Лавовска област
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Лавовска област Львівська область |
|
|---|---|
| Знаме | |
![]() |
|
| Местоположба | |
| Информации | |
| Админ. центар: | Лавов |
| Официјални јазици: | украински |
| Површина: | 21 833 km² |
| Население: | 2 591 579 (2004) |
| Број на реони: | 20 |
| Регистерска ознака: | ВС |
| Обласен управител: | Петро Олијник |
Лавовската област (украински: Львівська область) е една од 24-те области на Украина. Се наоѓа во најзападниот дел на земјата. Taa е дел од историската област Галиција (Источна Галиција). Граничи со Волинската, Ивано-Франковската, Закарпатската и Тернополската област. На запад, Лавовската област граничи со Полска. Опфаќа површина од 21 833 km². Во областа има 1 849 села и 44 градови.
Содржина |
[уреди] Историја
- 1795-1918, Источна Галиција заедно со полската Западна Галиција е дел на Австрија, а потоа на Австро-Унгарија под името Кралство Галиција.
- Западно Украинска Народна Република 1918—1921
- Дел на Полска 1921—1939
- Советскиот Сојуз ја анектира Источна Галиција (1939)
- Од 1939 година, под името „Лавовска област“, областа е дел на Украинската ССР.
- Во 1959, територијата на Дрогобицката област влегува во Лавовската
- Од 1991 година, областа е дел на независна Украина.
[уреди] Демографија
Според пописот на населението во 2001 година, во Лавовската област живеат најмногу Украинци (90%), а останатите се Руси (200 000), Пољаци, Германци, Евреи.
[уреди] Религија
56% се припадници на Украинската Гркокатоличка Црква, втора по големина е Украинската Афтокефална Православна Црква, а има припадници и на Римокатоличката Црква.
[уреди] Надворешни Врски
|
|||||||||||||||||
