Москва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Москва
Москва (рус.)
—  Федерален град  —

Горе: Црквата „Св. Василиј Блажениот“ и Спаската кула на Црвениот плоштад
Во средина: Хотел „Радисон Ројал“, Болшој татар, црква „Исис Христос Спасителот“
Долу: Московски меѓународен деловен центар

Знаме на москва

Грб на Москва
Химна: Моја Москва
Координати: 55°45′ СГШ 37°37′ ИГД / 
Политички статус
Земја  Русија
Федерален округ Централен[1]
Економски регион Централен[2]
Основан пред 1147
Ден на Федерален град прва сабота и недела во септември[3]
Управа (март 2010)
 - Градоначалник[4] Сергеј Собјанин[4]
 - Законод. дом Градска дума[5]
Статистики
Површина [6]
 - Вкупна 2.511 км2
Место 83-ти
Население (2010)
 - Вкупно 11.503.501
 - Место 1-ви
 - Густина 458.124 /km2 (1,186,540 /sq mi)
 - Градска 100%
 - Селска 0
Население (2011)
 - Вкупно 11.510.097[7][8]
Часовен појас [9]
ISO 3166-2 RU-MOW
Рег. таб. 77, 99, 97, 177, 199, 197, 777, 799, 797
Службени јазици руски[10]
Портал
Сателитска снимка на Москва

Москва (руски: Москва́ ) — главен град на Русија, а воедно претставува и нејзин политички, економски, образовен и транспортен центар. Во минатото градот бил престолнина на Царска Русија и главен град на Советскиот Сојуз. Седиштето на Руската православна црква исто така се наоѓа во Москва, во Свети-Даниловиот манастир (Данилов монастырь, Свято-Данилов монастырь). Со своите над 10 милиони жители претставува најголем град во Европа.

Географија[уреди]

Кејот на реката Москва во близина на Кремљ

Градот се наоѓа во средиштето на Источно-Европската низина. Се протега низ рамничарски предел на надморска височина од 150-200 m и зафаќа над 1000 km². Во правец северозапад-југоисток должината му е најголема и изнесува околу 80 km. Низ градот тече реката Москва која е поврзана со пловен канал со Волга. Со ова (преку опсежен систем на реки, канали, езера и вештачки езера) градот е поврзан по воден пат меѓу другите и со:

Поради ова Москва ја нарекуваат и „Пристаниште на 5 мориња“.

Клима[уреди]

Просечни температури (црвено) и врнежи (сино) во Москва

Климата во Москва е континентална со топли лета и многу ладни зими. На лето температурите достигнуваат и над 30 °C, а зиме паѓаат и под -20 °C. Просечната температура во јануари е -9,3 °C а, во јули изнесува 18,1 °C.

Првиот снег обично паѓа во средината на ноември, а најснежни месеци се јануари и февруари. Снегот обично се топи кон крајот на март.


Историја[уреди]

Пејзаж на Москва од минатото
Пејзаж на Москва од 1798 г.
Пушкиновиот плоштад во 1920 г.

Москва прв пат се спомнува во пишаните записи како мало гратче во 1147 година. Во 1156 кнезот Јуриј Долгоракиот (Руски: Юрий Долгорукий) го изградил првиот ѕид оклу градот. Во 1237 и 1238 монголската Златна орда го ограбила и запалила градот, убивајќи го целото население. Благодарејќи на одличната местоположба градот бил обновен и бргу закрепнал. Неговиот подем сепак бил ограничен од страна на Монголите, кои во тоа време собирале даноци од најголем дел од руските територии преку своите вазали. Но поради подемот на Литванија, монголите сакајќи да балансираат дозволиле Москва да прерасне во моќно кнежество и еден од најважните руски градови во тоа време. За оваа стратешка грешка ги сноселе последиците почнувајќи од 1380год кога Големиот Кнез на Москва Дмитриј Донски предводејќи обединета руска армија ги поразил во битката на Куликовското поле. Ослободувањето на Русија од монголска доминација траело се до 1480год, кога по Големото стоење на реката Угра (Големата битка на реката Угра), татаро-монголите се повлекле и засекогаш била отфрлена нивната власт над руските територии, а престолнината на Русија која многупати била менувана, конечно била префлена во Москва за подолго време. Подоцна во 1571 кримските Татари накратко го завзеле градот и го запалиле. Во периодот 1610-1612 градот бил окупиран и од Полско-Литванската Држава.

Москва престанала да биде руска престолнина во 1703 година, за сметка на Санкт Петербург, но официјално продолжила да се води како главен град и останала важен центар на руската империја. Во 1812год градот го завзел Наполеон, но претходно бил евакуиран и запален од страна на русите, што во многу придонело за конечната победа над францускиот Император кој се нашол одсечен и без доволно залихи. Во 1905 била воведена функцијата градски управител (градоначалник). Првиот градоначалник на Москва бил Александар Адрианов.

По успехот на Октомвриската револуција, Ленин плашејќи се од странска интервенција Москва повторно ја направил главен град, овој пат на Советскиот Сојуз. Комунистите за кратко време го смениле лицето на градот.

На 22 јуни 1941 нацистите го нападнале СССР. До есента таа година германскиот Вермахт стигнал до московските предградија и следела големата Битка за Москва. На 10 октомври одбраната на градот му била доверена на Маршал Георгиј Жуков. Тој успеал да ја запре германската Армиска Група Центар, која била задолжена за завземање на советскиот главен град. На 5 октомври Жуков отпочнал голема офанзива за отстранување на опасноста по Москва. Биле искористени Сибирските засилувања, а исто така за прв пат масовно се користени катјушите. До 7 јануари 1942 Германците биле отфрлени на 100-250 km и не ја загрозиле Москва до крајот на војната. Ова претставувало прв голем пораз на нацистите во втората светска војна.

Во 1980 Москва беше домаќин на XXII летни Олимписки игри.

Во 1991год во градот беше извршен обид за воен удар од страна на тврдокорните комунистички генерали против тогашниот претседател на политбирото, Михаил Горбачов. Ударот беше неуспешен и подоцна таа година Советскиот Сојуз официјално се растури. По распадот на СССР Москва остана главен град, овој пат на Руската Федерација. Во 1993 градот повторно западна во неизвесност кога тогашниот претседател на државата Борис Елцин, во политичка борба ја злоупотреби власта и го распушти парламентот. Следеше неочекуван отпор од народните избраници, но со помош на нему лојални елементи во армијата кои го гранатираа и зазедоа парламентот (московскиот Бела дом) Елцин изврши преврат и воспостави мека диктатура.

По финансиската криза од 1998 Москва бргу се развива и денес е еден од најдинамичните градови во светот.

Административна поделба[уреди]

Административна поделба на Москва

Москва се наоѓа и во и е центар на Московската област. Административно градот е поделен на 10 Окрузи, од кои 9 го опфаќаат самиот град а десеттата е Зеленоград, кој иако е посебен град и е географски одделен од Москва, административно му припаѓа на главниот град. Окрузите се поделени на Општински окрузи, уште наречени и Реони. Секој округ има своја кабловска тевевизија и официјален весник.

Десетте окрузи се (види мапа):

  1. Зеленоград (Зеленоградский округ Москвы)
  2. Северен (Северный округ Москвы)
  3. Северо-Источен (Северо-Восточный округ Москвы)
  4. Северо-Западен (Северо-Западный округ Москвы)
  5. Централен (Центральный округ Москвы)
  6. Источен (Восточный округ Москвы)
  7. Јужен (Южный округ Москвы)
  8. Југо-Источен (Юго-Восточный округ Москвы)
  9. Југо-Западен (Юго-Западный округ Москвы)
  10. Западен (Западный округ Москвы)

Демографија[уреди]

Движење на бројот на жители низ историјата

И покрај големиот пад на бројот на население во Русија (над 700.000 годишно) поради мал наталитет, бројот на жители во Москва бележи голем раст. Ова најмногу се должи на големата миграција која продолжува и покрај тоа што за легален престој во градот подолг од 90 дена е потребна специјална дозвола. Емигрантите најмногу се привлечени од големиот економски пораст на економијата на Москва која во последниве години бележи годишен раст од околу 20%.

Денес во самиот град живеат над 10 милиони жители (10.415.000 проекција-2005). Во целата метрополитенска област живеат околу 14.440.000 жители, а вкупното население на московскиот административен округ изнесува над 17 милиони. Во овие бројки не се вклучени проценките за оние кои во Москва престојуваат нелегално. Овие проценки многу варираат од извор до извор, но во секој случај бројката не е занемарлива и изнесува неколку милиони (најголем дел живеат во самиот град).

Во Москва практично можат да се најдат припадници на скоро сите етнички групи на светот.
Според пописот од 1994 најзастапени се:


Транспорт[уреди]

Аеродроми[уреди]

Москва има 5 аеродроми за цивилен авиосообраќај:

Шереметјево е најзначаен аеродром во Москва иако не и најголем по обем на сообраќај. Тој е најголем аеродром по обем на меѓународен сообраќај и е влезна точка за најголем дел од туристите што ја посетуваат Москва. Пуштен е во употреба во 1960 а терминалот Шереметјево-1 е отворен во 1964. За потребите на московската Олимпијада беше пуштен во употреба терминалот Шереметјево-2 на 1 јануари 1980. Во моментов поради преоптовареност на постојната инфраструктура, во тек на изградба е трет терминал со планови и за четврт во иднина. Иако нивото на сообраќај е далеку под нивото од времето на СССР, растот е голем и се очекува наскоро да се достигнат и надминат бројките од тоа време. Во 2005 е забележан сообраќај од 12.174.000 патници.

[[Домодедово во моментов (2005) е најголем московски аеродром и опслужува околу 14 милиони патници годишно, но по бројот на патници во меѓународниот сообраќај заостанува зад Шереметјево. Аеродромот бил отворен за сообраќај во 1965.

Внуково е пуштен во употреба во 1941 поради преоптовареност на дотогашниот московски аеродром на Ходинское Поле. Наскоро, со почетокот на втората светска војна е претворен во воен аеродром. По војната повторно претставува главен московски аеродром сè до шеесетите кога го губи приматот. Денеска постојат амбициозни планови за обнова и проширување
на аеродромот со цел до крајот на деценијава да опслужува и над 20 милионо патници годишно.

Јавен транспорт[уреди]

Станица Киевскаја
Московскиот „Монорејл“

Московското метро е еден од многуте препознатливи симболи на градот. Метрото е едно од најголемите и секако најубавото во светот. Пуштено е во употреба на 15 мај 1935. Денес има 171 станица на 12 линии со вкупна должина од 278,3 km. Дневно превезува просечно 8,8 милиони патници. Во работни денови оваа бројка изнесува и над 10,5 милиони. Заштитен знак му се преубавите станици во центарот на градот, кои повеке наликуваат на уметнички галерии отколку на метро-станици.

Метро-2 -- Иако официјално не се признава, јавна тајна е дека во Москва постои уште една линија на подземната железница која е под воена управа и се наоѓа на значително поголема длабочина од главниот систем. Ги поврзува Кремљ, Министерството за одбрана, Љубјанка, и други важни објекти. Покрај другото се смета дека е наменето за евакуација на клучниот персонал од градот во случај на нуклеарен напад.

Покрај метрото исто така постои опсежен систем на автобуски, трамвајски и тролејбуски линии, кои го надополнуваат им обезбедуваат жителите на градот да можат да функционираат потпирајки се исклучиво на јавниот превоз.

Со предградијата и подмосковјето ефикасна и евтина комуникација е овозможена со помош на локална железница, популарно наречена електричка.

Московскиот „Монорејл“ (види слика) е пуштен во употреба за патници во 2005 (2004 пробно). Засега има една линија во должина од 4,7 km и 6 станици.

Такси превозот е на пониско ниво од останатите сегменти на јавниот превоз. Препорачливо е туристите да го избегнуваат заради честите измами од страна на таксистите.

Железница[уреди]

Москва претставува главен руски железнички јазол. Меѓу бројните линии кои зраковидно се шират од градот секако најпозната е Транс-сибирската линија која тргнува од Москва, оди преку Сибир (по целата должина на Азија) и завршува во Владивосток. Должината ѝ изнесува 9288 km. На Далечниот Исток има неколку гранки меѓу кој најважната е за Пекинг. Покрај нејзиното стратешко значење за Русија, таа претставува и вистински магнет за авантуристички настроени туристи. Возовите на оваа линија највеќе тргнуваат од „Јарославската станица“.

Патна мрежа[уреди]

Воден сообраќај[уреди]

Поглед на реката Москва.

Образование[уреди]

Економија[уреди]

Општо[уреди]

Седиштето на Гаспром, најголемата руска компанија

Москва е една од најголемите градски економии во Европа, опфаќа околу 24% од руското БДП.[11] До 2008 година, московската економија достигнала 8,44 трилиони рубљи[12] (340 милијарди долари или 459 милијарди долари прилагодени на ПКМ-u[13]).

Москва има најниска стапка на невработеност од сите руски федерални субјекти, со само 1% во 2010, во однос на националниот просек од 7%. Просечната месечна плата во градот е 41 600 рубљи (1070 ), што е дупло повисоко од националниот просек од 21 800 рубљи (560 €), како четврта најголема просечна плата меѓу сојузните субјекти во Русија.[14]

Москва е неоспорно финансиско средиште на Русија, седиште е на најголемите банки во земјата и многу од најголемите компании, како што е најголемата руска компанија Гаспром - најголема светска компанија за природен гас. Москва опфаќа 17% од вкупната малопродажба во Русија и 13% од сите активности во градежништвото.[14][15]

По Руската финансиска криза во 1998 година, различните деловни сектори во Москва покажувале експоненцијален раст. Многу нови деловни центри и згради се изградени во последните неколку години, но во Москва, сепак, сè уште доволно нема канцелариски простор. За оваа причина, многу поранешни индустриски и истражувачки капацитети се прилагодени на канцелариски простор.

Во 2008 година, во Москва живееле 74 милијардери со просечно богатство од 5,9 милијарди американски долари, меѓутоа, во 2009 година, во Москва по рецесијата живееле само 27 милијардери.[16] Според Форбс, во Москва во 2011 година, живеат 79 милијардери, повеќе од било кој друг град во светот .[17] На врвот на пописот најбогат е Михаил Прохоров со богатство од 9,5 милијадрди американски долари повеќето од водородна енергетика, нанотехнологијата, традиционалната енергија и благородните метали, пред Роман Абрамович со 8,5 милијарди повеќето во рударството и во челикот.

Култура[уреди]

Обележја на градот[уреди]

Архитектура[уреди]

Традиционална московска архитектура. Камбанаријата на Иван Велики во Кремљ, опкружена со неколку цркви

Архитектурата на Москва е позната по целиот свет. Најпознати се црквата Свети Василиј со своите добро познати разнобојни куполи, катедралата на Исус Спасителот, и облакодерите Сталинови облакотеди и Московски Кремљ.

Музеи[уреди]

Во Москава има огромен број на музеи и ги има од сите типови. Едни од најпознатите и најпосетените секако се Третјаковската галерија, Пушкинскиот музеј на убави уметности, Политехничкиот музеј и други.

Третјаковската галерија е националното богатство на руската фина уметност, а воедно е и еден од најголемите музеи во светот. Збирката на галеријата се состои целосно од руска уметност и артисти кои дале придонес кон историјата на руската уметност или биле блиско поврзани со неа. Колекцијата содржи повеќе од 130000 дела (слики, скулптури и графика) креирани низ вековите од неколку последователни генерации на руски уметници.

Пушкинскиот музеј на ликовна уметност содржи милиони предмети и уметнички дела од Древниот Египет, Грција, Рим, Асирија и Вавилон. А во посебен дел е сместена и голема колекција од европски дела од: Ван Гог, Матиз, Пикасо, Сезан, Моне, Кандински, Реноар и други.

Уметности[уреди]

Туристички Атракции[уреди]

Црквата Св. Василиј и дел од ѕидините на Кремљ на Црвениот плоштад во Москва.

Црвен плоштад[уреди]

Главна статија: Црвен плоштад

Најпознатата туристичка атракција во градот е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљски дворец и многу други мали манастири. Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот, хотелот Русија, како и седиштето на вселенскиот патријарх - црквата на Исус Христос. Плоштадот е познат и по воените паради кои се оджувале на него во времето на Советскиот Сојуз, особено во времето на Сталин. Инаку, покрај црвен плоштад името на плоштадот „краснаја плошчад“ (руски: красная площадь) оригинално означува убав плоштад.

Црквата на Исус Христос Спасителот и реката Москва.

Црква на Исус Христос Спасителот[уреди]

Главна статија: Црква на Исус Христос Спасителот (Москва)

Храм Христос Спасител

Црквата на Христос Спасителот (руски: Храм Христа Спасителя) претставува седиште на Вселенскиот Патријарх на Православната црква. За неа е врзана долга и интересна историја. Имено црквата постоела сè 5 декември 1931 кога Лазар Каганович ја срушил со цел да изгради огромна градба - статуа на Ленин. Но, поради недостигот на фондови, а и проблемите со поплави од околната река, Никита Хрушчов го претворил местото во огромен отворен базен. Но, оригиналната скица на црквата била зачувана и во февруари 1990 Руската Православна црква добила дозвола за реизградба на храмот, по што се започнало со собирање на пари во 1992 година и со градење во 1994 година. Црквата конечно беше завршена на 19 август 2000.

