Аеродром Рим Фјумичино

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Aеродром Рим Фјумичино
Aeroporto Leonardo da Vinci di Fiumicino
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
07/25 10,856 3,309 асфалт
16R/34L 12,795 3,900 асфалт
16L/34R 12,795 3,900 асфалт
16C/34C 11,811 3,600 цемент

Меѓународниот аеродром Леонардо да Винчи - Фјумичино (итал. Aeroporto Leonardo da Vinci di Fiumicino) (IATA: FCO, ICAO: LIRF) се нaоѓа во близината на Рим, е најпрометниот италијански аеродром со 32.945.223 патници опслужени во 2007 година. Се наоѓа во местото Фјумичино, на некои 35 километри оддалеченост од центарот на Рим. Аеродромот е единствена база на италијанскиот национален авиопревозник Alitalia.

Историја[уреди]

Аеродромот беше официјално отворен на 15 Јануари 1961 година, во тоа време со две писти, заменувајќи го многу помалиот Рим Чампино аеродром, кој сѐ уште е во сервис, но најмногу за чартер и ниско буџетни компании. Во текот на првата деката, Alitalia инвестираше многу средства на аеродромот, и во тој период уште една писта (16L/34R) беше додадена. Моментално на аеродромот оперираат четири писти, 16L/34R и 16R/34L (одделени со дистанца од 4000 метри), 16C/34C (во близина на 16L/34R), се користи како замена на 16L/34R, и 07/25, која се користи само во услови на непријатен ветер. Терминалот исто така беше дограден во 90-тите години на минатиот век:

-1991: Отворање на домашното крило со 12 порти (Крило А);

-1995: Отворање на меѓународното крило со 10 порти (Крило Б);

-1999: Отворање на западен сателит со 11 порти (Сателит Ц) и интерен воз кој го поврзува сателитот со главниот терминал;

-2000: Отворање на нов домашен терминал (Терминал А). Реорганизација на терминалните згради, кои сега се состојат од: терминал А (и крило А), терминал АА, терминал Б (и крило Б), терминал Ц (и западен сателит);

-2004: Отворање на нов карго терминал наречен Cargo City;

-2008: Отворање на терминал 5 (950,000 патници годишно). Продолжена работа на отворање на крило Ц;

Идни планови:

- Oбнова на писта 1 за сообраќај на авиони од типот на Airbus A380, комплетирана;

- Втора зграда за авиокомпаниите и вработените на аеродромот;

- Завршеток на енергетски систем, еколошки чист, кој ќе му овозможи на аеродромот сам да произведува енергија;

- Ново крило Ц (исклучиво за меѓународен сообраќај) со 16 дополнителни порти, да биде комплетиран до 2010 за да се овозможи очкуван растеж од денешните 38 милиони патници годишно на 55 милиони патници до 2018 година;

Tранспортација[уреди]

Аеродромот е оддалечен некои 35 километри од центарот на Рим. Аеродромот е опслужен од железничка линија оперирана од TrenItalia, која е достапна од терминалот на аеродромот. За околу 30 минути се стигнува до станицата Термини, централната железничка станица во Рим.

Аеродромски несреќи и инциденти[уреди]

Од некаде 1960 до 1980 година, аеродромот беше мета на Израелско - Палестинските конфликти.

- На 17 Декември 1973 година, авион на Американската авиокомпанија Pan Am, беше нападнат од Палестински терористи. 30 лица загинаа од фосфорната бомба која беше активирана неколку моменти пред полетувањето.

- На 27 Декември 1985 година, за време на терористичките напади на аеродромите во Рим и Виена, терористите убија 16, а ранија 99 патници на аеродромот.

- На 2 Април 1986 година, авион на Trans World Airlines, кој леташе на линија од Рим до Атина, беше бомбардиран, при што 4 лица загинаа. Аеродромот безбедно слета на аеродромот.

- На 17 Октомври 1988 година, авион на Uganda Airlines, кој сообраќаше на линијата Лондон Гетвик преку Рим до Ентебе, Уганда, се урна за време на слетувањето на аеродромот. 26 од 45 лица во авионот загинаа, меѓу кој и 7 члена на екипажот.

Авиокомпании и дестинации[уреди]

Терминал А[уреди]

  • Air Alps (Анкона, Болцано, Кунео, Римини)
  • Air One (Албенга, Алгеро, Бари, Бриндизи, Каљари, Катанија, Џенова, Ламезија Терме, Лампедуза, Милано Линате, Палермо, Пантелерија, Пиза, Трст, Торино, Венеција)
  • Alitalia (Анкона, Бари, Бергамо, Болоња, Бриндизи, Катанија, Фиренца, Џенова, Ламезија Терме, Милано Линате, Наполи, Палермо, Пиза, Реџо Калабрија, Трст, Торино, Венеција, Верона)
  • Meridiana (Каљари, Милано Линате, Олбија, Верона)

Терминал AA[уреди]

  • Air Bee (Бреша)
  • Air Vallée (Аоста)
  • Blu-express (Бари, Катанија, Милано Малпенза, Ница, Торино)
  • EasyJet (Лондон Гетвик [започнува 3 ноември], Милано Малпенза [започнува 3 ноември])
  • MyAir (Букурешт Банеаса)
  • SkyEurope (Братислава)
  • TUIfly (Хановер, Меминген)
  • Wind Jet (Катанија, Палермо)
  • Wizz Air (Будимпешта, Клуж Напока, Софија)

Терминал Б[уреди]

Терминал Ц[уреди]

Terminal C, Fiumicino Airport. Lanes from in-airport railway transport system, named "Airport Shuttle", connecting terminals C and B are visible in the ground