Украина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Украина
Україна
Знаме Грб
Химна
Ще не вмерла Україна (јазик?) [1]
Уште не умрела Украина
Местоположбата на  Украина  (зелено)на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Украина  (зелено)

на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]

Главен град Киев
50°27′ СГШ 30°30′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик украински
Признаени регионални јазици
Народности 
Демоним Украинец
Уредување Унитарна полу-претседателска република
 -  Претседател Виктор Јанукович
 -  Премиер Микола Азаров
 -  Претседател на Врховната Рада Володимир Литвин
Законодавство Врховна Рада
Создавање
 -  Киевска Русија 882 
 -  Козачка Република 1550 
 -  Украинска Народна Република 17 март, 1917 
 -  УССР 30 декември, 1922 
 -  Независност од СССР 24 август, 1991 
Површина
 -  Вкупна 603,628 км2 (44-та)
 -  Вода (%) 7%
Население
 -  проценка за 2008 46.179.226[3] (27-ма)
 -  Попис 2001 48.457.102 
 -  Густина 77 жит/км2 (115-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $336.851 милијарди[4] 
 -  По жител $7.347[4] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $179.725 милијарди[4] 
 -  По жител $3,920[4] 
Џини (2006) 31 (среден
ИЧР (2005) 0.788 (среден) (76-та)
Валута гривна (UAH)
Часовен појас EET (UTC+2)
 -  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НИД .ua
Повик. бр. 380

Украина (украински: Україна) е независна држава во Источна Европа. Украина се граничи со Русија на североисток, со Белорусија на север, со Полска, Словачка и Унгарија на запад и со Романија и Молдавија на југозапад. На југ излегува на Црно и на Азовско Море. Главен град е Киев.

Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година. Официјален јазик во државата е украинскиот јазик, а доминантна религија е православието.

Содржина

Етимологија [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Име на Украина.

Се верува (најповеќе под влијание на руската и полската историографија)[5] дека името Украина доаѓа од старословенскиот поим украина што значи „гранична област“ или „крајина“[6]. Поимот може често да се сретне во Источнословенските хроники од 1187 година.[7] Поимот украини (множина) се користел и за Големото московско кнежество како и за Големото литванско кнежество. Во 16. и 17. век, овој поим се користел за земјите кои граничеле со номадскиот свет (Кримски Канат).

Многу современи украински историчари поимот „у-краина" го преведуваат како "во-земја", "татковина" или "наша-земја".[8] Овој превод е во согласност со оригиналното значење на на предлогот „у-“ во украинскиот јазик и именката „країна“ - „краина“.[9] При што треба да се разликува значењето на „гранична земја“ (украина vs. окраина)[8] кое некозистентно се презема од бројни научни извори, често од неукраинско потекло,[7] додека преводот како "гранична земја" добро се усогласува со традиционалното значење во рускиот јазик на „у-“ и „краина“.[10]

Историја [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Украина.

Географија и клима [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Украина.

Со 603.700 km2 Украина е 44. најголема држава во светот и прва најголема држава на европскиот континент, сметајќи ги само земјите кои се протегаат целосно во Европа.

Пејзажот на Украина е составен од плодни низини и платоа. Во Украина има големи реки како на пример Днепар, Северски Донец, Днестар и јужен Бух. На југот на земјата делтата на Дунав ја создава границата помеѓу Украина и Романија. Единствените планини во земјата се Карпатите кои се наоѓаат на запад и највисок врв е Хора Ховерла со 2.061 m.

Климата во Украина е континентална, додека на југот се забележува и умерена медитеранска клима.

Политички систем [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Украина.
Врховна Рада, парламентот на Украина

Украина е република со мешан полу-претседателски и полу-парламентарен систем со посебна законодавна, извршна и судска власт. Претседателот е избран за мандат од пет години на претседателски избори и е на чело на државата.

Законодавната власт на Украина е во рацете на еднодомното собрание кој има 450 пратенички места и се нарекува Врховна Рада. Собранието е одговорно за создавање на закони и како дел од тоа е и кабинетот на министри со премиерот на чело на истиот.

Највисока институција од судската власт во Украина е Уставниот суд, кој има моќ да поништи одредени закони ако не се во согласност со украинскиот Устав.

Административна поделба [уреди]

Украина е унитарна држава со унифициран правен и административен режим.

Украина е поделена на 24 области и една Автономна Република - Крим. Градовите Киев и Севастопол имаат специјален статус. Областите и републиката се поделени на 490 региони со просечна големина на регионите од 1.200 km2 и со просечно население од 52.000 жители.

Вкупно Украина има 457 градови од кои 176 се поголеми области, 279 се помали области и два со специјални статуси.

