на Узбекистан
Главен град
(и најголем град)
Ташкент
41°16′N 69°13′E / 41.267°N 69.217°E / 41.267; 69.217
Службен јазик узбечки
Демоним Узбекистанци[1]
Уредување Република
 -  Претседател Ислом Каримов
 -  Премиер Шавкат Мирзијојев
Независност од Советски сојуз 
 -  Формирана 17471 
 -  Прогласена Септември 1 1991 
 -  Призната Декември 8 1991 
 -  Завршено Декември 25 1991 
Површина
 -  Вкупна 447.400 km2 (56- та)
172.742 sq mi 
 -  Вода (%) 4.9
Население
 -  проценка за Јули 2005 26,593,000 (44th)
 -  Густина 59/km2 (136th)
153/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2005
 -  Вкупен $50.395 billion (74- та)
 -  По жител $2,283 (145- та)
Џини (2000) 26.8 (low
ИЧР (2007) 0.702 (medium) (113- та)
Валута Узбекистански сом (Uzbekiston so'mi) (UZS)
Часовен појас UZT (UTC+5)
 -  (ЛСВ) не е набљудувано (UTC+5)
НИД .uz
Повик. бр. 998
1 As Bukharian Emirate, Kokand Khanate, Khwarezm.

Узбекистан е држава во Средна Азија, која се наоѓа помеѓу Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Авганистан и Туркменистан. Главен град е Ташкент. Нема излез на море. Зафаќа површина од 447,400 km². Валутата која се користи во оваа земја се нарекува узбекистански сом.

Содржина

[уреди] Етимологија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Име на Узбекистан.

Името Узбекистан е составено од зборовите uz („свое“ на турските јазици), bek („господар“ на согдијски јазик) и -stan (персиски збор за „земја“). Така, името протолкувано значи „дом на слободните“ или „земја на слободните“.

[уреди] Историја

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Узбекистан.

До распаѓањето на СССР во 1991 година Узбекистан е советска република како Узбекска ССР. От 1 септември 1991 е независна држава. Без излез на море, Узбекистан е вториот извозник на памук во светот по обем. Основни проиизвотство е златото.

Територијата на Узбекистан е центар на многу древни цивилизации. Во 6 век п.н.е. земјите на денешен Узбекистан влегувале во составот на Персиската империја при династијата на Ахеменидите.

Во 327 п.н.е. земјата била под власта на Александар Македонски по војната со Дариј III. Победата на Александар Македонски над персиската армија го дава крајот на владеење на династијата на Ахеменидите.

Арапите ја освојуваат територијата на денешен Узбекистан во 712 година. Со доаѓањето на Арапите започнува и исламизацијата на локалните народи, кои до тогаш се приврзеници на зороастризмот. Династијата на Саманидите е првата персиска династија, која ја наметнува својата власт над земјите на денешен Узбекистан (819-1005). Големиот монголски владетел Тимур (1336-1405), роден во град Самарканд, основа моќна империја, која ги опфаќа земјите на цела Средна Азија. Неговата држава пропаѓа во 1507 година и паѓа во рацете на узбешката династија на Шајбанидите.

Узбекистан бил освоен од Русите кон крајот на 19 век со победата на рускиот генерал Михаил Црнарев. Во 1884 година ги потчинуваат прво Бухарското ханство и ханството Хива, а после тоа и источните области на денешен Узбекистан, вклучително и Ташкент. Освоените територии во Средна Азија се вклучени во составот на Руската империја и се организирани во герерал-губернаторство Туркестан.

Во 1924 година е образувана Узбешка Советска Социалистичка Република. Следната година (1925) Узбешката ССР влегува во составот на Советскиот сојуз.

Со распаѓањето на СССР на 1 септември 1991 година Узбекистан ја прогласува својата независност.

[уреди] Географија и клима

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Узбекистан.

Аралското Море, кое се наоѓа помеѓу Узбекистан и Казакстан доживува големо намалување на својата површина и самата ситуација доведува до создавање на голема еколошка катастрофа. Според проценките, во 2025 година езерото ќе исчезне.

[уреди] Политички систем

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Узбекистан.

[уреди] Административна поделба

[уреди] Економија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Узбекистан.

[уреди] Демографија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Узбекистан.

[уреди] Култура

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Узбекистан.

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Видете исто така

Узбекистан
Coat of Arms of Uzbekistan.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Узбекистан



други земји
 Портал „Политика“
преглед · разговор · уреди

Заедница на независни држави

Азербејџан | Белорусија | Грузија | Ерменија | Казахстан | Киргистан | Молдавија | Русија | Таџикистан | Туркменистан | Узбекистан | Украина

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици