Корпорација

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е за деловни корпорации. За други значења, погледнете Корпорација (појаснување).

Корпорација е бизнис здружение, пријавено како посебен правен субјект со свои овластувања и обврски кои се разликуваат од оние на нејзините членови. Постојат многу различни форми на корпорации, од кои повеќето се користат за водење бизнис.

Корпорациите се производ на Законот за трговски друштва чии правила ги балансираат интересите на оние кои управуваат со корпорациите, доверителите, акционерите и вработените кои придонесуваат со својот труд.

Важна (но не и општа) карактеристика на една корпорација е ограничената одговорност. Ако една корпорација пропадне, акционерите единствено ризикуваат да ги изгубат своите инвестиции, вработените да ги изгубат своите работни места, но никој не е одговорен за долговите на доверителите на акционерското друштво.

Иако не се физички лица, според законот, корпорациите имаат права и обврски како физички лица (“луѓе”). Корпорациите можат да ги користат човековите права против индивидуи и државата, и се често одговорни за повреда на човековите права.Исто како што се “раѓаат”, преку добивање дозвола за основање на нејзините членови, така можат и да “умрат” со “распуштање” на истите со законска постапка, судски налог или доброволно, од страна на акционерите на корпорацијата. Стечај може да води кон “смрт” на корпорацијата кога доверителите, со помош на судски налог, бараат ликвидација и распуштање на корпорацијата, но најчесто резултира со преструктуирање на истите. Корпорациите дури можат да бидат осудувани за кривични дела, како што се измама и убиство.

Иако Законот за трговски друштва се разликува во различни правосудства, постојат четири основни карактеристики на деловните корпорации:


Историја[уреди]

Главни статии: Историја на корпорациите и листа на најстари компани.
Stora Kopparberg 1288.jpg

Зборот “корпорација” потекнува од “corpus” , латински збор што значи тело или “човечко тело”. Субјекти кои вршеле дејност и имале законски права, биле пронајдени на територијата на стариот Рим и на античка Индија, за време на владеењето на Империјата Маурија.Во средовековна Европа, црквите и локалните власти се обединувале во корпорации, како што бил случајот со Папата и градот Лондон. Поентата на ваквите здружувања била дека тие би опстоиле подолго од животниот век на секој посебен член, засекогаш. Наводно најстарата корпорација на светот, Стура Копарберг, рударска заедница од Фалун, Шведска, стекнала привилегии од кралот Магнус Ериксон во 1347. Многу европски народи ги овластувале корпорациите како што се холандската источно-индиска компанија или на компанијата Хадсон Беј да управуваат со колонијалните ризици, кои корпорации играле огромна улога во историјата на корпоративниот колонијализам.

За време на колонијалната експанзија во 17 век, вистинските предци на современата корпорација се појавиле како “овластени компанија”. Дејствувајќи во рамките на овластувањето одобрено од страна на холандскиот монарх, холандската источно-индиска компанија (VOC) ги поразила португалските сили и се лоцирала на молуканските острови со цел да профитира од европската побарувачка за зачини. На инвеститорите на VOC им биле издадени сертификати како доказ за заедничка сопственост и биле во можност да тргуваат со акции на оригиналната берза во Амстердам. На акцонерите, исто така, им била гарантирана ограничена одговорност во Кралското овластување на компанијата. Во последните години 18 век, Стјуард Кид, авторот на првата расправа за Закон за трговски друштва на англиски јазик, ја дефинирал корпорацијата како:

Збир на многу поединци обединети во едно тело, со определен назив, со непрекинливо работење според одредена форма, определена со политиката на законот, со способност за дејствување како индивидуа, особено во земање и доделување на имот, во однос на договорните обврски, со можност да тужи и да биде тужена, да ужива во заеднички привилегии и имунитети и да остварува на различни политички права, повеќе или помалку пространа, зависно од обликот на својата институција или од овластувањата што ги има таа врз неа, било во времето на нејзиното создавање или во кој било подоцнежен период на своето постоење.