Други знаменитости[уреди]

Могилата на незнајниот војник

На западната страна на кремљските ѕидини, во Александровската градина стои Могилата на незнајниот војник во спомен на советските борци загинати во Големата татковинска војна (1941-1945).

Наводи[уреди]

  1. Президент Российской Федерации. Указ №849 от 13 мая 2000 г. «О полномочном представителе Президента Российской Федерации в федеральном округе». Вступил в силу 13 мая 2000 г. Опубликован: "Собрание законодательства РФ", №20, ст. 2112, 15 мая 2000 г. (Претседател на Руската Федерација. Указ #849 од 13 мај 2000 „За полномошниот претставник на Претседателот на Руската Федерација во еден федерален округ“. Стапил на сила 13 мај 2000).
  2. Госстандарт Российской Федерации. №ОК 024-95 27 декабря 1995 г. «Общероссийский классификатор экономических регионов. 2. Экономические районы», в ред. Изменения №5/2001 ОКЭР. (Државен стандард на Руската Федерација. #OK 024-95 27 декември 1995 „Општоруска класификација на економските региони. 2. Економски региони“, по измените на Амандман #5/2001 ОКЕР. ).
  3. „Holidays and significant dates of Moscow“. „Moscow City Government“. http://old.mos.ru/wps/portal/EnglishVersion?documentId=119125. конс. 29 септември 2010. 
  4. 4,0 4,1 „The Moscow City Mayor“. Government of Moscow. http://old.mos.ru/wps/portal/EnglishVersion?rubricId=14107. конс. 18 март 2010. 
  5. „The Moscow Statute“. „Moscow City Duma“. Moscow City Government. 28 јуни 1995. http://old.mos.ru/wps/portal/EnglishVersion?rubricId=14215&documentId=118572. конс. 29 септември 2010. „The supreme and exclusive legislative (representative) body of the state power in Moscow is the Moscow City Duma.“ 
  6. О совместных предложениях Правительства Москвы и Правительства Московской области по изменению границ столицы Российской Федерации — города Москвы
  7. Росстат. Об оценке численности постоянного населения на 1 января 2010г., на 1 января 2011г. и в среднем за 2010 год (руски)
  8. "The decision to enlarge the territory of Moscow entered into force", Itar Tass
  9. Правительство Российской Федерации. Постановление №725 от 31 августа 2011 г. «О составе территорий, образующих каждую часовую зону, и порядке исчисления времени в часовых зонах, а также о признании утратившими силу отдельных Постановлений Правительства Российской Федерации». Вступил в силу по истечении 7 дней после дня официального опубликования. Опубликован: „Российская Газета“, №197, 6 сентября 2011 г. (Влада на Руската Федерација. Решение #725 од 31 август 2011 „За составот на териториите што го сочинуваат секој часовен појас и постапката за сметање на времето во часовните појаси, како и отповикувето на извесни Решенија на Владата на Руската Федерација“. Стапил на сила со истекот на 7 дена од официјалнотоо објавување).
  10. Службен на целата територија на Русија согласно Член 68.1 од Уставот на Русија.
  11. Arkhipov, Ilya (28 септември 2010). „Medvedev Fires Moscow Mayor Luzhkov After Conflict“. Bloomberg. http://www.bloomberg.com/news/2010-09-28/medvedev-fires-moscow-s-mayor-yury-luzhkov-citing-a-loss-of-confidence-.html. конс. 22 декември 2010. 
  12. Moscow Gross Regional Product“, RosStat, 3 март 2010 (конс. 11 март 2010).
  13. Russia GDP and PPP conversion rate“, IMF Russia Economy, 11 март 2010 (конс. 11 март 2010).
  14. 14,0 14,1 „BOFIT Weekly 42/2010“. Bank of Finland’s Institute for Economies in Transition. 22 октомври 2010. http://www.bof.fi/NR/rdonlyres/A0C226F8-3D3F-4B6F-8AA3-B621E963D4CC/0/w201042.pdf. 
  15. „Average monthly salaries“. Federal Service on State Statistics. http://www.gks.ru/gis/tables%5CUROV-7.htm. конс. 7 септември 2007. 
  16. „Russia’s billionaires hit by financial crisis“. www.financemarkets.co.uk. http://www.financemarkets.co.uk/2009/02/16/russia’s-billionaires-hit-by-financial-crisis/. конс. 22 мај 2009. 
  17. http://billionaires.forbes.com/article/0fbC8i4gE66o2?q=billionaire+OR+billionaires+OR+billionaire%27s

Надворешни врски[уреди]