Виница (Украина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виница
Вінниця
Старата кула за вода во Виница (сега Музеј на воените ветерани)
Старата кула за вода во Виница (сега Музеј на воените ветерани)
Знаме на ВиницаГрб на Виница
Карта на Украина на која е означена Виница
Карта на Украина на која е означена Виница
Координати: 49°14′0″N 28°29′0″E / 49.23333° СГШ; 28.48333° ИГД / 49.23333; 28.48333Координати: 49°14′0″N 28°29′0″E / 49.23333° СГШ; 28.48333° ИГД / 49.23333; 28.48333
Држава
Област
Реон
Украина
Виничка област
Градска Општина Виница
Основан1363
Управа
 • Претседавач на градскиот
совет
Володимир Борисович Гројсман
Површина
 • Вкупна79,94 км2 (3,087 ми2)
Население
 • Вкупно370.100
 • Густина5.066/км2 (13,120/ми2)
Поштенски број21000-
Повик. бр.+380 43
Мреж. местоwww.vmr.gov.ua

Виница (украински: Ві́нниця) — град, сместен на бреговите на реката Јужен Буг, во средишниот дел на Украина. Таа е административен центар на Виничката област.

Имиња[уреди | уреди извор]

Виница е исто така позната по големиот број на варијанти на своето име во другите јазици: руски: Ви́нница, полски: Winnica, германски: Winniza и романски: Vinniţa. Сите овие имиња потекнуваат од словенскиот збор за винова лоза.

Историја[уреди | уреди извор]

Виница бил важен трговски и политички центар од 14 век, кога Федир Коријатович, внук на литванскиот војвода Олгерд, изградил тврдина (1363) против татарските напади на бреговите на реката Јужен Буг. Оттогаш, градот станал важен дел во наредните спорови помеѓу Литванија, Татарите (кои ја запалиле тврдината во 1580), Полска, Турција (кои владееле со градот и областа од 1672 до 1699), Козаците и на крајот Русија, која го припоила градот и областа по Втората поделба на Полска во 1793. Русија започнала да ги брише римокатоличките траги од градот - католичките цркви во градот (вклучувајќи ја и сегашната Катедрала) биле претворени во руски православни цркви.

Гробниците на жртвите од Виничкиот масакр во текот на сталинистичката репреција од 1937–1938 биле ексхумирани од Германците во 1943.

Адолф Хитлер го поставил своето најисточно седиште Führerhauptquartier Werwolf близу градот и поминал неколку недели таму во 1942 и на почетокот на 1943.

Во самиот град и неговата околина биле извршени неколку нацистички злосторства од Einsatzgruppe D. Проценките за бројот на жртвите се движат до најмногу 28.000. Овие проценки ги вклучуваат и целосното истребување на големото еврејско население во градот.

Географија[уреди | уреди извор]

Виница се наоѓа околу 260 километри од украинскиот главен град, Киев, 429 километри од пристанишниот град Одеса и 369 километри од Лавов.

Тој е административен центар на Виничката област, како и административен центар на околниот Винички реон во рамките на областа. Самиот град е исто така означен како сопствен реон во рамките на областа и припаѓа на историската област Подилја.

Меѓународниот аеродром Гавришивка (IATA: VIN, ICAO: UKWW) се наоѓа во Виница.[1][2] Од крајот на Втората светска војна, Виница била дом на голема советска база на воздухопловните сили, вклучувајќи аеродром, болница, касарни и други воени објекти. Во градот во периодот 1960 и до раните 1990-ти се наоѓала и 43. ракетна армија.[3] Воедно, во градот се наоѓала и 24. воздухопловна армија, која се наоѓала во Виница од 1960 до 1992. Командата на украинските воздухопловни сили се наоѓа во Виница од 1992.

Клима[уреди | уреди извор]

Долгите топли лета со голема влажност и релативно кратките зими се карактеристични за Виница. Просечната температура во јануари е -5,8 °C и 18,3 °C во јули. Просечните годишни врнежи се 638 мм.

Низ годината, 6-9 дена се случуваат снежни виулици, 37-60 дена во годината има магла во текот на есента и зимата и 3-5 дена има грмотевици и поројни дождови.

Клима на Виница
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Апсолутна максимална (°C) 11,6 17,3 22,3 29,4 32,2 35,0 37,8 36,5 31,5 28,6 19,9 15,4 37,8
Просечна максимална (°C) −1,4 −0,3 5,2 13,4 20,1 22,7 24,8 24,3 18,7 12,4 4,7 −0,4 12,0
Просечна температура (°C) −4,1 −3,3 1,2 8,3 14,5 17,4 19,2 18,6 13,4 7,8 1,7 −2,8 7,7
Просечна минимална (°C) −6,7 −6,1 −2,2 3,7 9,1 12,3 14,1 13,4 8,9 4,0 −0,8 −5,2 3,7
Апсолутна минимална (°C) −35,5 −33,6 −24,2 −12,7 −2,8 2,5 5,2 1,5 −4,5 −11,4 −24,6 −27,2 −35,5
Просечно кол. врнежи (мм) 29 28 30 45 50 94 83 66 64 30 37 35 591
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 7 6 9 13 14 15 15 11 12 11 12 9 134
Сончеви часови (месечно) 58,9 70,6 114,7 171,0 248,0 255,0 266,6 260,4 195,0 133,3 57,0 40,3 1.870,8
Извор: Pogoda.ru.net[4]; Хонгконгшка опсерваторија.[5]

Градби[уреди | уреди извор]

  • ТВ Кула Виница
  • Баптистичка црква - Виница е дом на една од најголемите евангелистички цркви во цела Европа.
  • Музеј за авганистанската војна и спомен-парк за словенската војна – Музејот за авганистанската војна се наоѓа во кула од црвени кули. Се одржуваат изложби на слики, писма и други артефакти за војниците од Виница, кои се бореле во војната. Спомен-паркот вклучува голема скулптура на тројца различни војници од Втората светска војна. Вечниот оган гори пред самата скулптура.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Виница е збратимен со:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IATA: Airline and Airport Code Search. Enter code VIN in Search by Location Code, 7 ноември 2011.
  2. Информации за аеродромот на airport-data.com. 7 ноември 2011.
  3. „43rd Missile Army“. Ww2.dk. Посетено на 16 септември 2011.
  4. „Pogoda.ru.net“ (руски). мај 2011. Посетено на 2 август 2012.
  5. Климатолошки информации за Виница, Украина Архивирано на 4 март 2016 г., Хонгконгшка опсерваторија, 7 август 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]