Аеродром Гетеборг Лендветер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Гетеборг Лендветер
Göteborg-Landvetter flygplats
Gothenburg-Landvetter Airport
Departures entrance at Landvetter.JPG
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
03/21 10,823 3,299 Асфалт

Аеродромот Гетеборг Лендветер (шведски: Göteborg-Landvetter flygplats), (IATA: GOT, ICAO: ESGG), е меѓународен аеродром кој го опслужува градот Гетеборг во Шведска. Со 4,3 милиони патници во 2006 година, е втор најголем Шведски аеродром. Аеродромот е именуван по малото место во близина на Гетеборг, Лендветер. Лоциран е на 20 километри од центарот на Гетеборг. На аеродромот постојат два терминални згради, домашен и меѓународен. Просторот за трансфер содржи ресторани и продавници, како и хотел на 500 метри од терминалните згради. Аеродромот беше официјално отворен 1977 година.

Транспортација до аеродромот[уреди]

  • Автобус: Flygbussarna автобусот сообраќа до центарот на Гетеборг на секои 20 минути, и на секои 30 минути до централната железничка станица. Еден билет чини 500 денари. Друга автобуска линија постои до градот Борас, исто така на секои 30 минути, и тој чини 500 денари.

Патот до Гетеборг е 25 километри, а до Борас е 45 километри. На аеродромот постои паркинг со 7,300 места за автомобили.

Карго транспорт[уреди]

Аеродромот Гетеборг Лендветер е важен карго аеродром. Во текот на 2007 година беа процесирани 60,100 тонови карго, околу 60% од вкупниот карго товат на најголемиот аеродром во Шведска, Стокхолм Арланда.

Авиокомпании и дестинации[уреди]

Чартер[уреди]

  • Alpresor (Салцбург, Женева, Малага)
  • Apollo (Агадир, Анталија, Бургас, Чанија, Крф, Џерба, Дубровник, Фуертевентура, Ираклион, Хургада, Карпатос, Кавала, Ланцароте, Ларнака, Лас Палмас, Монастир, Палермо, Палма де Мајорка, Пукет, Превеза, Родос, Рим Фјумичино, Санторини, Скијатос, Сплит, Тенерифе, Солун, Тиват, Варна, Закинтос)
  • TUIfly Nordic (Агадир, Анталија, Бали, Бангкок, Барселона, Бургас, Даламан, Фаро, Гоа, Гран Канарија, Хургада, Исла де Маргарите, Кап Верда, Краби, Ланцароте, Ларнака, Мадеира, Мајорка, Маурициус, Мајами, Момбаса, Монастир, Пукет, Шарм ел Шеик, Сплит, Тенерифе, Трст, Варна)
  • LionAlpin
  • Solresor
  • Ving