Список на украински области:

област украински традиционално име центар
Черкаска област Черкаська область Черкащина Черкаси
Черниговска област Чернігівська область Чернігівщина Чернигов
Черновечка област Чернівецька область Буковина Черновци
Днепропетровска област Дніпропетровська область Дніпропетровщина Днепетровск
Донечка област Донецька область Донеччина Донецк
Ивано-Франковска област Івано-Франківська область Івано-Франківщина Ивано-Франковск
Харковска област Харківська область Харківщина или Слобожанщина Харков
Херсонска област Херсонська область Херсонщина Херсон
Хмелничка област Хмельницька область Хмельниччина Хмелнички
Киевска област Київська область Київщина Киев
Кировоградска област Кіровоградська область Кіровоградщина Кировоград
Луганска област Луганська область Луганщина Луганск
Лавовска област Львівська область Львівщина Лавов
Николаевска област Миколаївська область Миколаївщина Николаев
Одеска област Одеська область Одещина Одеса
Полтавска област Полтавська область Полтавщина Полтава
Ровненска област Рівненська область Рівненщина Ровне
Сумска област Сумська область Сумщина Суми
Тернополска област Тернопільська область Тернопільщина Тернопол
Виничка област Вінницька область Вінниччина Винича
Волинска област Волинська область Волинь Луцк
Закарпатска област Закарпатська область Закарпаття Ужгород
Запорошка област Запорізька область Запоріжчина Запорожје
Житомирска област Житомирська область Житомирщина Житомир

Економија [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Украина.

За време на советската ера, економијата на Украина била втора најголема економија во СССР. Таа била важен индустриски и земјоделски центар. Со падот на СССР земјата почнала да се трансформира во пазарна економија.

Владата на Украина започнала со имплементирање на нови закони и нова монетарна политика.

Во 2007 година, БНП на Украина бил рангиран на 29 место со 359.9 милијарди долари. БНП по глава на жител во 2008 бил 7.800, додека номиналниот БНП бил 198 милијарди долари.

Население и јазик [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Украина.

Украинците сочинуваат 77.8% од вкупно население во Украина. Најбројни национални малцинства се Русите 17.3% по кои следат Русините 0.9%. Важно е да се напомене дека украинската власт не ги признава Русините како посебен народ, туку како украински етнос, а нивниот русински јазик го смета за украински дијалект. Од останатите малцинства најбројни се Романците и Молдавците (0.8%), Белорусите (0.6%), Кримски Татари (0.5%), Бугари (0.4%).

Службен јазик во Украина е украинскиот јазик но од голема важност на економски и културен план е познавањето на рускиот јазик. Украински јазик зборува околу 55% од населението, додека руски јазик 45%.

Култура [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Украина.

Религија [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Украина.

Околу 50.44% од населението на Украина се приврзаници на Украинската православна црква, околу 8% се католици, 7% приврзаници на Автокефалната украинска црква, 2% на Римокатоличката црква, околу 2% протестанти, 0.63 евреи, 0.5% муслимани и.т.н.

Во текот на својата рана историја, Украина била населена со пагански племиња кои ја практикувале својата религија. Кон крајот на првиот милениум во земјата бил воведен византискиот ритуал. Се претпоставува дека апостол Андреј бил оној кој прв дошол на овие простории да ја проповеда новата религија. Јудаизмот на просторите на денешна Украина бил присутен пред повеќе од 2000 години, кога еврејските трговци патувале заедно до грчките колонии. Од 13 век еврејското присуство во Украина значително се зголемило. Подоцна во Украина бил основан и Хасидизмот. Муслиманската религија во Украина се појавила во времето на Златната орда и Отоманската империја. Кримските Татари го прифатиле исламот во времето на Златната Орда, а подоцна станале вазали на Отоманската империја. Во времето кога била била создадена Украинска ССР и земјата била во составот на СССР, атеистичкиот режим придонел за прогонување на голем број на христијански свештеници. Голем број на цркви биле или рушени или затварени.

Наводи [уреди]

  1. „Law of Ukraine. State Anthem of Ukraine“ (на Украински). Verkhovna Rada of Ukraine. March 6, 2003. http://zakon.rada.gov.ua/cgi-bin/laws/main.cgi?nreg=602-15. 
  2. „Law of Ukraine "On Principles of State Language Policy"“. Zakon2.rada.gov.ua. http://zakon2.rada.gov.ua/laws/show/5029-17. проверено на 25 август 2012. 
  3. „Population“. State statistics Committee of Ukraine. 2008. http://www.ukrstat.gov.ua/operativ/operativ2008/ds/kn/kn_e/kn1008_e.html. проверено на 2008-12-20. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Ukraine“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=926&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=73&pr.y=8. проверено на 2009-04-22. 
  5. Русанівський, В. М. Українська мова // Енциклопедія «Українська мова». — К., 2000.
  6. „З Енциклопедії Українознавства; Назва "Україна"“. Litopys.org.ua. http://litopys.org.ua/rizne/nazva_eu.htm. проверено на October 31, 2011. 
  7. 7,0 7,1 Ф.А. Гайда. От Рязани и Москвы до Закарпатья. Происхождение и употребление слова «украинцы» // Родина. 2011. № 1. С. 82–85. [1]
  8. 8,0 8,1 „Григорій Півторак. Походження українців, росіян, білорусів та їхніх мов“. Litopys.org.ua. http://litopys.org.ua/pivtorak/pivt12.htm. проверено на October 31, 2011. 
  9. The Comprehensive Dictionary of the Contemporary Ukrainian Language. Perun Publishers, 2005.
  10. The Comprehensive Dictionary of the Contemporary Russian Language. 2006, T.F. Yefremova.

Поврзано [уреди]


Заедница на независни држави

Азербејџан | Белорусија | Ерменија | Казахстан | Киргистан | Молдавија | Русија | Таџикистан | Туркменистан | Узбекистан | Украина