Амстердам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амстердам
Amsterdam
—  Општина и град  —

Знаме

Грб
Прекар(и): „Мокум“, „Венеција на Северот“
Гесло: Heldhaftig, Vastberaden, Barmhartig
(„Смел, непоколеблив, милосрден“)
Местоположба на Амстердам
Координати: 52°22′23″ СГШ 4°53′32″ ИГД / 
Земја Холандија
Покраина Северна Холандија
Област (COROP) Амстердам
Реони Центар
Север
Запад
Нов Запад
Југ
Исток
Југоисток
Вестпорт
Управа
 • Градоначалник Еберхард ван дер Лан (PvdA)
 • Советници 7
 • Секретар Хенк де Јонг
Површина[1][2]
 • Општина и град 219 км2
 • Земјиште 166 км2
 • Вода 53 км2
 • Пошир. 1.815 км2
Надм. вис.[3] 2 м
Население (6 мај 2012)[4][5]
 • Општина и град 820.654 жит.
 • Урбано 1.209.419 жит.
 • Пошир. 2.289.762 жит.
Час. појас CET (UTC+01)
 • Лете (DST) CEST (UTC+02) (UTC)
Пошт. бр. 1011–1109
Повик. бр. 020
Портал www.amsterdam.nl

Амстердам (холандски: Amsterdam) е главен и воедно најголем град во Холандија. Статусот на градот како главен град на државата утврден во уставот. Градот Амстердам има население од 790 654 жители, урбана население од 1 209 419 жители, додека на територијата на областа Амстердам живеат 2 289762 жители[6]. Градот се наоѓа во областа North Holland која се наоѓа во западна Холандија. Тој го опфаќа северниот дел од Рандстанд – една од најголемите општини (кантони) во Европа која има население од околу 7 милиони жители. Името Амстердам е изведено од Amstelerdamme, што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката Амстел. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандската златна ера, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата. Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со дијаманти. Во 19-от и 20-от век градот се проширил, при што се создадени голем број нови населби и предградија. Каналите во Амстердам кои потекнуваат од 17-от век и кои се наоѓаат во срцето на градот, се заштитени како Светско наследство од страна на УНЕСКО во јули 2010 година. Како комерцијален главен град на Холандија и како еден од врвните финансиски центри во Европа, студиската група за глобализација и главни градови (GaWC) го поставува Амстердам за алфа светски град. Градот исто така претставува главен град на културата во Холандија. Голем број холандски институции имаат главни претставништва во овој град, а 7 од 500-те врвни светски компании, како што се Филипс и ИНГ се основани токму тука. Во 2010 година, Амстердам се наоѓаше на 13-та позиција на светско ниво по квалитетот на животот од страна на Мерцер и во 2009 година рангиран на 3 место од страна на 2thinknow во индексот на градови со најдобри иновации. Берзата на Амстердам, која е воедно најстарата берза во Светот се наоѓа во центарот на градот. Главните знаменитости и атракции на Амстердам како што се: историските канали, Државниот музеј (Rijksmuseum), Музејот на Ван Гог, куќата на Ана Франк, музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачјето на црвени фенери, , како и бројните кафетерии каде се консумира канабис, годишно привлекуваат повеќе од 3,66 милиони туристи. Сепак, новиот закон би можел да ја намали познатата толерантна граница за дрога и со тоа да го намали бројот на странци кои доаѓаат да купат марихуана. Градоначалникот Eberhard van der Laan се надева дека ќе се постигне компромис со владата и со тоа туризмот нема да претрпи посериозни последици.


Историја[уреди]

Првите евидентирани податоци за употребата на името „Амстердам“ потекнуваат од потврда која датира од 27 Октомври 1275 година. Тогаш, жителите кои изградиле мост и брана на реката Амстел биле ослободени од плаќање мостарина од страна на грофот Floris V. Во таа потврда жителите се опишани како луѓе кои живеат во близина на браната на реката Амстел. До 1327-ма година името преминало во Амстердам. Амстердам е релативно нов во споредба со многу постарите градови во Холандија како што се Најмеген, Ротердам и Утрехт. Во Октомври 2008-ма година, историчарот Chris de Bont изјавил дека земјиштето околу денешен Амстердам било обработувано уште кон крајот на 10-от век. Но, тоа не мора да значи дека на тоа место имало населби со луѓе, бидејки можно е земјиштето да било користено за производство на тресет со цел да се употреби како гориво. Се смета дека на Амстердам му биле доделени права на град или во 1300 или во 1306-та година. Од 14-от век наваму, Амстердам го доживеал својот расцут, најмногу како резултат на трговијата со народите од Ханзата. Во 1345 година, по појавување на наводното Еухаристично чудо на улицата Калверстрат, градот бил прогласен за важно место за аџилак се до прифаќањето на Протестанстската вера. Ритуалната поворка на луѓе во цивилна облека „Стиле Омганг“ денеска претставува остаток од некогашната богата историја на аџилакот. Во 16-от век Холанѓаните се кренале бунт против шпанскиот крал Филип II и неговите следбеници. Главната причина за бунтот биле воведувањето на нови даноци, како и религиозното прогонство на Протестантите од страна на шпанските Инквизитори. Револтот прераснал во осумдесет годишна војна која резултирала со независност на Холандија. Холандија станала позната по големата религиозна толеранција која била наметната од страна на водачот на холандската буна Вилем Тивкиот. Голем број Евреи од Пиринејскиот Полуостров, протестанти од Франција, бројни трговци и печатари од Фламанскиот дел , како и голем број економски и верски бегалци од деловите кои биле контролирани од Шпанија, нашле прибежиште во Амстердам. Приливот на печатари и интелектуалната толеранција во градот направија Амстердам да стане центар на Европскиот слободен печат.

Географија[уреди]

Амстердам е дел од покраината North Holand и се наоѓа во западниот дел на Холандија, во близина на областите Утрехт и Флеволанд. Реката Амстел минува низ центарот на градот и е поврзана со голем број канали кои на крајот завршуваат во заливот познат како IJ. Амстердам е издигнат два метри над нивото на морето. Земјиштето кое го опкружува е рамно и се состои од големи полдери (земјиште составено од песок или друг материјал кој е опколен со вода). Југозападно од градот се наоѓа вештачка шума наречена Amsterdamse Bos. Амстердам е поврзан со Северното море преку долг канал. Градот Амстердам, како и општината со исто име се густо населени и урбанизирани. На површина од 219,4 километри квадратни, во градот живеат 4,457 жители на еден километар квадратен, а бројот на куќите на еден километар квадратен изнесува 2,275. Парковите и природните резервати зафаќаат 12% од површината на Амстердам.

