Аеродром Диселдорф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меѓународен аеродром Диселдорф
Flughafen Düsseldorf International
Düsseldorf International Airport2.jpg
IATA: DUSICAO: EDDL
DUS се наоѓа во Северна Рајна-Вестфалија
DUS
Местоположба на аеродромот во Северна Рајна-Вестфалија
Преглед
Тип Јавен
Стопанисувач Flughafen Düsseldorf GmbH
Опслужува Диселдорф
Јазол за
Надм. вис. 45 m / 147 ft
Координати 51°17′22″ СГШ 6°46′00″ ИГД / 
Мреж. место www.duesseldorf-international.de
Писти
Насоченост Должина Површина
m ft
05R/23L 3,192 10,474 бетон
05L/23R 3,294 10,809 бетон
Статистики (2010)
Патници 18.988.149
Промена на патници 09-10 6,7%
Операции на воздухоплови 215,544
Промена на операциите 09-10 0,7%
Извори: Passenger Traffic, ADV[2]
German AIP at EUROCONTROL[3]

Меѓународниот аеродром во Диселдорф (German: Flughafen Düsseldorf International) (IATA: DUS, ICAO: EDDL) e трет најголем аеродром во Германија. Со преку 17.8 милиони патници превезени во 2007 година само аеродромот во Франкфурт и аеродромот во Минхен имаат превезено повеќе патници во Германија. Аеродромот служи како главен аеродром за авиокомпанијата LTU, и е втор по важност аеродром за Луфтханза. Луфтханза нуди преку 300 летови на ден (53 дестинации) од и до Диселдорф. Започнувајќи од мај 2008, Луфтханза ќе започне и прекуокеански летови од Диселдорф. На аеродромот има преку 750 слетувања и полетувања во еден ден. Aеродромот е лоциран на некои 9 км оддалеченост од центарот на Диселдорф. Аеродромот располага со две писти, едната долга 3000 метри и другата долга 2700 метри. Сегашниот терминал може да процесира околу 22 милиони патници годишно. Aeродромот може да го прими и најголемиот авион на светот, Airbus A380, а Луфтханза планира да го користи како помошен аеродром во случај на невреме на аеродромот во Франкфурт.

Поглед на внатрешноста на аеродромот

Историја[уреди]

Аеродромот беше отворен на 19 април 1927 година. Во 1950 година, пистата беше продолжена на 2750 метри, и во 1969 продолжена на 3000 метри. На 11 април 1996 година, na покривот на еден од терминалите настанува пожари при што загинуваат 18 луѓе, главно од задушување од чад, а многу други се хоспитализирани. Бо 1999 година е поставена основата на нова подземна гаража, додека на 12 ноември, 2007 година, првиот Airbus A380 слета на аеродромот во Диселдорф.

Авиокомпании и дестинации[уреди]

Tерминал A (Star Alliance/партнери на Луфтханза)[уреди]

Терминал Б[уреди]

полетување на Emirates A330-200

Tерминал Ц[уреди]

Карго авиокомпании[уреди]

Наводи[уреди]