Одеса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Одеса
Знаме на ОдесаГрб на Одеса
Одеса is located in Украина
Одеса
Одеса
Местоположба во Украина
Координати: 46°28′N 30°44′E / 46.467° СГШ; 30.733° ИГД / 46.467; 30.733
Држава Украина
Област Одеска област
Реон Одеса
Основан2 септември 1794
Управа
 • Претседавач на градскиот советАлексеј Костушев
Површина
 • Градска236,9 км2 (915 ми2)
Надм. вис.&1000000000000004000000040 м
Најг. вис.&1000000000000006500000065 м
Најм. вис.&09999999999999957999999−4,2 м
Население (1 јули 2011)
 • Градско1,003,705
 • Густина6.141/км2 (15,910/ми2)
 • Метро1,191,0001
 • Демонимукраински: Одесит, одеситка
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски број65000–65480
Повик. бр.+380 48
Мреж. местоodessa.ua
1 Населението во градскиот дел според пописот 2001

Одеса (украински: Одеса, руски: Одесса, романски: Odesa) — град во Украина на Црното Море. Одеса е големо пристаниште и културен центар, како и административен центар на Одеската Област. Населението на градот според последниот попис во 2004 било 1 012 500 жители. Во 1945 г. година е прогласен за град-херој.

Претходница на градот Одеса било едно мало место населено со Татари, чиј водач бил Хаџи I Герај, кримски хан, по кого и тогашното гратче се викало „Хаџибеј“. По кус период на литванско владеење, градот потпаднал под османлиска власт во 1529 г. Под нивна управа останал сè до поразот на Османлиите во Руско-турската војна од 1792. Денешната Одеса била изградена по декрет од кралицата Катерина II во 1794. Од 1819 до 1858 градот бил слободна зона, а за време на Советскиот Сојуз претставувал главно поморско упориште и важна база за морнарицата.[1] На 1 јануари 2000 г. одеското пристаниште било прогласено за слободна економска зона во период од 25 години.

Во 19. век Одеса бил четвртиот најголем град во Руската Империја, веднаш зад Москва, Санкт Петербург и Варшава.[2] Архитектонскиот стил на градот повеќе наликува на оној од средоземните земји, отколку на стилот од словенските. Дел од постарите градби се мешавина од модернистички, ренесансен и класичен стил.[3]

Одеса е стратешки важен пристаништен град на Црното Море. Пристаништата Јужна и Иличовск се двете витални точки на градот. Тие меѓусебно се поврзани со развиена и модернизирана железница. Во градот се изградени неколку нафтени и хемиски фабрики, кои преку долги цевководи се поврзани со Русија и земјите од ЕУ.

Демографија[уреди | уреди извор]

Украинците се доминатниот етникум со 62% од вкупното население во Одеса. Руското малцинство е доста застапено, со 29% од популацијата во милионски населениот град. И покрај тоа што поголемиот дел од жителите национално се произнесле како Украинци, рускиот јазик е јазикот кој најмногу се говори во градот, па дури и од страна на мештаните со не-руско потекло. Освен овие две етнички групи, во Одеса уште живеат Албанци, Ерменци, Бугари, Кримски Татари, Грузијци, Грци, Евреи, Роми и Турци. Пред почетокот на Втората светска војна, во местото имало голема еврејска заедница, но поради нивната масовна депортација во концентрационите логори, нивниот број значително опаднал. Во текот на 1970-тите и преостанатите Евреи се иселиле од градот во странство. Во прилог е табелата со бројот на вкупното население по определени временски периоди.

Според извршените пописи и проценки
Година Население
1795 122
1799 4.117
1814 20.000
1820 60.000
1850 100.000
1873 181.000
1881 208.000
1900 400.000
1910 500.000
2001 1.029.000
2006 993.000
2007 1.080.000
2010 1.009.000
2011 1.004.000
2012 1.007.000

Клима[уреди | уреди извор]

Одеса има суптропска клима, со влијанија од континентална и степска клима. Поради овие поволни климатски услови, туризмот во градот бележел постојан развој. За време на царска Русија, богатите болни луѓе биле испраќани на престој во ова крајбрежно место како би се одмориле и закрепнале. Вредно е да се спомене дека таму снегот е многу ретка појава, за што придонесува топлото зимско време. Зимите се благи и суви, а температурата на воздухот ретко оди под нулата. Речните корита во Одеса никогаш не замрзнуваат. Што се однесува до летата, тогашната просечна температура е над 30 °C.