Клима[уреди]

Амстерам има океанска клима, како резултат на близината на Северното Море на запад и преовладувачките западни ветрови. Амстердам и поголемиот дел од покраината North Holand спаѓаат во климатската зона 8б, што и воедно е најсеверна климатска зона во делот на Европа каде има континентална клима. До појава на мраз доаѓа единствено доколку дуваат ветрови од источни или североисточни ветрови од внатрешноста на Европа. Дури и во тој случај, температурата ноќе ретко паѓа под 5 степени целзиусови, додека во Хилверсум, кој се наоѓа 25 километри југоисточно, температурата може да падне и до -12 степени целзиусови. Летата се умерено топли, и многу ретко се случува да бидат претопли. Дневните температури во просек се движат од 22,1 до 30 степени целзиусови, при што Амстердам спаѓа во топлотната зона 2. Најголемите разлики во температурата изнесуваат од -24 до +36,8 степени целзиусови. Во Амстердам има околу 187 врнежливи денови во текот на една година. Годишното ниво на врнежи во Амстердам изнесува 915 милиметри кубни на метар квадратен. Поголемиот дел од врнежите паѓа во вид на лесен дожд или кратки но силни врнежи. Облачните денови се честа гледка во периодот од Октомври до Март. Изглед на градот и архитектура Амстердам започнува да се шири од Централната Железничка станица. Главната улица се вика Дамрак и таа води кон улицата Рокин. Најстарата област на градот се вика де Валлен. Таа се наоѓа источно од улицата Дамрак и во неа се наоѓа познатата „подрачје на црвени фенери“. Јужно од оваа област се наоѓа стар еврејски кварт- Waterlooplein. Каналите на Амстердам кои потекнуваат од 17-от век го обвиткуваат центарот на градот каде куќите на нивната предна страна имаат куки. Од другата страна на каналите се наоѓаат поранешните работнички квартови Јордаан и Пијп. Областа каде се наоѓаат најголемите музеи- Вонделпарк е парк од 19-от век кој е именуван по познатиот холандски писател Јоост ван ден Вондел, а тука се наоѓа и населбата Плантаге и зоолошката градина на градот Амстердам. Неколку делови од градот и нивната околина се составени од полдери. Тоа е препознатливо по суфиксот мер, што всушност значи езеро во имињата на Аалсеер, Бииџмемер, Хаарлемер и Ватерграфсмер.

Канали[уреди]

Системот на канали во Амстердам е резултат на совесно урбано планирање. Во почетокот на 17-от век, кога имиграцијата ја достигнала својата кулминација бил усвоен сеопфатен план, кој се базирал на 4 канали во форма на концентрични полукругови чии краеви се поврзувале кај заливот IJ. Познати како Грахтенгордел, 3 од каналите служеле за општа употреба и развој, Херенграхт- Канал на лордовите, Каизерсграхт- Канал на кралот, Принцесграхт- канал на принцот. Четвртиот канал познат како Зингелсграхт не е споменат на повеќето од мапите, бидејки тоа име е име кое се употребува за сите надворешни канали. Зингелсграхт не треба да се помеша со најстариот канал кој се наоѓа во центарот на градот –Зингел. Каналите се употребувале за одбрана, транспорт и управување со водата). Одбраната се одвивала на тој начин што каналите имале форма на ровови и имало мостови на премините преку каналите, но немало поголеми градежни објекти. Изворните планови се изгубени , па историчарите како Ед Таверне мораат да шпекулираат за првобитните намери- „Се смета дека нивната цел била практична, а не украсна„ Изградбата започнала во 1613-та година во правец од запад кон исток, по целата ширина, во вид на огромен брисач, како што го нарекува историчарот Геерт Мак, а не од центарот нанадвор како што кажува познатиот мит. Изградбата на каналот во јужниот дел била завршена во 1656 година. Процесот на изградба на живеалишта се одвивал бавно. Источниот дел од каналот, кој требал да ги покрива териториите меѓу реката Амстел и заливот IJ никогаш не е изграден. Во времето што следувало, овој дел бил искористен за изградба на старечки домови, тетри, други знаменитости и паркови. Со текот на времето, од неколку канали се направени улици и плоштади. Развој на градот Амстердам По развојот на каналите во 17-от век, границите на градот Амстердам останале непроменети цели 2 века. За време на 19-от век, Семјуел Сарфати изготвил план за развој на градот врз основа на величенственоста на Париз и Лондон во тоа време. Планот предвидувал изградба на нови куќи, јавни згради и улици во населбата Грахтенгордел. Главната цел на овој план била да се подобри јавното здравје на населението. Иако овој план не помогнал во развојот на градот, сепак со неговото исполнување се добиени најголемите јавни градби во Амстердам како што е Paleis voor Volksviijt. По стапките на Сарфати, Ван Нифтник проектирал цел круг населби од 19-от век кои го опкружувале центарот на градот. Во тоа време градот го поседувал целото земјиште од 17-от век натаму со што го контролирал развојот. Поголемиот дел од овие населби станале место за живеење на работничката класа. За да се спречи пренатрупаноста,на почетокот на 20-от век биле изготвени 2 плана кои се разликувале од се дотогаш видено во Амстердам: Планот Зуид кој бил проектиран од страна на архитектот Берлаџ и планот Запад. Овие проекти предвидувале изградба на нови населби со живеалишта за сите општествени слоеви. По завршувањето на Втората Светска Војна во западните, југоиисточните и северните делови на градот биле изградени нови големи населби. Овие нови населби биле изградени со цел да се надмине недостатокот од простор за живеење и населението да добие конфорни и достапни куќи и живеалишта. Населбите се состоеле од големи станбени блокови меѓу кои се наоѓале паркови, а истите биле поврзани со широки улици, што овозможило движење на моторни возила. Западните предградија на градот се нарекуваат Westelijke Tuinsteden. Областа која се наоѓа југоисточно од градот се вика Biijlmer.

Архитектура[уреди]