Меркантелизам[уреди]

Видете уште: меркантилизмот и „ Меурот на Јужно Море “
Обврзница издадена од страна на холандската источно индиската компанија, која датира од 1623 во вредност од 2.400 флорини

Именувани како “најголемо општество на трговците во универзумот” од страна на современиците и историчарите, Британската источно-индиска компанија почнува да го симболизира богатиот потенцијал на корпорацијата и новите методи на работење кои се како брутални, така и експлоатирачки. На 31 декември, 1600 година, англиската монархија и доделила петнаесетгодишен монопол врз трговијата во и од Источна Индија и Африка. До 1611 година, акционерите на Источно-индиската компанија заработувале речиси 150 % повратна добивка од своите инвестиции. Последователните пласирања на акции биле доказ за тоа колку се зголемила профитабилноста на компанијата. Со првото пласирање на акции во 1613-1616 се зголемил капиталот на компанијата за 418.000 долари, а со првата понуда во 1617-1622 за 1,6 милион долари.

Во САД, владиното овластување излегло од мода во средината на 19 век. Во тоа време, Законот за трговски друштва се фокусирал на заштита на јавните интереси, а не на интересите на акционерите на корпорациите. Корпоративните овластувања биле тесно регулирани од страна на државите. За формирање на корпорација бил потребен акт донесен од страна на законодавно тело. Генерално, инвеститорите морале да имаат еднаков удел во корпоративното управување и од корпорациите се барало усогласување на работата со целите наведени во нивните договори. Многу приватни претпријатија го избегнувале корпоративниот модел од овие причини (Ендрју Карнеги ја започнал својата работа со челик како командитно друштво, а Џон Д. Рокфелер ја поставил “Стандард Оил” како фонд). Конечно, владите на државите почнале да сфаќаат дека со донесување на потолерантни закони за корпорации, ќе се зголемат даноците за регистрирање на корпорации. Њу Џерси била првата држава која усвоила “овластувачки” Закон за трговски друштва со цел да привлече повеќе бизниси во државата. Делавер била следна, и наскоро станала позната како земја која е најпријателски настроена кон корпорациите откако Њу Џерси почнала да ги зголемува даноците за корпорациите. Откако ја сфатила грешката, Њу Џерси ги намалила даноците, но тогаш веке било предоцна; дури и денес повеќето главни, јавни корпорации во САД се поставени под законот на Делавер.

До почетокот на 19 век, владината политика на двете страни од Атлантикот почнала да се менува, како одраз на растечката популарност на тврдењето дека корпорациите се иднината на економијата. Во 1819 година, Врховниот суд на САД усвоил премногу закони кои претходно не биле препознавани или уживани. Статутите на корпорациите се сметале за “неприкосновани” и дека не се предмет на произволна измена или укинување од страна на државната власт. Корпорацијата како целина била прогласена за “вештачко лице” кое поседува индивидуалност и бесмртност.

Во речиси исто време, британското законодавство на сличен начин ги ослободувало корпорациите од историските ограничувања. Во 1844 британскиот парламент го донел Законот за акционерски друштва, со кој на компаниите им било дозволено да се обединуваат без кралско овластување или одлука од Парламентот. Десет години подоцна, ограничената одговорност, клучната одредба на современиот Закон за трговски друштва, била усвоена во англискиот закон: како одговор на зголемениот притисок од новонастанатите капитални интереси, Парламентот го усвоил Законот за друштва со ограничена одговорност во 1855, поставувајќи го принципот дека секоја корпорација би можела да ужива законска ограничена одговорност, едноставно со регистрирање како “ограничена” компанија со соодветно владино посредништво.

Ова го поттикнало месечното списание “Економист” да напише дека “Можеби никогаш не беше доволно жестоко и општо барано промена чија важност беше толку преценета” Неточноста на вториот дел од критика, била признаена повеќе од 75 години подоцна ,од страна на истиот магазин, кога се тврди дека “за економски историчар на иднината, можеме да му дадеме почесно место на непознатиот изумител на ограничената одговорност заедно со Ват и Стивенсон и други пионири на Индустриската револуција ”.