Климатски податоци за Одеса, 1981-2010
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 15.1
(59.2)
18.6
(65.5)
24.1
(75.4)
29.4
(84.9)
33.3
(91.9)
35.6
(96.1)
39.3
(102.7)
38.0
(100.4)
32.4
(90.3)
30.5
(86.9)
26.0
(78.8)
16.3
(61.3)
39.3
(102.7)
Прос. висока °C (°F) 2.2
(36)
2.7
(36.9)
6.6
(43.9)
13.0
(55.4)
19.5
(67.1)
24.0
(75.2)
27.0
(80.6)
26.5
(79.7)
21.0
(69.8)
15.0
(59)
8.4
(47.1)
3.7
(38.7)
14.1
(57.4)
Сред. дневна °C (°F) −0.5
(31.1)
−0.2
(31.6)
3.5
(38.3)
9.4
(48.9)
15.6
(60.1)
20.0
(68)
22.6
(72.7)
22.3
(72.1)
17.2
(63)
11.6
(52.9)
5.7
(42.3)
1.1
(34)
10.7
(51.3)
Прос. ниска °C (°F) −2.8
(27)
−2.6
(27.3)
1.0
(33.8)
6.6
(43.9)
12.1
(53.8)
16.3
(61.3)
18.5
(65.3)
18.2
(64.8)
13.5
(56.3)
8.6
(47.5)
3.2
(37.8)
−1.2
(29.8)
7.6
(45.7)
Најниска забележана °C (°F) −26.2
(−15.2)
−28.0
(−18.4)
−16.0
(3.2)
−5.9
(21.4)
0.3
(32.5)
5.2
(41.4)
7.5
(45.5)
7.9
(46.2)
−0.8
(30.6)
−13.3
(8.1)
−14.6
(5.7)
−19.6
(−3.3)
−28.0
(−18.4)
Прос. врнежи мм (ин) 34
(1.34)
37
(1.46)
32
(1.26)
27
(1.06)
36
(1.42)
49
(1.93)
45
(1.77)
38
(1.5)
43
(1.69)
34
(1.34)
41
(1.61)
35
(1.38)
451
(17.76)
Прос. бр. врнежливи денови 9 7 10 11 12 13 10 8 9 10 13 10 122
Сред. бр. сончеви часови месечно 77.5 81.9 124.0 186.0 263.5 291.0 313.1 300.7 240.0 170.5 78.0 55.8 2.182
Извор бр. 1: pogoda.ru,[4]
Извор бр. 2: опсерваторијата во Хонгконг.[5]

Личности[уреди | уреди извор]

Михаил Воронцов
Александар С. Пушкин

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Градови партнери[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Култура[уреди | уреди извор]

Траснпорт[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nataliya and Yuri Kruglyak, KRT Web Studio at www.webservicestudio..com , Odessa, Ukraine. „Odessa population during WWII“. Odessitclub.org. Архивирано од изворникот на 2011-09-29. Посетено на 28 October 2011.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Herlihy, Patricia (1977). „The Ethnic Composition of the City of Odessa in the Nineteenth Century“: g. 53. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Odessa: Architecture and Monuments“. 2009 UKRWorld.Com. Архивирано од изворникот на 2012-03-06. Посетено на 2009-06-09. Надворешна врска во |publisher= (help)
  4. pogoda.ru. „Погода и Климат – Климат Одессы“ (руски). Посетено на 2 октомври 2012..
  5. Климатолошки податоци за Одеса, Украина Архивирано на 20 ноември 2012 г., опсерваторијата во Хонгконг. Проверено на 19 мај 2012.

Литература[уреди | уреди извор]

На англиски[уреди | уреди извор]

На украински[уреди | уреди извор]

  • Болдирєв О. В. Одесі — 600: Іст. нарис. — О.: Юг, 1994. — 72 с.
  • Герлігі, Патриція. Одеса: Історія міста, 1794–1914. Київ: Критика, 1999 (ISBN 966-7679-04-7).
  • Сапожников Ігор Вікторович, Сапожникова Г. В. Запорожские и черноморские казаки в Хаджи-бее и Одессе (1770—1820-е годы). — О., 1998. — 272 с. — (монографія).
  • Трусов Юрій Сергійович — Хаджибей (трилогія).
  • Бучач і Бучаччина

Надворешни врски[уреди | уреди извор]