Летни олимписки игри 1920

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зимски олимписки игри
Games of the VII Olympiad

Град домаќин
Бр. на држави 29
Бр. на спортисти 2,626
(2,561 мажи, 65 жени)
Натпревари 154 од 22 спортови
Отворени
Затворени
Официјално отворени од: Алберт I (Белгија)
Спортска заклетва Виктор Боен
Стадион

Летните олимписки игри во Антверпен се одржале во 1920 година и биле официјално седми, но фактички шести одржани олимписки игри. Тоа е поради броењето и на неодржаните Летни олимписки игри во Берлин во 1916 година. Организацијата на игрите била доделена на градот Антверпен во чест на жртвите и насилството на белгискиот народ за време на Првата светска војна. Друга можност била игрите да се одржат во Будимпешта.

Игрите не биле одржани во Берлин што требало но не се случило 4 години пред тоа како казна за земјите губитнички во Првата светска војна поради нарушувањето на светскиот мир. На таа одлука многу влијаеле и одлуките од Версајскиот договор.

Организацијата на игрите била доделена на градот Будимпешта кој во трката ги победил Амстердам и Лион, но бидејќи Австро-Унгарија била сојузник на Германија и била поразена во војната и таа се соочила со истата казна како и Берлин.


Ретроспектива[уреди]

  • На овие Олимписки игри за прв пат била дадена Олимписка заклетва и за прв пат било завеано Олимпиското знаме.
  • На игрите имало и т.н. „зимска седмица“ во која имало натпревари во уметничко лизгање и хокеј на мраз.
  • Дјук Каханамаку успеал да ја одбрани Олимписката титула на 100m во пливање освоена на Летните олимписки игри - 1912.
  • Недо Нади освоил 5 златни медали во мечување.
  • Шведскиот натпреварувач во срелаштво на дивеч Оскар Сван победил во тимскиот настап со што со 72 години станал најстариот освојувач на Олимписки медал на сите времиња.
  • Се појавил легендарниот фински атлетичар Паво Нурми со победите на 10.000m и 8.000m, освоил злато и во тимска конкуренција и сребро на 5.000m.
  • За прв пат Олимписките игри биле одржани натпревари во две држави. Два финални натпревари во едрење се одржале во Холандија од едноставна причина што имало само двајца натпреварувачи, а и двајцата биле Холанѓани.

Спротови[уреди]

Демонстративни спортови[уреди]

Земји-учеснички[уреди]

Учесницци, зелена- земји- учеснички коишто претходно учествувале, сино- земји- учеснички коишто учествуваат за прв пат

На Летните олимписки игри - 1920 во Антверпен учествувале 29 нации, за една повеќе од оние во Стокхоилм во 1912 година. Германија, Австрија, Унгарија, Бугарија и Турција не учествувале бидејќи ја загубиле Првата светска војна и го нарушиле светскиот мир. Од новосоздадените држави се натпреварувале само Естонија и Чехословачка на местото од Бохемија. Кралството СХС, Бразил и Монако дебитирале на Олимписките игри, а за прв пат самостојно настапил и Нов Зеланд по заедничкото учество со Австралија во 1908 и 1912 година.

Освојувачи на медали[уреди]

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 US flag 48 stars.svg САД 41 27 27 95
2 Flag of Sweden.svg Шведска 19 20 25 64
3 Flag of the United Kingdom.svg Велика Британија 15 15 13 43
4 Flag of Finland.svg Финска 15 10 9 34
5 Flag of Belgium.svg Белгија (домаќин) 14 11 11 36
6 Flag of Norway.svg Норвешка 13 9 9 31
7 Flag of Italy (1861-1946).svg Италија 13 5 5 23
8 Flag of France.svg Франција 9 19 13 41
9 Flag of the Netherlands.svg Холандија 4 2 5 11
10 Flag of Denmark.svg Данска 3 9 1 13

Надворешпни врски[уреди]