Амстердам има богата архитектонска историја. Најстарата градба во Амстердам е Старата Црква која се наоѓа во срцето на Валлен и која била осветена во 1306 година. Најстарата градба изработена од дрво е het Houten Huys во Begijnhov. Таа била изградена околу 1425 година и е една од вкупно 2-те останати дрвени куќи. Таа исто така претставува еден од примерите за Готската архитектура во Амстердам. Во текот на 16-от век, дрвените куќи биле срушени и нив ги замениле куќите изработени од цигли. За време на овој период многу градби се изработувале во стилот на Ренесансата. Градбите од овој период се препознатливи по нивната фасада со кука на предниот дел што е белег на Холандскиот ренесансен стил. За многу кратко време , градот Амстердам развил свој ренесансен стил во архитектурата. Овие градби биле градени по принципите на архитектот Хендрик де Кејзер. Еден од највпечатливите објекти проектирани од страна на Кејзер е Западната Црква. Во 17-от век барокната архитектура станала многу позната, а позната била и насекаде во Европа. Тоа приближно се совпаднало со Златната Ера на градот Амстердам. Најпознати архитекти од времето на барокот биле Јакоб ван Кампен, Филип Вингбонс, Данил Сталперт. Во почетокот на 20-от век архитектот на т.н. „Амстердамска школа“, Филип Вигбонс проектирал прекрасни куќи за трговците. Најпознатата градба во барокен стил во Амстердам, како што е Кралски дворец која се наоѓа на главниот плоштад Дам. Во текот на 18-от век, Амстердам бил под силно влијание на француската култура, што е отсликано во архитектурата од тој период. Околу 1815 година, архитектите престанале да го практикуваат барокниот стил и почнале да проектираат градби од нов тип. Повеќето градби од тој период се со готска архитектура, па затоа се зборува дека тие се градени во нов-готски стил. На крајот на 19-от век познат станал Новиот стил или Art Noveau, па токму затоа голем број градби биле изградени токму во овој стил. Бидејки градот се ширел многу брзо за време на овој период , новите градби во центарот на градот биле градени во истиот стил. Новите куќи во близина на Плоштадот на музеите во стариот јужен дел претставуваат примери за Новиот Стил. Арт Деко бил стил кој бил познат во градбите во Амстердам пред појавата на стилот на новата ера. Амстердам имал своја верзија на овој стил во архитектурата кој бил позната како Amsterdamse School. Биле градени цели области во овој стил. Таква област е Rivierenbuurt. Забележлива карактеристика на градбите од Амстердамската Школа е дека нивните фасади имале многу раскошни декорации и врати и прозорци со чудна форма. Стариот центар на градот претставува фокусна точка на сите архитектонски стилови пред крајот на 19-от век. Градби од Новиот Стил и стилот Георгиан главно може да се видат во населбите од почетокот на 20-от век кои се наоѓаат надвор од центарот на градот, иако има и впечатливи примери кои се наоѓаат во центарот на градот. Повеќето историски градби во центарот на градот се куќи, како што се куќите на познатите трговци кои се наредени по должината на каналите.

Поделба[уреди]

Раководењето со општините во Амстердам е поделено на 15 области или Stadesdelen- централниот дел кој е опкружен со Западниот парк, Bos en lommer, De Baarsjes, Oud-West, Oud_Zuid, Oost/Watergraafsmeer, Zeeburg, Amsterdam Noord, и 6 надворешни области (Westpoort, Geuzenveld-Slotermeer, Osdorp, Slotervaart, Zuideramstel, Zuidosst). На 1 мај 2010 година бројот на области е намален на 8 (centrum, Noord, Zuid, West, Nieuw-West, Zuidoost, Westport).

Дефинирање[уреди]

Осумте области на Амстердам најчесто се разбираат како да се однесуваат за општината Амстердам. Сепак, некои делови од општината како на пример селото Дургердам не се сметаат за дел од Амстердам. Статистички гледано се употребуваат 3 дефиниции за Амстердам- Метрополитен Амстердам, Областа Амстердам и урбаниот регион (општина Амстердам). Овие дефиниции не се совпаѓаат со термините урбана област и метрополитен област кои се употребуваат во земјите каде се говори Англискиот јазик. Во одделот за истражување и статистика во Амстердам се употребува и четврта дефиниција, односно градскиот регион Амстердам. Оваа област е слична со Областа Амстердам но во неа спаѓаат и општините Zaanstand и Wormerland , додека во неа не спаѓа Graft-De Rijp. Најмалата површина меѓу гореспоменатите има општината која броела 742,981 жители во 2006 година. Областа метрополитен имала 1 021 870 жители во 2006 година. Во неа спаѓаат повеќе општини заедно со општината Амстердам. Областа Амстердам има 15 општини и брои 1,211 503 жители според пописот во 2006 година. Иако е поголема по површина, бројот на населението е само малку поголем во неа, бидејки по дефиниција во неа не спаѓа релативно бројната по жители општина Заанстанд. Област со најголем број на жители е областа Амстердам метрополитен која има 2,22 милиони жители. Во неа спаѓаат Zaanstad, Wormerveer, Muiden, Abcoude, Haarlem, Almere и Lelystad но во неа не спаѓа Graft-De Rijp. Амстердам спаѓа во метрополитен областа Рандстанд и има вкупно население од 6,659,300 жители.

Градски власти[уреди]

Како и сите холандски општини, Амстердам го управуваат градоначалник, општински совет и Aldermen. Сепак, за разлика од другите холандски општини, Амстердам е поделен на 7 области, систем кој бил спроведен во 1980-те години со цел да се подобри локалното управување. Сега областите се одговорни за многу активности кои претходно биле одговорност на градот. Првично градот бил поделен на 15 области. 14 од нив имале свој совет кој се бирал на избори. 15-от Вестпорт кој е најблиску до пристаништето во Амстердам , имал мал број на жители и бил воден од централниот општински совет. Локалните одлуки се спроведуваат на ниво на областа, а само работите кои го засегнуваат целиот град, како што се поголеми инфраструктурни проекти и слично ги води централниот градски совет.

Национална влада[уреди]

Амстердам е главен град на Холандија во техничка правна смисла. Денешниот устав на Холандија го споменува Амстердам како главен град на само едно место- глава 2, член 32: Инаугурацијата и крунисувањето на кралот се врши во Амстердам-главниот град. Претходните устави го споменувале само како градот Амстердам, без спомнување на главен град. Сепак , седиштето на владата, собранието и врховниот суд на Холандија е ( и секогаш бил , со исклучок на еден краток период од 1808 и 1810 година) сместен во Хаг. Странските амбасади исто така се наоѓаат во Хаг. Главниот град на Северна Холандија е Хаарлем.

Симболи[уреди]

Грбот на Амстердам е составен од неколку историски елементи. Во средината на грбот се наоѓаат 3 крстови на Св. Андреј кои се поредени вертикално. Овие 3 крстови може исто така да се видат и на ознаките на населбите Амстелвеен и Оудер –Амстел. Тој дел од грбот на Амстердам се наоѓа и на знамето на градот Амстердам, кое е избрано од страна на градските власти , но и на цивилните бродови кои се регистрирани во Амстердам. Вториот симбол е Австриската кралска круна. Во 1489 година, како знак на благодарност за помошта и заемите кои ги добил, Максимилијан први му дозволил на Амстердам да ја употреби кралската круна на грбот на градот. Во 1508 година таа била заменета со круната на Максимилијан, откако тој бил крунисан како Светиот Романски Император. На почетокот од 17 век, круната на Максимилијан која се наоѓала на грбот на Амстердам била повторно променета, овој пат со круната на императорот Рудолф 2, која станала царска круна на Австрија. Лавот потекнува од 16-от век, кога градот и областа станале дел од „Република на седум обединети Холандии“. Последно е усвоено официјалното мото на градот- херојски, одлучни, милосливи, кое кралицата Вилхелма му го подарила на градот во 1947 година за да ја награди храброста на градот во Втората Светска војна.