Современи корпорации[уреди]

На крајот на 19 век, Шермановиот антитрустовски закон (Њу Џерси), дозволува формирање на холдинг компании и интегрирање што резултира со поголеми корпорации со дисперзирани акционери.(Видете Модерната корпорација и приватна сопственост ). Добро познатата одлука на округот Санта Клара против јужните пацифички железници почнала да влијае врз креирањето на политиката со што започнала современата корпоративна ера.

Во дваесеттиот век имало ширење на овластувачки закон низ светот, кој придонел за економскиот напредок на многу држави, пред и по Првата Светска Војна. Почнувајќи од 1980, многу држави со големи корпорации во државна сопственост, почнале со приватизација, продажба на јавни услуги и претпријатија на корпорации. Дерегулација (намалување на регулирањето на корпоративна активност) често ја придружува приватизацијата како дел од политиката за ослободување од државна интервенција. Друга поголема промена после војната се однесувала на развојот на конгломерати, каде поголемите корпорации купувале помали компании со цел проширување на нивната индустриска база. Јапонските претпријатија развиле хоризонтален модел на конгломерати, keiretsu, кој подоцна бил применуван и во други држави.

Закон за трговски друштва[уреди]

Главна статија: Закон за трговски друштва

За постоење на една корпорација, потребна е посебна правна рамка и законско тело кои на корпорацијата и даваат статус на правно лице, со што корпорацијата се смета за фиктивно,правно или морално лице (спротивно на физичко лице). Вообичаено, статутите на корпорациите ги овластуваат истите да поседуваат имот, да потпишуваат обврзувачки договори и да плаќаат даноци надвор од оние кои ги плаќаат нејзините акционери( кои понекогаш се нарекуваат “членови”). Според канцеларот Халденј,

...Корпорација е апстрактна појава. Паметна е исто колку што е тешка; следствено, нејзината активна и управувачка волја мора да се бара во некое лице кое навистина го режира умот и волјата, егото и идентитетот на корпорацијата.

Правното лице има две економски импликации. Прво, им дава предност на доверителите( спротивно на акционери или вработени) над средствата на корпорацијата при лликвидација. Второ, корпорациските средства не можат да бидат повлечени од страна на нејзините акционери, ниту пак од страна на личните доверители на акционерите.За второто наведено, потребно е посебно законодавство и посебна правна рамка, така што не можат да репродуцирани стандардно договорно право.

Најповолните прописи на основање содржат:

Правило Опис
Ограничена одговорност За разлика од партнерство или трговец поединец, акционерите на современата деловна корпорација има "ограничена" одговорност за долговите и обврските на корпорацијата. Како резултат на тоа, нивните загуби не можат да го надминат износот кој го вложиле во корпорацијата во вид на заеми или акции.Ова им овозможува на корпорациите да ги “социјализираат нивните трошоци” во полза на акционерите; да се социјализира трошок значи тој да се прошири и во општеството како целина. Економскиот мотив за ова е што се овозможува анонимно тргување со акциите на корпорацијата, преку елиминирње на доверителите како акционери при таква трансакција.Без ограничена одговорност, доверителот најверојатно не би дозволил некоја акција да биде продадена на купувачот кој е кредитоспособен, барем онолку колку што е продавачот. Понатаму, ограничената одговорност им овозможува на корпорациите да подигнуваат големи количини на финансии за нивните претпријатија преку комбинирање на средства од повеќе сопственици на акции. Ограничената одговорност го намалува износот кој акционерот може да го изгуби во една компанија. Ова ги привлекува потенцијалните акционери, а со тоа се зголемува како бројот на заинтересирани акционери, така и сумата што сакаат да ја инвестираат. Сепак, некои земји, исто така, дозволуваат и друг тип на корпорација, каде корпорациите имаат неограничена одговорност, на пример корпорацијата со неограничена одговорност во две провинции на Канада и компанијата во Велика Британија.
Вечно постоење Друга предност е што средствата и структурата на корпорацијата можат да продолжат да постојат и по смртта на нејзините акционери и сопственици на обврзници. Ова овозможува стабилност и акумулација на капиталот, кој е на тој начин подостапен за инвестирање во поголеми и подолготрајни проекти, отколку ако средствата на корпорацијата се предмет на распаѓање и дистрибуција.Ова, исто така, било важна карактеристика во средниот век, кога земјата донирана на Црквата (корпорација) не подлежела на феудални давачки кои господарот може да ги бара после смртта на земјопоседникот. Во врска со ова, видете го Статутот на Мортмаин( Како и да е, една корпорација може да биде распуштена од страна на надлежен орган, ставајќи крај на нејзинотот постоење како правен субјект. Но, ова вообичаено се случува само ако компанијата го прекрши законот, на пример, не ги исполнува обврските на годишно ниво, или во одредени ситуации, ако компанијата бара распуштање).

