Austrian Airlines

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Austrian Airlines AG
Austrian.a320.2.arp.750pix.jpg
IATA
OS
ICAO
AUA
Ознака
AUSTRIAN
Формирана 1957
Хабови Аеродром Виена
Редовна програма на лет Miles & More
Чекална Senator Lounge, Business Class Lounge
Соработки Star Alliance
Филијали Lauda Air
Tyrolean Airways
Големина на флота 36 (106 Austrian Airlines Group) (2 on order/lease)
Дестинации 133
Седиште Виена, Австрија
Клучни луѓе Alfred Ötsch (CEO)
Мрежно место: http://www.austrian.com
Austrian Airlines building

Austrian Airlines AG (Македонски изговор: Остриан Ерлајнс) е национален авиопревозник на Австрија, со седиште во Виена. Заедно со нејзините регионални партнери: Tyrolean Airways (Austrian Arrows), како и со чартер партнерот Lauda Air, оперира на повеќе од 130 дестинации ширум светот. Главна централа на авиокомпанијата е аеродромот во Виена, со втора помала централа на аеродромот во Инсбрук. Член е на Star Alliance и на Austrian Airlines Group.

Историја[уреди]

Авиокомпанијата беше основана на 30 септември 1957 година, а првиот лет го оствари на 31 март 1958 година, на релација Виена - Лондон преку Цирих. Austrian Airlines беше формирана со спојување на Air Austria и Austrian Airways. Започна со домашни дестинации на 1 мај 1963 година. Прекуокеанскиот сервис започна на 1 април 1969 година на релација Виена - Њујорк преку Брисел, во кооперација со поранешниот Белгиски авиопревозник, Sabena. Авиокомпанијата стана член на Star Alliance во 2000 година. Истата година, групацијата ја купи и авиокомпанијата Lauda Air.


Корпоративен дизајн[уреди]

Дизајнот на логото на Austrian Airlines секогаш бил мешавина од црвена и бела боја. Авионите од 50-тите до 80-тите години на минатиот век беа сребрени на долниот дел од трупот, додека горниот дел беше бел со логото на Austrian Airlines. Многу специјални дизајни беа употребувани низ текот на времето. По влегувањето во Star Alliance, неколку авиони беа со дизајн на Star Alliance.

Дестинации[уреди]

Погледни опширно: Дестинации на Austrian Airlines.

Фокусот на Austrian Airlines е ставен на дестинации кон Источна Европа и блискиот Исток, најголемиот дел од нив е опериран од подружницата на Austrian, Tyrolean. Во 2006 година, во обид да се зачуват околу 51 милиони долари на годишно ниво, Austrian одлучи да ги отстрани од флотата авионите од типот Ербас А330 и Ербас А340. Некои од овие авиони им беа препродадени на Tap Portugal, Swiss и Француските воени сили. Austrian суспендираше неколку прекуокеански дестинации кон источна Азија и Австралија. Летовите до Шангај завршија во текот на 2007 година, додека летовите кон Маурициус, Пукет, Коломбо и Мале завршија во април 2007 година. Месецот март 2007 беше одбележан со крај на релациите Виена - Сингапур - Мелбурн и Виена - Куала Лумпур - Сиднеј, со што се означи крај на оперирање на патот на кенгурот.

Флота[уреди]

Austrian Airlines Флота
Авион Вкупно Дестинации Забелешки
Airbus A319-114 7 кратки и средни дестинации
Airbus A320-214 6 [1] кратки и средни дестинации
Airbus A321-111/211 6 кратки и средни дестинации
Boeing 737-600 1 кратки и средни дестинации поранешен авион на Lauda Air
Boeing 737-700 2 кратки и средни дестинации поранешен авион на Lauda Air
Boeing 737-800 7 кратки и средни дестинации
Boeing 767-300ER 6 Прекуокеански дестинации
Канада(YYZ), Кина (PEK), Индија (DEL, BOM), Соединети Американски Држави (JFK, ORD)
Boeing 777-200ER 4 Прекуокеански дестинации
Јапонија (NRT), Тајланд (BKK), Соединети Американски Држави (IAD)
Вкупно 36

Инциденти и несреќи[уреди]

  • На 5 Јануари, 2004 година, авион од типот Фокер 70 беше принуден да слета во близина на аеродромот во Минхен. Инцидентот помина само со три полесно повредени патници.
  • На 17 Септември, 1984 година, авион од типот Swearingen при процедура на слетување на аеродромот во Виена, леташе на неприспособена висина, премнгу ниско, при што слета неколку стотини метри пред почетокот на пистата. 8 патници и 2 членови на екипажот беа полесно повредени.
  • На 26 Септември, 1960 година, авион од типот Vickers Viscount се урна при процедура на слетување на аеродромот Шереметјево во Москва. 31 патник од вкупно 37 загинаа.

Погледни исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]