Економија[уреди]

Областа Зуидас е главната бизнис област во Амстердам и таа сеуште е во голема мера во изградба. Голем број Холандски и мулти-национални компании имаат свое седиште во Амстердам, како што се АБН Амро и Акзо Нобел. Амстердам е главен финансиски и бизнис центар на Холандија. Амстердам во моментов спаѓа во најдобрите Европски градови каде може да основате меѓународен бизнис. Тој е на петто место во оваа категорија и него го надминуваат само – Лондон, Париз, Франкфурт и Барселона. Многу од големите коорпорации имаат свое седиште во Амстердам. Тука спаѓаат : Кралската банка на Шкотска, Акзо Нобел, Хајнекен интернационал, ИНГ груп, Ахолд, ТомТОм, Делта Лојд Груп и Филипс. КПМГинтернационал има свое седиште во близина на Амстердам, поточно во Амстелвеен, каде и многу други интернационални компании имаат свои седишта и можат да уживаат полна правна сопственост на земјиштето за разлика од можноста да се изнајми земјиште во Амстердам. Иако голем број мали компании сеуште се имаат свои канцеларии во близина на старите канали, сепак се поголем број компании се преселуваат надвор од центарот на градот. Зуидас стана новиот финансиски и правен центар. Петте најголеми фирми во Холандија и голем број холандски подружници на консултантските фирми како што се Бостон Консалтинг груп и Accenture како и светскиот трговски центар Амстердам се наоѓаат во Зуидас. Постојат и други 3 помали финансиски области во Амстердам. Првиот е областа која го опкружува центарот околу главната железничка станица во Амстердам- Слотердијк, каде се сместени неколку канцеларии на познатите новински агенции како Де Телеграаф. Тука исто така се наоѓаат канцелариите на компанијата на општински јавен превоз и Даночната канцеларија на Холандија. Втората финансиска област е областа која ја опкружува Амстердамската Арена (стадионот). Третата област е областа во близина на железничката станица Амстел. Таму се наоѓаат највисоката кула во Амстердам – кулата Рембрант, како и седиштето на компанијата Филипс. Берзата на Амстердам (АЕХ) која денеска е дел од Еуронекст, е најстара берза во светот и воедно е една од најголемите берзи во Европа. Таа се наоѓа во близина на плоштадот Дам во центарот на градот.

Туризам[уреди]

Де Вален, најголемаото подрачје на црвени фенери во Амстердам претставува голема туристичка атракција.

Амстердам е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, која годишно има повеќе од 4,63 милиони интернационални туристи , без притоа да бидат пресметани повеќе од 16 милиони дневни посетители на Амстердам на годишно ниво. Бројот на посетители се повеќе се зголемува изминатава декада.  Тоа може да се припише на се поголемиот број Европски посетители. Две третини од хотелите се наоѓаат во центарот на градот. Хотелите со 4 и 5 ѕвездички зафаќаат 42% од вкупните места за преноќување, како и 41 процент од ноќевалиштата за една ноќ. Во 2006 година се искористени 78% од капацитетот на сместување, а во 2005 исполнетоста изнесувала 70% од капацитетот.   

Поголемиот дел од туристите (74%) се од Европа. Најголемиот дел од туристите кои не потекнуваат од Европа се Американци (околу 14% од туристите). Во одредени години се организираат тематски манифестации со цел да се привлечат дополнителен број на туристи. На пример во 2006 година беше прогласена за година на „Рембрант 400“ со цел да се прослави 400 годишнината од раѓањето на Рембрант. За тој период некои хотели нудат посебни аранжмани на активности. Бројот на гости кои престојуваат во некој од 4-те кампови околу градот изнесува од 12 до 65,000 гости.

Де Валлен или уште позната како Walletjes и Rosse Buurt, е одредена област во која проституцијата е легализирана и воедно е најголема и најпозататото подрачје на црвени фенери во Амстердам. Оваа населба со текот на времето станала една од најпознатите туристички атракции. Таа се состои од мрежа на улици кои се мегусебно поврзани и на кои има неколку стотини мали еднособни станови кои се изнајмуваат од сексуални работнички кои нудат сексуални услуги на тој начин што седат пред стаклениот излог на просторијата која најчесто е осветлена со црвено светло.

Трговија[уреди]

Продавниците во Амстердам варираат од огромни стоковни куќи како Де Бијенкорф (1870 година) и Мејсон де Боннетерие , стоковна куќа во париски стил изградена 1889 година, па се до мали специјализирани продавници. Хај енд продавниците во Амстердам се сместени на улиците Pieter Cornelisz Hooftstraat и Cornelis Schuytstraat, кои се наоѓаат во близина на Вонделовиот парк. Една од најпрометните улици во Амстердам е тесната средновековна улица – Kalverstraat која се наоѓа во срцето на градот. Други области за купување се Negen Straatjes , Haarlemmerdijk и Haarlemmerstraat. Negen Straatjes се девет тесни улици во рамките на Grachtengordel, концентричниот систем на канали во Амстердам. Negen Straatjes се разликуваат од другите области за шопинг по тоа што имаат голем број на приватни продавници. Haarlemmerstraat и Haarlemmerdijk беа прогласени за најдобри шопинг улици во Холандија во 2011 година. На овие улици исто така има голем број приватни продавници. Но, додека на 'Negen Straatjes доминираат модните продавници, на Haarlemmerstraat и Haarlemmerdijk може да се видат секаков вид на продавници- продавници за слатки и друг тип на храна, долна облека, патики, облека за венчавки и свечености, продавници за мебел, книжарници, продавници за велосипеди, скејт опрема и тн. Во градот исто така има и голем број пазари на отворено како Albert Cuypmarkt, Westerstraat-markt, Ten Katemarkt, and Dappermarkt. Некои од овие пазари се дневни, а некои се одржуваат еднаш неделно.

Мода[уреди]

Модните брендови како G-star, Gsus, BlueBlood, Iris van Herpen, 10 feet и Warmenhoven & Venderbos, но и модните дизајнери Mart Visser, Viktor & Rolf, Sheila de Vries, Marlies Dekkers и Frans Molenaa имаат свои седишта во Амстердам. Моделските агенции Elite Models, Touche models и Tony Jones имаат отворено свои филијали во Амстердам. Супермоделите Yfke Sturm, Doutzen Kroes и Kim Noorda своите кариери ги започнале во Амстердам. Амстердам има свој центар за облека во Светскиот Моден Центар. Зградите во кои порано се наоѓале бордели во ред лајт дистрикт биле преобратени во ателјеа на млади познати модни дизајнери.