Сопственост и контрола[уреди]

Лица и други правни субјекти составени од лица(како што се фондовите и корпорациите) можат да имаат право да гласаат или да добиваат дивиденди, со дозвола на Одборот на директори. Кај профитабилните корпорации, овие гласачи поседуваат свои акции и затоа се нарекуваат акционери. Кога нема акционери, корпорацијата може да постои како неакционерска корпорација( во Велика Британија “компанија ограничена со гаранција”) и наместо да има акционери, корпорацијата има членови кои имаат право на глас за нејзиното работење. Членовите со право на глас не се единствените членови на корпорацијата. Членовите на неакционерска корпорација се претставени во Одредбите за здружување каде називите на класите членови можат да содржат “доверлив”, “активен”, “соработник” и/или “почесен”. Сепак, сите овие наведени во Одредбите за здружување се членови на корпорација. Одредби на здружување можат да ја дефинираат корпорацијата со друго име како "The ABC Club, Inc.", каде “corporation” или "The ABC Club, Inc." или само "The Club" се сметаат за синоними и за идентични и можат да се појават на друго место во Членовите на здружување или во подзаконите. Ако неакционерската корпорација не работи со цел да оствари профит, тогаш таа се нарекува непрофитна корпорација. Во секоја категорија, корпорацијата се состои од збир на поединци со посебен правен статус и со специјални привилегии кои не се предвидени за обичните неинкорпорирани бизниси, на доброволни здруженија или на групи на поединци.

Во светот постојат две големи форми на корпоративно управување. Во поголемиот дел од светот, контролата на корпорациите е определена од страна на Одбор на директори кои се избираат од страна на акционерите.Во некои земји, како што е Германија, контролата на корпорациите е поделена во две групи со надзорен одбор кој го избира управниот одбор. Германија е, исто така, единствената земја која има систем кој е познат како ко-определувачки, каде половината членови на надзорниот одбор ја сочинуваат претставници на вработените. Главниот извршен директор, претседателот, благајникот и други службеници со титули, се избираат од страна на одборот кој управува со работата на корпорацијата.

Во прилог на ограниченото влијание на акционерите, корпорациите можат да бидат (делумно) контролирани од страна на доверители, како што се банките. Во замена за позајмување пари на корпорацијата, доверителите можат да бараат учевство во контролата на работењето на корпорацијата, вклучувајќи едно или повеќе места во Одборот на директори. Во некои земји, како што се Германија и Јапонија, вообичаено е банките да поседуваат акции во корпорации, за разлика од други земји, како што се САД (според Глас-Стигал актот од 1933 година) и Велика Британија( според Банката на Англија), каде на банките им е забрането да поседуваат акции во надворешни корпорации. Сепак, од 1999 година во САД, на банките им било дозволено да се приклучат на инвестиционото банкарство преку одделни филијали, благодарејќи на Актот за модернизација на финансиските услуги или актот Gramm-Leach-Bliley. Од 1997 година, банките во Велика Британија се надгледувани од страна на надлежните за финансиски услуги; неговите правила не се рестриктивни кои дозволуваат како странски, така и домашен капитал за работење на сите финансиски институции, вклучувајќи и осигурување, комерцијално и финансиско банкарство.

По одлуката на Одборот за распуштање на непрофитна корпорација, акционерите ги добиваат остатоците, а после нив следат доверителите и сите други со интереси во корпорацијата. Сепак, акционерите имаат корист од ограничената одговорност, бидејќи се одговорни само за сумата што ја вложиле.

