Република Алтај
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
- Ова е статија за руска република. За други значења, види Алтај (појаснување).
| Республика Алтай Алтай Республика Република Алтај
|
|||||
|---|---|---|---|---|---|
| Држава: | Русија | ||||
| Федерален округ: | Сибирски | ||||
| Површина: | 92.600 km² | ||||
| Население: | 202.947 (2002.) | ||||
| Главен град: | Горно Алтајск | ||||
| Густина на населението: | 2,2 стан./km² | ||||
Алтај (рус. Республика Алтай) е автономна република во составот на Руската Федерација. Има површина од 92.600 km². Има 202.947 жители. Се наоѓа во самиот центар на Азија, каде се спојуваат руската тајга, степите на Казахстан и полупустините на Монголија. Главен град е Горно Алтајск.
Шумите покриваат 25% од територијата. Најголеми реки се Катун и Бија. Постојат повеќе од 7.000 езера со вкупна површина од 700 km². Најголемо е Телецкоје Езеро, кое е долго 80 километри и 5 километри широко. Најголема длабочина на тоа езеро е 325 метри. Републиката се наоѓа точно внатре во планинскиот систем Алтај. Постојат минерални извори во планинитe Алтај. На Алтај се наоѓаат и многу глечери. Што се однесува на рудното богатство, Република Алтај располага со злато, сребро, литиум, железна руда. На пониските предели климата е умерено континентална.
[уреди] Население
Населението во републиката чини 203,900 жители. (2005). Густината на населението е: 2,2 жит./км² (2005), уделот на градското население е: 25,9 % (2005). Според пописот во 2002 во Алтај живеат следниве народи:
| Народ | Население, илјади.жит. | % од вкупното население |
|---|---|---|
| Руси | 116,5 | 57,4 |
| Алтајци | 62,2 | 30,6 |
| Казакстанци | 12,1 | 6,0 |
| Теленгити | 2,4 | 1,2 |
| Тубалари | 1,5 | 0,8 |
| Украинци | 1,4 | 0,7 |
| Кумандинци | 0,9 | 0,5 |
| Германци | 0,9 | 0,4 |
| Челканци | 0,8 | 0,4 |
| Ерменци | 0,5 | 0,2 |
| Татари | 0,5 | 0,2 |
| Белоруси | 0,3 | 0,1 |
| Азербејџанци | 0,3 | 0,1 |
| Др. националности | 2,7 | 1,4 |
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Република Алтај“ |
|
|||||||||||||||