Аеродром Амстердам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Aмстердам Схипхол
Luchthaven Schiphol
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
18R/36L 12,467 3,800 Асфалт
06/24 11.483 3,500 Асфалт
09/27 11.329 3,453 Асфалт
18R/36L 12,467 3,800 Асфалт
18L/36R 11,155 3,400 Асфалт
18C/36C 10,826 3,300 Асфалт
04/22 6,608 3,014 Асфалт

Меѓународниот аеродром во Амстердам (IATA: AMS, ICAO: EHAM), е еден од најголемите аеродроми на светот. Официјалното име на аеродромот е Амстердам Схипхол. Схипхол е еден од најфрекфентните аеродроми во Европа, заедно со аеродромите во Лондон, Франкфурт и Париз Де Гол. Во 2007 година, преку аеродромот беа превезени 47,793,602 патници, што го прави петти најзафатен аеродром во Европа, после Лондон, Париз, Франкфурт и Мадрид. Аеродромот е изграден како еден голем терминал кој е поделен во три хали за заминување. Третата хала беше проширена во 2007 година со уште еден дел наречен терминал 4. Поради презафатеност на аеродромот и поради високите такси кои се плаќаат за услуги на аеродромот, некои од ниско буџетните авиокомпании се одлучија своите летови да ги пренасочат кон помали аеродроми, како што се аеродромите во Ајндховен и Ротердам. Амстердам Схипхол аеродромот е база на КЛМ, Трансавиа и Мартин Ер, како и Northwest Airlines од САД во кооперација со КЛМ.

KLM флота на Амстердам Схипхол

Историја[уреди]

Амстердам Схипхол аеродромот започна со работа на 16 септември 1916 година, како воена база. Кога цивилното воздухопловство започна да го користи аеродромот, базата беше наречена Schiphol-les-bains. Аеродромот има добиено преку 120 награди за успешност. Во 1980, 1981, 1984, 1985, 1986, 1990 и 2003 беше прогласен за најдобар аеродром во глобални рамки.

Инциденти[уреди]

14 Ноември, 1946 - Даглас Ц-47 опериран од КЛМ на доаѓање од Лондон, во лоши временски услови, по две откажувања за слетување, на третиот пат, пилотот реализира дека не е наместен во согласност со насоката на пистата и прави остар лев круг, но поради тоа што бил премногу блиску до земјата, авионот со едното крило ја допира земјата при што се урива и 26 патници се прогласени за загинати. 4 октомври 1992 - Боинг 747 Карго верзија на Израелската авиокомпанија Ел Ал, веднаш по полетувањето ги губи двата авиона на десното крило и се урива во населена населба во близина на аеродромот, вкупно 47 патници умираат.


Инфраструктура[уреди]

Влез на аеродромот

Амстердам Схипхол аеродромот има оставено голем простор за продавници, како извор на профит како и забава за патниците. Схипхол Плаза е трговски центар пред чекирање, така што покрај патнициите, може да биде користен и од луѓе кои не користат никакви аеродромски услуги. Постои супермаркет, ресторани кои се отворени до полноќ секој ден во неделата. Исто така постои и голема тераса за набљудување на авионите.

Терминали и дестинации[уреди]

Како што рековме, аеродромот има еден терминал и тој терминал е поделен на три оддели.

Оддел 1[уреди]

Крило Б[уреди]

Крило Ц[уреди]

Оддел 2[уреди]

Контролната Кула на аеродромот во Амстердам

Крило Д[уреди]

Крило Е[уреди]

  • Cathay Pacific (Хонг Конг)
  • China Southern Airlines (Пекинг, Гвангжу)
  • EVA Air (Бангкок, Тајпеј)
  • Japan Airlines (Токио)
  • KLM (Абу Даби, Абуџа, Акра, Адис Абеба, Алма Ати, Аруба, Атланта, Бангкок, Пекинг, Бонаире, Каиро, Кејптаун, Ченгду, Чикаго, Куракао, Далас, Дамаскус, Дамам, Дар ес Салам, Делхи, Детроит, Доха, Дубаи, Ентебе, Гвајакили, Хонг Конг, Хјустон, Хајдерабад, Џакарта, Јоханесбург, Кано, Карачи, Картум, Килиманџаро, Куала Лумпур, Кувајт, Лагос, Лима, Лос Анѓелес, Манила, Мексико Сити, Монтреал, Мускат, Мумбаи, Најроби, Пудонг, Сингапур, Ст. Маартен, Сурабаја, Њујорк, Осака, Панама, Парамарибо, Кито, Сан Франциско, Сао Паоло, Сеул, Шангај, Сингапур, Тајпеј, Техеран, Тел Авив, Токио, Торонто, Триполи, Ванкувер, Вашингтон)
    • oперирано од PrivatAir (Хјустон)
Northwest флота
  • Northwest Airlines (Бостон, Детроит, Хартфорд, Мемфис, Минеаполис, Мумбај, Нуарк, Портланд, Сиетл)
  • Singapore Airlines (Сингапур)

Оддел 3[уреди]

  • transavia.com (најголемиот дел од летовите заминуваат од крило Д) Агадир, Аликанте, Алжир, Анталија, Банџул, Барселона, Бергерац, Берлин Тегел, Бодрум, Крф, Даламан, Џерба, Дубровник, Фаро, Фуертевентура, Фунчал, Ираклион, Измир, Кефалонија, Кос, Китира, Ла Палма, Лас Палмас, Лезбос, Лисабон, Малага, Маракеш, Милано Орио, Монастир, Монтпеље, Ница, Охрид, Пиринеј, Пиза, Превеза, Реус, Тел Авив, Тенерифе, Тревизо, Валенсија, Закинтос)

Крило Ф[уреди]

Крило Г[уреди]

Крило Х[уреди]

  • easyJet (Белфаст, Бристол, Единбург, Ливерпул, Лондон Гетвик, Лондон Лутон, Лондон Станстед)
  • bmibaby (Бирмингем, Кардиф, Источен Мидлендс)
  • Flybe (Eксетер, Саутемптон)
  • Jet2.com (Лидс Брадфорд)
  • Sky Airlines (Анталија)

Крило M[уреди]

Карго авиокомпании[уреди]


Наводи[уреди]