Севастопол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Севастопол
Севастополь
Aqyar
Поглед на Севастопол

Знаме

Грб
Севастопол се наоѓа во Крим
Севастопол
Карта на Крим каде е означен Севастопол
Координати: 44°36′00″ СГШ 33°31′48″ ИГД / 
Држава  Русија (де факто)
 Украина (де jуре)
Федерален град Севастопол
Основан 1783
Управа
 • Управник Алексеј Чалиј
Површина
 • Вкупна 864 км2
Надм. вис. 100 м
Население (2007)
 • Вкупно 379.200 жит.
Час. појас MSK (UTC+4)
Пошт. бр. 299000—299699
Повик. бр. +380-692
Рег. таб. CH
Портал sev.gov.ua

Севастопол[1] (руски и украински: Севасто́поль; кримскотатарски: Aqyar) — еден од трите федерални града во Русија, сместен на црноморскиот брег на полуостровот Крим. Иако географски му припаѓа на полуостровот, Севастопол ужива управна посебност и не претставува дел од Република Крим.

Уникатната географска положба и условите за впловување во градските пристаниште го направиле Севастопол стратешки важна точка за морнарицата. Исто така, градот е туристички центар и одморалиште, главно за посетителите од земјите на ЗНД. Градот, порано седиште на руската (тогашна советска) Црноморска флота — денес поморска база на руската и украинската воена морнарица и истата флота.

По падот на Советскиот сојуз, пристаништето во Севастопол се соочиле со зголемен промет, и покрај потешкотиите во поглед на заедничката воена контрола над пристаништата и доковите.

По Крмската криза од 2014 г, и референдумот за отцепување од Украина и припојување на Крим кон Русија, Севастопол станува федерален град на Русија.

Исто така, Севастопол е важен истражувачки центар на морската биологија. Особено застапено е изучувањето и тренирањето на делфини, кое започнало во градот до крајот на Втората светска војна. Севастопол ужива во потопла клима од околните региони, со свежи зими и умерено топли лета.

Наводи[уреди]

  1. Правопис на македонскиот јазик, стр. 167, Просветно Дело, Скопје, 2007

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Русија

Надворешни врски[уреди]