Основање[уреди]

Историски гледано, корпорациите биле формирани со овластување дадено од страна на владата. Денес, корпорациите обично се регистрираат во државата, провинцијата или националната влада, и се регулирани со законите донесени од страна на таа влада. Регистрацијата е главниот предуслов за стекнување ограничена одговорност. Законот понекогаш бара од корпорацијата да ја одреди нејзината главна адреса и регистриран агент(физичко лице или фирма за постапување по законски постапки). Исто така, може да се бара да се назначи агент или друг законски застапник на корпорацијата.

Генерално, корпорацијата поднесува одредби за соработка со Владата, кои ја содржат општата природа на корпорацијата, износот на акции која е овластена да го издаде, имињата и адресите на директорите. Кога еднаш одредбите се одобрени, директорите на корпорацијата се состануваат за да креираат подзакони за уредување на внатрешното функционирање на истата, како на пример, запознавање со процедурите и со работните места на службениците.

Со законот кој владее на подрачјето на судска власт на кое дејствува корпорацијата, се регулира најголемиот дел од внатрешните активности и финансиите.Ако една корпорација дејствува надвор од матичната земја, често се бара да се регистрира со владите на другите земји како странска корпорација и скоро секогаш е предмет на законите на земјата домаќин кои се однесуваат на вработувањето, злосторства, договори, државни акции, и слично.

Именување[уреди]

Корпорациите вообичаено имаат различни имиња. Историски гледано, некои корпорации биле именувани според нивното членство:на пример "Претседателот и соработниците на Харвард колеџот". Денес, корпорациите во повеќето јурисдикции имаат различни имиња кои не упатуваат на нивното членство. Во Канада, оваа можност е искористена до крајни граници: многу помали канадски компании воопшто немаат имиња, туку се водат според нивниот провинциски број на данок на продажба (пр.: "12345678 Ontario Limited").

Во повеќето држави, во името на е вклучен самиот термин “Корпорација” или кратенка што го означува статусот на правно лице на корпорацијата ( на пр.: Incorporated" или "Inc." во САД) или корпорации со ограничена одговорност на своите членови ( на пр. “Limited” или “LCD”). Овие теремини варираат во зависност од јурисдикцијата и јазикот. Во некои јурисдикции се задолжителни, а во други не. Нивната употреба навестува дека се работи за правно лице со ограничена одговорност и не се задржува на личностите кои го поседуваат субјектот: може да се зема од кои било средства што лицето против кое има покренато обвинение сеуште ги контролира.

Одредени судски надлежности не дозволуваат самостојна употреба да зборот “друштво” да го означува статусот на корпорацијата, бидејќи зборот “друштво” може да се однесува на партнерство или на трговец поединец, дури и на група на луѓе, кои не мора да бидат било како поврзани (на пример, луѓе во кафана).

Финансиско обелоденување[уреди]

Во многу подрачја на судска надлежност, корпорациите чии акционери имаат добивка од ограничената одговорност се обврзани да објавуваат годишни финансиски извештаи и други податоци, со што доверителите кои соработуваат со корпорацијата се во можност да ја проценат кредитната способност на корпорацијата и не можат да извршат присилно наплатување на побарувањата. Затоа акционерите жртвуваат губење на приватноста во замена за ограничена одговорност. Општо гледано, овој услов се применува во Европа, но не и во САД, освен за јавните трговски корпорации, каде финансиско обелоденување е потребно за заштита на инвеститорите.

Нерешени прашања[уреди]

Природата на корпорациите продолжува да се развива како резултат на новите околности, бидејќи постојните корпорации промовираат нови идеи и структури, судовите одговараат, а владите издаваат нови правила и прописи. Се поставува прашањето за распределба на одговорноста. На пример, ако некоја компанија е одговорна за смрт, како вината и казната за тоа да се распределат помеѓу акционерите, директорите, менаџментот и вработените, и на самата корпорација? Види корпоративна одговорност, особено, корпоративно убиство.