Демографија[уреди]

Амстердам има 783,364 жители. На 1 јануари 2011 година , етничкиот состав во Амстердам изнесувал 49,7% холандско население и 50, 3% странци. Во 16-от и 17 от век имигрантите биле Фламанци, Сепарди Евреи, Вестфалијанци и Huguenots. Huguenot-ите дошле по декретот на Фонтаинблау, во 1685 година, додека Фламанските протестанти дошле за време на осумдесетгодишната војна. Вестфалијанците дошле во Амстердам највеќе од економски причини , а нивниот прилив продолжил и во 18-от и 19-от век. Пред почетокот на Втората Светска војна 10% од населението било Еврејско. Првата масовна имиграција во 20-от век била изведена од луѓе од Индонезија, кои дошле во Амстердам по осамостојувањето на холандските Источни Инди во 1940-те и 50-те години. Во 1960-те години гастарбајтери од Турција, Мароко, Италија и Шпанија емигрирале во Амстердам. По осамостојувањето на Суринами, голем број Суринамејци дошле во Амстердам и се сместиле во Биијлмер областа. Други имигранти, во кои спаѓаат и бегалци-азиланти и нелегални имигранти доаѓаат од Европа, Америка, Азија и Африка. Во 1970-те и 80-те години, голем број од „старите„ Холанѓани се преселиле во нови градови како Алмер и Пурмеренд , поттикнати од третата планолошка сметка на холандската влада. Со тоа се промовирала субурбанизацијата и се овозможува развој на гроеикернен или буквално јадрото на растот. Млади професионалци и уметници се населиле во населбите de Pijp и the Jordaan кои овие Амстердамци ги напуштиле. Незападните имигранти се населиле во социјалните стамбени проекти во западниот дел на Амстердам и Биијлмер. Денес луѓето кои немаат западно потекло сочинуваат околу една третина од населението во Амстердам,од кои 50% се деца. Најголемата религиска група е христијанската (17% во 2000 година), кои се делат на Римокатолици и Протестанти. Следната религија по број е Илсамот (14% во 2000-та година), чии поголем дел од следбениците се сунити. Во 1578 година претходно римокатоличкиот град Амстердам се приклучил на бунтот против Шпанското владеење, што е прилично доцна во споредба со другите поголеми северни градови во Холандија. Во согласност со протестантската процедура за тоа време, сите цркви биле преобратени во протестантски. Калвинизмот стана доминантна религија и иако католицизмот не бил забранет , а на свештениците им било дозволено да држат миси, сепак била забранете католичката Хиерархија. Ова довело до формирање на schuilkerken, тајни цркви кои се наоѓале зад навидум обичната предна страна на куќите до каналите. Таков пример е моменталниот предмет на дебата – Роде Хоед. Во 17-от век во Амстердам дошло до голем прилив на доселеници од сите религии, а особено евреи од Шпанија и Португалија, Хугуенотс од Франција и Протестанти од јужните делови на Холандија. Тоа довело до формирање на голем број цркви во кои не се вршеле служби на холандски јазик. Во 1603-та година било направено првото известување од страна на еврејската верска служба. Во 1639 била осветена првата синагога. Евреите почнале да го викаат градот Ерусалим на Западот поради нивното чувство на припадност . Кога се етаблирале во градот, другите христијански деноминации ги користеле преобратените католички капели за одржување на миси. Најстарата црква каде се служи на англиски јазик а се наоѓа надвор од границите на Обединетото кралство е во Бегинјхоф. Таму сеуште се држат редовни миси на англиски јазик под покровителство на шкотската црква. Хугуенотите броеле околу 20% од жителите на Амстердам во 1700-та година. Бидејки биле калвинисти, тие набрзо се преобратиле во реформите на Холандската црква , иако голем дел од нив останале на својата вера. Некои од нив кои денес се препознатливи по прекарот Валонци сеуште држат проповеди на француски јазик. Во втората половина на 17-от век , во Амстердам има прилив на Ашкеназим, Евреи од централна и источна европа, што продолжува се до 19-от век. Евреите често бегале од погроми во тие области. Првите Ашкенази кои пристигнале во Амстердам биле бегалците од Чмиелничкото востание во Полска и Триесетгодишната војна. Тие не само што основале свои синагоги, туку исто така имале и големо влијание врз Амстердамскиот дијалект, притоа додавајки голема количина јидишки локални зборови . Иако нема официјално еврејско гето, повеќето евреи претпочитале да живеат во стариот средновековен дел од градот. Главна улица на ова еврејско маало била Jodenbreestraat. Ова маало го сочинуваат и Waterlooplein и Nieuwmarkt. Градбите од ова маало биле уништени во втората светска војна , а голем дел од населбата бил срушен за време на изградбата на подземната железница. Тоа довело до немири, па затоа проектите за комплетна промена и реконструкција на маалото биле откажани и на тоа место биле изградени помали објекти врз основа на оригиналниот поранешен распоред. Католичките цркви во Амстердам започнале да се градат по враќањето на епископската хиерархија во 1853 година. Еден од главните архитекти кои биле одговорни за католичките цркви во градот, исто така биле одговорни за Централната железничка станица и Ријксмузејот, што довело до тоа Протестантскиот крал Вилијам трети да одбие да го отвори тој „манастир“. Во 1924 година римо-католичката црква во Холандија го одржала меѓународниот евхаристички конгрес во Амстердам, на кој присуствувале бројни католички архиереи и притоа го посетиле градот , каде во црквите и на стадионите се одржувале свечености. Сепак во тоа време сеуште биле забранети католичките поворки по улиците. Во 20-от век релацијата на градот Амстердам во врска со католицизмот се нормализирала, но и покрај се поголемата популарност меѓу населението, сепак католичкото свештенство одбрало да го постави своето епископско седиште во блискиот провинциски град Хаарлем. Во последно време , верската демографија во Амстердам се менува со големата имиграција од поранешните колонии. Имигрантите од Суринами го вовеле Евангелскиот протестанизам и лутеранството, хиндуизмот е воведен од Суринамијците, а неколку гранки на исламската религија дошле заедно со мигрантите од различни делови од светот. Сега исламот е најбројната не-христијанска религија во Амстердам. Големиот број имигранти од Гана и нигерија создале Африкански цркви кои често се сместени во гаражи во областа Бејлмер каде многу од нив живеат. Освен тоа, во Амстердам свои собири имаат поставено широк спектар на други религиозни движења како на пример Будизамот, конфучијанизмот и хиндуизмот. И покрај изреката „Живеј и остави да живеат„ која накратко ги опишува Холанѓаните и посебно отвореното и толерантно општество на Амстердам, сепак зголемениот прилив на луѓе од различни раси и религии, по завршувањето на Втората Светска Војна во неколку случаи ги нарушило општествените односи. Собирајки луѓе од 176 различни, Амстердам е дом на една од најголемите варијации на националности во кој било друг град во светот. Имигрантите денес сочинуваат околу 50% од населението во Амстердам. Жители по потеклото Во 2010-та година 34,9% од вкупното население и 52, 6% од младите со возраст под 18 години имале неевропско потекло.

Транспорт[уреди]

Во центарот на градот возењето се обесхрабрува. Цената на паркинг услугите е висока, а многу улици се затворени за сообраќај или се еднонасочни. Локалната власт ги спонзорира иницијативите за заеднички патувања и заедничко користење на моторни возила како што се Аутоделен и Мериеден.ну.

