Днестар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Днестар
молдавски: Nistru, украински: Дністе́р; руски: Днестр

Рибница и реката Днестар

Карта на сливот на Днестар
Извор Украински Карпати
Утока Црно Море
Земји во сливот Украина, Молдавија
Должина 1.362 km (846 mi)
Надм. вис. на изворот 1.000 m (3,300 ft)
Прос. истек 310 m3/s
Сливно подрачје 68.627 km2 (26,497 sq mi)[1]

Днестар (молдавски: Nistru, украински: Дністе́р; руски: Днестр) е река во Источна Европа. Најпрвин тече низ Украина, а потоа и низ Молдавија (каде ја дели самопрогласената територија Приднестровие од остатокот на земјата), за конечно да се влие во Црното Море, повторно на украинска територија.

Етимологија[уреди]

Името на реката води потекло од староиранскиот збор Dānu nazdya („блиска река“). Значењето на зборот «река» во антиката доаѓало од праиндоевропскиот збор dānu (што значи „водотек“). Од таму доаѓа првиот слог од зборот — «Дн-». Грците го нарекувале Днестар, Тирас (грчки Τύρας; најверојатно поради градот Тираспол кој се наоѓа во Молдавија), Италијанците — Џенестера, старите Германи — Агалингус, Турците — Турлој. Во скито-сарматскиот јазик зборот dānu означувал вода, река (во современиот осетиски — «дон»).

Географија[уреди]

Днестар извира во Украина, близу градот Дрохобич, до границата со Полска и тече кон Црното Море. Нејзиниот тек претставува дел од границата помеѓу Украина и Молдавија, по што тече низ Молдавија во вкупна должина од 398 километри, одвојувајќи дел од територијата на Молдавија со Приднестровие. Подоцна повторно претставува дел од молдавско-украинската граница, потоа тече низ Украина до Црното Море, каде нејзиниот естуар го образува Днестарскиот лиман.

Долж долниот тек на Днестар, западниот брег е висок и ридест, додека источниот е низок и рамен. Реката претставува де факто крај на Евроазиската степа. Нејзини важни притоки се Реут и Бик.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]