Административна поделба на Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Украина е поделена на 27 единици: 24 области и еден град со специјален статус.

Административната поделба на Украина е непосредно наследена од администрирањето на украинската ССР во рамките на Советскиот Сојуз и била многу менувана од средината на XX век. Таа е малку сложена, бидејќи содржи поголем број на територијална поделба и исто така има своја класификација за разни населби.

Поранешни единици[уреди]

Сè до март 2014 г. Украина ги опфаќала и Автономната Република Крим и Севастопол како град со специјален статус. Таа година Крим се соочил со безбедносна опасност поради украинската криза и распишал референдум, каде народот во огромно мнозинство изгласал отцепување од Украина и припојување кон Руската Федерација. Во март истата година полуостровот преминал во руската Република Крим, а Севастопол станал федерален град на Русија.

Структура[уреди]

Постојат три поголеми административни единици: област (регион), реон (округ) и населби: град, урбани и рурални населби.

Области[уреди]

Областите се големи административни подрачја во земјата. Скоро секоја област е именувана по нејзиниот административен центар, додека две од нив се именувани по историски области. Покрај 24-те области, постои еден со специјален статус — Киев.

Област Украински Површина (км²) Население (2010) Густина Админ. центар Реони Градови[1]
Coat of Arms of Vinnytsa Oblast.svg Виничка област Вінницька область 26.513 1.646.250 61,85 Виница 27 6
Volyn coat of arms.svg Волинска област Волинська область 20.144 1.038.223 51,49 Луцк 16 4
Large Coat of Arms of Dnipropetrovsk Oblast.svg Днепропетровска област Дніпропетровська область 31.974 3.344.073 104,25 Днепропетровск 22 13
Coat of Arms of Donetsk Oblast 1999.svg Донечка област Донецька область 26.517 4.448.031 166,95 Донецк 18 28
Coat of Arms of Zhytomyr Oblast.png Житомирска област Житомирська область 29.832 1.283.201 42,84 Житомир 23 5
Karptska Ukraina-2 COA.svg Закарпатска област Закарпатська область 12.777 1.246.323 97,64 Ужгород 13 5
Coat of Arms of Zaporizhzhya Oblast.png Запорошка област Запорізька область 27.180 1.805.431 66,21 Запорожје 20 5
Coat of Arms of Ivano-Frankivsk Oblast.svg Ивано-Франковска област Івано-Франківська область 13.928 1.380.770 99,05 Ивано-Франковск 14 5
Herb Kyivskoi oblasti 1.svg Киевска област Київська область 28.131 1.719.602 61,05 Киев 25 13
Coat of Arms of Kirovohrad Oblast.svg Кировоградска област Кіровоградська область 24.588 1.014.809 41,02 Кировоград 21 4
Coat of Arms of Lviv Oblast.png Лавовска област Львівська область 21.833 2.545.634 116,49 Лавов 20 9
Coat of Arms Luhansk Oblast.svg Луганска област Луганська область 26.684 2.300.412 85,74 Луганск 18 4
Coat of Arms of Mykolaiv Oblast.png Николаевска област Миколаївська область 24.598 1.186.452 48,06 Николаев 19 5
Coat of Arms of Odesa Oblast.svg Одеска област Одеська область 33.310 2.387.636 71,69 Одеса 26 7
Coat of Arms of Poltava Oblast.png Полтавска област Полтавська область 28.748 1.493.668 51,68 Полтава 25 5
Rivne Oblast coat of arms.svg Ровненска област Рівненська область 20.047 1.152.576 57,50 Ровне 16 4
Coat of Arms of Sumy Oblast.svg Сумска област Сумська область 23.834 1.166.765 48,66 Суми 18 7
Coat of Arms of Ternopil Oblast.svg Тернополска област Тернопільська область 13.823 1.086.694 78,36 Тернопол 17 1
COA of Kharkiv Oblast.svg Харковска област Харківська область 31.415 2.755.177 87,61 Харков 27 7
Coat of Arms of Kherson Oblast.svg Херсонска област Херсонська область 28.461 1.091.151 38,20 Херсон 18 3
Coat of Arms of Khmelnytskyi Oblast.svg Хмелничка област Хмельницька область 20.645 1.331.534 64,22 Хмелницки 20 6
Coat of Arms of Cherkasy Oblast.svg Черкаска област Черкаська область 20.900 1.291.135 61,44 Черкаси 20 6
Coat of Arms of Chernihiv Oblast.svg Черниговска област Чернігівська область 31.865 1.104.241 34,41 Чернигов 22 3
Coat of Arms of Chernivtsi Oblast.svg Черновечка област Чернівецька область 8.097 903.782 111,67 Черновци 11 2
COA of Kyiv Kurovskyi.svg Киев Київ 839 2.782.016 3.337,78 Киев 10 1

Град со специјален статус[уреди]

Гавниот град Киев има специјален статус, што значи дека е во непосредна надлежност на централната влада.

Окрузи[уреди]

Реоните се мали територијални единици во Украина. Постојат преку 450 реони во 24-те области. Просечната површина на еден украински реон е 1.200 км², додека просечното население е 52.000 луѓе.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Се однесува на градовите наречени „градови од обласно значење“ (украински: міста обласного значення) и се во надлежност на обласната управа наместо на управите на нивните реони.

Надворешни врски[уреди]