Регионалните автобуси и некои приградски автобуски линии се управувани од страна на Connexxion и Arriva. Во моментов постојат 16 различни трамвајски линии и четири метро линии. Петтата метро линија север-југ е во изградба. 3 бесплатни траекти ги пренесуваат патниците преку заливој ИЈ до северниот дел на Амстердам додека 2 линии на траекти пловат источно и западно од пристаништето. Во Амстердам има водено такси, воден автобус, електрични чамци што се изнајмуваат, како и патувања по каналите кои служат за пренос на патници по воден пат. Обиколницата А10 која го опкружува градот го поврзува Амстердам со холандската мрежа од магистрални патишта. Клучките на А10 им овозможуваат на возилата да се приклучат на еден од 18 градски патишта кои се нумерирани од С101 до С118. Овие градски патишта се патишта на кои лентите не се одвоени, а понекогаш и не се означени со линија. Повеќето од нив се дозволени за велосипеди. С100 е помал рингроуд кој го обиколува центарот на градот. Во 1932 година Амстердам беше предвиден да биде центар, на нултиот километар- на автопатскиот систем на Холандија. Автопатите требале да бидат обележани од 1-8 и да тргнуваат од градот. Почетокот на Втората светска војна и пренасочување на приоритетите биле причините поради кои денес само патиштата А1,А2 и А4 тргнуваат од Амстердам. Изградбата на патот А3 кон Ротердам била откажана воо 1970 година со цел да се зачува Гроене Харт. Патот А8, кој води северно до Заандам и патот А10 биле пуштени во употреба меѓу 1968 и 1974 година. Освен патот А1, А2,А4 и А8 неколку други патишта како А7 и А6 водат кон Амстердам. Во Амстердам има десет станици на Холандската железница. Пет од нив се меѓуградски- Sloterdijk, Zuid, Amstel, Bijlmer ArenA и Amsterdam Centraal. Станици за локални линии се Lelylaan, RAI, Holendrecht,Muiderpoort and Science Park како и Amsterdam Centraal. Од централната станица има линии за Австрија, Белорусија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Полска , Русија, и Швајцарија. Освен овие линии има и меѓународни линии на Холандската железница ( Амстердам-Брисел-Париз_Келн) , CityNightLine, и InterCityExpress. Еуролинија има линии на автобуси од железничката станица Амстел во Амстердам до сите дестинации во Европа. Аеродромот Шипхол е одалечен на 20 минути со воз од централната железничка станица . Тоа е најголемиот аеродром во Холандија, петти по големина во Европа и дванаесетти по број на патници во целиот Свет. Тој може да опслужи околу 46 милиони патници годишно и е база на 4 авиопревозници KLM, transavia.com, Martinair и Arkefly. Шипхол во 2010 година беше четврти аеродром по употребеност од странски патници.


Велосипедизам[уреди]

Амстердам е најпријателски настроениот град кон велосипедистите во цела Европа. Тој е огромен град со велосипедска култура и добри услови за велосипедистите како патеки и цели коловози за велосипедисти, како и неколку добро обезбедени паркинзи за велосипеди кои се достапни по ниски цени. Во 2006 година на улиците на Амстердам се возеле околу 465 000 велосипеди. Кражбата на велосипеди е надалеку позната , па во 2005 година во Амстердам украдени биле околу 54 000 велосипеди. Луѓе од сите општествени групи користат велосипед за превоз низ градот, како резултат на малите димензии на Амстердам, изобилството од велосипедски патеки (околу 400 километри), рамниот терен и непријатноста од возење автомобил.


Образование[уреди]

Амстердам има 2 универитети- Универитетот на Амстердам и универитетот ВУ. Во другите институции кои овозможуваат високо образование спаѓаат уметничкото училиште Gerrit Rietveld Academie, the Hogeschool van Amsterdam, и the Amsterdamse Hogeschool voor de Kunsten. Меѓународниот институт за Социјална Историја на Амстердам е една од најголемите истражувачки институции за социјална историја, а особено за историја на работничкото движење. Ботаничката градина на Амстердам која е формирана на почетокот на 17-от век е една од најстарите ботанички градини во светот и која има голем број на стари и ретки примероци, меѓу кои и растение од кафе кое било родител на сите растенија кафе во цела централна и јужна Америка. Некои од основните училишта во Амстердам , како што е Монтесори училиштето, наставата ја основаат на одредени педагошки теории. Најголемото Монтесори средно училиште во Амстердам е Монтесори Лицеум Амстердам. Но, наставата во многу училишта е основана врз религијата. Ова било пракса на Римокатоличките и протестантски училишта, но како што се зголемил бројот на муслимански имигранти така се зголемил и бројот на исламски училишта. Во јужните предградија на Амстердам има еврејски училишта. Амстердам е познат по тоа што има 5 граматички училишта - the Vossius Gymnasium, Barlaeus Gymnasium, St. Ignatius Gymnasium, Het 4e Gymnasium и the Cygnus Gymnasium каде се учи според класична гимназиска програма, а во програмате се и изучувањето на Латинскиот и класичниот грчки јазик. Иако до неодамна се сметаше дека овој концепт набрзо ќе изумре, сепак гимназиите доживеаа оживување што доведе до формирање на нова четврта и петта гимназија во која спаѓаат и гореспоменатите 3 гимназии. Повеќето средни училишта во Амстердам нудат низа од повеќе нивоа на образование во едно исто училиште. Градот исто така изобилува со колеџи чија програма варира од арт и дизајн до политика и економија и кои истовремено се достапни за странски студенти.


Домување[уреди]

Пазарот за домување е под силна контрола. Во Амстердам 55% од постоечките станбени објекти и 30 процетни од новите станови се во сопственост на здруженијата за домување кои се спонзорирани од владата. Збиените имоти се многу чести во Амстердам , бидејки законот за имот ги фаворизира станарите. Голем број од овие збиени имоти станале познати како на пример ОТ301 , Вранкријк (затворен од страна на владата) и Биннепрет, и неколку други кои сега работат како бизниси, како здравствени клубови и ресторани со лиценца. Култура и забава Кон крајот на 16-от век комората за реторика во Амстердам организирала натпревари меѓу повеќе комори во читање поезија и драма. Во 1638 година во Амстердам е отворен првиот театар. Во него се одржувале балетски претстави од 1642 година наваму. Во 18-от век познат станал и Францускиот театар. Додека Амстердам бил под влијанието на германската музика во 19-от век имало многу малку продукции на опера- Hollandse Opera во Amsterdam била изградена во 1888 година со специфична цел- промовирање на холандската опера. Во 19-от век популарната култура била центрирана во областа Нес. Метрономот , еден од најважните пронајдоци за класичната музика во европа е измислен од Дитрих Николаус Винкел во 1812 година. На крајот на векот биле изградени Rijksmuseum и Stedelijk Museum. Во 1888 година е основана Concertgebouworkest. Со 20 от век дојдоа и киното, радиото и телевизијата како медиуми. Иако повеќето студија се наоѓаат во Hilversum и Aalsmeer, Амстердам има многу големо влијание во програмата. Многу луѓе кои работат во телевизиската индустрија живеат во Амстердам. Исто така седиштето на СБС 6 се наоѓа во Амстердам.

