Извршен директор
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Извршен директор (англиски: (CEО)) е највисоко рангиран вработен во една корпорација, и кој ја има целосната контрола над компанијата, организацијата или агенцијата. Во внатрешната комуникација и во вестите, многу компании ја користат титулата CEO, за луѓе од повисоките инстанци на компанијата, иако тие луѓе имаат некоја сосема друга улога.
[уреди] Меѓународна употреба
Во некои земји од Европската Унија, постојат два посебни борда, еден извршен борд на директори за секојдневно водење на компанијата и еден борд на надгледувачи кој е избран од сопствениците. Во овие земји, извршниот директор ја има контролата над бордот на директори, додека претседателот ја има контролата над бордот на надгледувачи. Со ова се разграничува управувачкиот од бордот на сопственици (надгледувачи). Со ова се прави заштита од некаков конфликт на интереси
[уреди] Структура
Вообичаено, извршниот директор има неколку помошници околу него, и секој од нив има посебни задолженија. Најчесто тоа се: Извршен финансов директор (chief financial officer (CFO)), извршен директор за операции (chief operating officer (COO)), извршен технички директор (chief technical officer (CTO)), извршен маркетинг директор (chief marketing officer (CMO)), извршен директор за информации (chief information officer (CIO)), и директор или заменик претседател, во одделот за човечки ресурси.