Музеи[уреди]

Најважните музеи во Амстердам се наоѓаат наплоштадот на музеите, лоциран југозападно од музејот Rijksmuseum. Тој бил изграден во последната четвртиона на 19-от век врз темелите на поранешниот светски саем. Североисточниот дел од плоштадот е ограден со прилично големиот Rijksmuseum. Пред Rijksmuseum на самиот плоштад се наоѓа долго правоаголно езеро. Истото е претворено во лизгалиште во зимскиот период. Северозападниот дел од плоштадот се граничи со Van Gogh Museum, Stedelijk Museum, House of Bols Cocktail & Genever Experience и Coster Diamonds. Југозападната граница на плоштадот на музеите е Van Baerlestraat, што е главната сообраќајница во овој дел од Амстердам. Од другата страна на улицата се наоѓа Concertgebouw. На југозапад од плоштадот има повеќе големи куќи и супермаркет. Het Museumplein е покриена со трева , со исклучок на североисточниот дел кој е покриен со шљунак. Моменталниот изглед на плоштадот е добиен во 1999 година , кога плоштадот беше обновен. Плоштадот сам по себе е една од најистакнатите места во Амстердам и е познат по одржување на фестивали и концерти на отворено особено во лето. Во 2008 година се направени планови за повторно обновување на плоштадот , бидејки поголемиот дел од граѓаните не се задоволни од неговиот изглед. Rijksmuseum-от ја поседува најголемата и најважната збирка на дела од класичната холандска уметност. Тој бил отворен во 1885 година. Неговата збирка се состои од скоро милион предмети. Најповрзан со Амстердам е уметникот Рембрант, чие дело и делото на неговите ученици е изложено во овој музеј. Ремек делото на рембрант „ Ноќната Стража“ е едно од врвните уметнички парчиња во овој музеј. Во него исто така има слики од уметници како Van der Helst, Vermeer, Frans Hals, Ferdinand Bol, Albert Cuyp, Jacob van Ruisdael и Paulus Potter. Освен слики во музејот има и голема колекција на декоративни уметности. Тоа може да бидат од тапети до стаклени куќи за кукли од 17 от век. Архитект на зградата со готски стил е P.J.H. Cuypers. Во моментов музејот се проширува , реновира и замислена е изградба на нов главен влез во музејот. Само едно крило на музејот е отворено за јавноста во моментов а изложена е селекција од ремек-дела. Музејот ке биде потполно отворен за јавноста во 2012 или 2013 година. Ван гог живеел во Амстердам еден краток период па затоа во негова чест е отворен музеј за неговото дело. Музејот е сместен во една он новите модерни згради во оваа област на Амстердам. Зградата е дизајнирана од Gerrit Rietveld. Во оваа зграда е изложена постојана колекција. Во 1999 година е додадено ново крило на музејот. Оваа зграда позната под името крило за изведби е дизајнирана од јапонскиот архитект Kisho Kurokawa. Во неа се одржуваат привремени изложби. Некои од најпознатите слики на Ван Гог како Јадачите на Компири и Сончогледи се наоѓаат во колекцијата на музејот. Музејот на Ван Гог е најпосетениот музеј во Амстердам. Одма до музејот на Ван Гог се наоѓа Stedelijk Museum. Ова е најголемиот музеј во Амстердам во врска со модерна уметност. Музејот ги отвори своите врати во исто време кога бил изграден и плоштадот на музеите. Постојаната колекција се состои од дела на уметници како Piet Mondriaan, Karel Appel, и Kazimir Malevich. Главниот влез е преместен од Paulus Potterstraat на плоштадот на музеите. Повторно ќе биде отворен за јавноста на крајот на 2011 година. Во Амстердам има и многу други музеи. Има мали музеи како Verzetsmuseum, куќата на Ана франк и куќата на рембрант, но има и огромни музеи како Тropenmuseum, Amsterdam Museum, Hermitage Amsterdam и Joods Historisch Museum. Музејот со модерен стил Немо е посветен на научни изложби за деца.

Музика[уреди]

Поп[уреди]

Музичката хала Ханјекен е концертна сала во близина на Amsterdam ArenA. Нејзината главна цел е да служи како подиум за поп концерти и голема публика. Многу од познатите странски уметници имале настапи во неа. Две други познати места се - Paradisoand и Melkweg а тие се наоѓаат во близина на Leidseplein. И во двете има широка програма од инди рок до хип-хоп и РНБ и други познати правци на музика. Други места кои се ориентирани на подкултури се OCCII, OT301, De Nieuwe Anita, Winston Kingdom и Zaal 100. Џезот има голема публика во Амстердам, а најпознато џез место е Bimhuis.

Електронска и денс музика[уреди]

Музичката хала Ханјекен исто така е домакин на бројни фестивали на електронска музика, но има и голем број други локации каде се одвиваат фестивали. Армин ван Буурен и Тиесто потекнуваат од Холандија и се сметаат за едни од најдобрите транс-диџеи и многу често настапуваат во Амстердам. Секој Октомври, Амстердам е домакин на АДЕ кој е еден од водечките електронски музички собири и воедно најголем клубски фестивал на електронска музика во светот. Друг познат музички фестивал е 5daysoff, кој се одвива на стадионите Paradiso и Melkweg. Во текот на летото има неколку големи фестивали на денс музика во околината на Амстердам како Awakenings, Dance Valley, Mystery Land, Loveland, A Day at the Park, Welcome to the Future, и Valtifest.

Класична музика[уреди]

Амстердам има синфониски оркестар кој е светски познат- Royal Concertgebouw Orchestra. Нивен дом е Concertgebouw, кој се наоѓа спроти Van Baerlestraa на плоштадот на музеите. За неа критичарите сметаат дека има една од најдобрите акустики во светот. Зградата има 3 хали , Grote Zaal, Kleine Zaal, and Spiegelzaal. Годишно во неа се одвиваат околу 800 концерти со повеѓе од 850000 посетители. Операта на Амстердам се наоѓа во близина на градското собрание. Затоа двете згради заедно се нарекуваат Stopera. Овој збор потекнува од холандските зборови stadhuis и opera. Огромниот модерен комплекс, кој беше отворен во 1986 година се наоѓа во поранешната еврејска населба Waterlooplein во близина на реката Амстел. Stopera е база на De Nederlandse Opera, Het Nationale Ballet и the Holland Symfonia. Muziekgebouw aan 't IJ е концертна хала , која се наоѓа блиску до централната станица. Во неа се одвиваат главно концерти на модерна класична музика. Во нејзина близина се наоѓа Bimhuis, концертна хала за импровизирана и џез музика.


Театар[уреди]

Главната зграда на театарот во Амстердам е Stadsschouwburg Amsterdam во Leidseplein.Тоа е базата на Toneelgroep Amsterdam.Оваа зграда датира од 1984та.Повеќето претстави се изведуваат во Grote Zaal (Големата Сала). Вообичаената програма на настани ги опфаќа сите видови на театарски форми. Stadsschouwburg моментално се реновира и проширува.Третиот театарски простор кој ке работи заедно со соседниот Melkweg ке се отвори доцна во 2009 или на почетокот на 2010.Други театри се: Royal Theatre Carré, Bellevue theatres, Stopera de kleine komedie и повторно отворениот DeLaMar.


Комедија и кабаре[уреди]

Холандија има традиција на кабаре или “kleinkunst” која комбинира :музика,раскажување приказни,коментари,театар и комедија.Кабарето датира уште од триесеттите ,а артисти како Wim Kan, Wim Sonneveld и Toon Hermans беа пионерите на ова форма на уметност во Холандија.Во Амстердам постои Академија за кабаре (Kleinkunstacademie). Современи популарни артисти се : Youp van 't Hek, Freek de Jonge, Herman Finkers, Hans Teeuwen, Theo Maassen, Herman van Veen, Najib Amhali, Raoul Heertje, Jörgen Raymann, De Vliegende Panters и Comedytrain.Комедијата на англиски јазик беше воспоставена со основањето на of Boom Chicago во 1933та.Тие имаат своj сопствен театар во Leidseplein.


Ноќен живот[уреди]

Амстердам е познат по неговиот енергичен и разновиден нокен живот.Двете главни области познати по ноќниот живот се Leidseplein и Rembrandtplein. Амстердам има многу кафулиња и барови.Тие варираат од големи и модерни до мали и удобни.Типичното Bruine Kroeg (кафеаво кафуле) има постаромодна атмосфера со пригушени светла,свеќи и нешто повозрасна клиентела.Повеќето кафулиња имаат тераси во лето. Честа глетка на Leidseplein во текот на летото е плоштад полн со тераси преполни со луге кои пијат вино или пиво. Во Амстердам исто така може да се најдат многу ресторани.Бидејки Амстердам е мултикултурен град , има многу различни етнички ресторани.Рестораните варираат од луксузни и скапи до обични и ресторани со прифатливи цени. Амстердам исто така има многу дискотеки.Повеќето од овие клубови се наогаат блиску до Leidseplein И Rembrandtplein. Paradiso, Melkweg и Sugar Factory се културни центри кои ноќе се претвораат во дискотеки .Примери за дискотеки блиску до Rembrandtplein се Escape и Club Home.Исто така вредни да се спомнат се и , Panama, Hotel Arena (East), The Sand и The Powerzone. Bimhuis кој Што е лоциран блиску до главната железничка станица со својата богата програма е домакин на најдобрите во своето поле и е еден од најдобрите џез клубови во светот. Reguliersdwarsstraat е главната улица за LGBT заедницата и ноќниот живот.


Кинотеки[уреди]

Холивудските филмови најчесто се вклучени во репертоарот на кината во сопственост на Патхе. Тушински е ард деко зграда која има прекрасно лоби и шест кино сали. Theater One е архитектонско богатство со комфорни седишта 2 балкони и неодамна реновиран таван. Pathe De Munt е модерна кинотека и се наоѓа на Muntplein. Pathe Arena е на една метро станица од центарот и има ИМАКС аудиториум. Pathe Cityе планирано да се отвори во 2010 година. Во Тушински може да се погледнат уметнички филмови како и во The Movies, Cinecenter, Kriterion, Ketelhuis, Uitkijk, и the Filmmuseum. Фестивали Во 2008, на територија на Амстердам се имало 140 фестивали и настани. Познати фестивали и настани во Амстердам се - Koninginnedag (Queen's Day); the Holland Festival за изведувачките уметности, годишниот Prinsengrachtconcert, the 'Stille Omgang' Amsterdam Gay Pride; The Cannabis Cup; и the Uitmarkt. На денот на Koninginnedag стотици илјади луѓе доаѓаат во Амстердам да слават заедно со жителите на Амстердам. Целиот град е натрупан со луѓе кои купуваат производи на пазарите или посетуваат некој од многуте концерти. Годишниот фестивал на Холандија привлекува странски уметници и посетители од цела Европа. Amsterdam Gay Pride е фестивал кој се одржува секоја година и има локален карактер, а се одржува во вид на парада на бродови во каналите првата сабота во Август. Amsterdam Gay Pride е фестивал која е честа мета на критики и пофалби. Годишниот Uitmarkt е тридневен културен настан кој почнува на крајот на Август. Тој овозможува да се видат бројни уметници, како музичари и поети кои својата изведба ја изведуваат качени на подиуми.

Спорт[уреди]

Анстердам е дом на фудбалскиот клуб Ајакс Амстердам. Стадионот Амстердам Арена е домашен стадион на Ајакс. Се наоѓа во југоисточниот дел на градот до железничката станица Amsterdam Bijlmer ArenA. Пред 1996 година кога Ајакс се пресели на денешната локација, играше на Де Мфер Стадионот. Во 1928 година , Амстердам беше домакин на летните олимписки игри. Олимпискиот стадион кој бил изграден за таа намена е потполно реставриран и сега се употребува за спортски и културни настани, како што е Амстердамскиот Маратон. Градот беше домаќин за велосипедските настани на оваа манифестација. Осум години порано, Амстердам учествувал во организирање на пловечките настани од летната олимпијада која беше одржана во соседниот Антверп, Белгија. Екипата за хокеј на мраз игра во салата Jaap Eden ice rink. Овој тим учествува во Холандската премиер лига во хокеј на мраз. Во оваа сала исто така се одржуваат и шампионати во брзо лизгање на 400 метри. Амстердам има и 2 екипи за рагби- the Amsterdam Crusaders, Amsterdam Sloten и Amsterdam Panthers. Тимот Amsterdam Pirates се натпреварува во големата рагби лига на Холандија. Има 3 тима за хокеј на трева - Amsterdam, Pinoké and Hurley. Тие играат во близина на Вагенер стадионот вол блискиот град Амстелвеен. Кошаркарскиот тим MyGuide Amsterdam се натпреварува во холандската прва лига и тие играат во спортската сала Зуид во близина на Олимпискиот стадион. Од 1999 градот Амстердам им одава чест на најдобрите спортисти и спортистки во салата Амстердам Спортс Авордс. Боксерот Raymond Joval и хокејарот Carole Thate беа првите кои таму ги примиле наградите во 1999 година. Кик боксот, Муау Таи и други боречки вештини се популарни во Холандија и особено популарни во Амстердам.

Наводи[уреди]

  1. „Најважни цифри за Амстердам и реоните“. „os.amsterdam.nl“. Служба за иследување и статистика, Град Амстердам. 1 јануари 2006. http://www.os.amsterdam.nl/tabel/4670/. конс. 4 април 2007.  (холандски)
  2. „Површина, густина на населеноста и просечно станарство“. „os.amsterdam.nl“. Служба за иследување и статистика, Град Амстердам. 1 јануари 2006. http://www.os.amsterdam.nl/tabel/10216/. конс. 13 август 2008.  (англиски)
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име elevation.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CBS.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име randstad.
  6. „Facts and Figures“. I amsterdam. http://www.iamsterdam.com/en/visiting/touristinformation/aboutamsterdam/factsandfigures. конс. 1 јуни 2011. 

Надворешни врски[уреди]