Законот се разликува во различни судски надлежности и е во состојба на постојано менување.Некои тврдат дека акционерите треба да бидат најмалку одговорни во такви околности, принудувајќи ги пред самото инвестирање да ги разгледаат и другите прашања, освен профитот, но корпорацијата може да има милион ситни акционери кои не знаат ништо за нејзините деловни активности. Покрај тоа трговците – особено хеџ фондови – можат да превртуваат акции во компаниите многу пати на ден. Проблемот со корпоративни повторливи прекршители го покренува прашањето на т.н. "смртната казна за корпорации”.

Видови корпорации[уреди]

Повеќето корпорации се регистрирани под локалната судска надлежност, или како акционерска или неакционерска корпорација. Акционерските корпорации продаваат акции за генерирање на капитал. Вообичаено, акционерската корпорација е профитна корпорација. Неакционерската корпорација нема акционери, но може да има членови со право на глас во корпорацијата.

Некои јурисдикции (на пример Вашингтон), ги делат корпорациите на профитни и непрофитни, што е спротивно на поделбата на акционерски и неакционерски.

Неколку држави, исто така, дозволуваат различни видови корпорациите во корист на професионалци (односно, оние поединци кои се сметаат за професионалци, кои бараат дозвола од државата за водење бизнис). Во некои држави, како што е Грузија, овиe корпорации се познати како “професионални корпорации”.

Профитни и непрофитни корпорации[уреди]

Главна статија: Непрофитна организација

Во современите економски системи, конвенциите на корпоративното управување, вообичаено, се јавуваат во широк спектар на бизниси и непрофитни активности. Иако законите кои ги регулираат овие статути се различни, судовите често ги толкуваат одредбите од законот кои се однесуваат на профитните претпријатија на ист начин (или на сличен начин) како кај применувањето на принципите кај непрофитните организации – бидејќи основните структури од овие два типа на правни субјекти често наликуваат една на друг.

Друштва со ограничен број на акционери и јавни трговски корпорации[уреди]

Институцијата која најчесто се означува со зборот “корпорација” е јавна трговска корпорација, со чии акции се тргува на јавната берза (на пример, на Њујоршката берза во САД) каде што акциите на корпорациите се купуваат и продаваат на пошироката јавност. Повеќето од најголемите бизниси во светот се јавни трговски корпорации. Сепак, за поголемиот дел корпорации се вели дека се Друштва со ограничен број на акционери, во приватна сопственост или мали корпорации бидејќи не постои берза за нив. Многу такви корпорации се во сопственост и се управувани од мала група на бизнисмени или компании, иако големината на таквата корпорација може да биде колку најголемите јавни корпорации.

Друштвата со ограничен број на акционери имаат некои предности во однос на јавни трговски корпорации. Едно мало, друштво со ограничен број на акционери, може многу побрзо да донесува одлуки за промена на истата, отколку една јавна трговска корпорација. Јавната трговска корпорација е, исто така, на милост или немилост на пазарот, приливот и одливот на капитал не зависи само од работата на организацијата, туку и од самиот пазар, дури и од работата на конкуренцијата. Јавните трговски корпорации, често имаат поголем работен капитал и можат да пренесуваат долгот преку сите акционери. Ова значи дека луѓето кои инвестираат во јавната трговска корпорација имаат помали шанси за губење на својот сопствен капитал, отколку оние кои се вклучени во работата на Друштво со ограничен број на акционери. Јавните трговски корпорации страдаат од оваа предност. Друштвото со ограничен број на акционери често може самоиницијативно да превземе голем ризик за добивање профитот со мали или без последици ( се додека не се работи за постојана загуба). Сепак, јавно управуваната трговска корпорација може да подлежи на екстремен надзор доколку растот на компанијата и добивката не се видливи за акционерите, поради што тие ги продаваат своите акции, што преставува дополнително оштетување на корпорацијата. Овој удар е често доволен за пропаст на една мала јавна трговска корпорација.

Често заедниците имаат поголема корист од едно Друштво со ограничен број на акционери, отколку од едно јавно претпријатие. Друштвото со ограничен број на акционери има повеќе шанси да остане на едно место каде што ги третираат добро, дури и ако поминува низ тешки времиња. Акционерите можат да покријат дел од штетата на компанијата од лоша година или спор период во профитирање на компанијата. Друштвата со ограничен број на акционери имаат подобра однос со работниците. Во поголемите, јавни трговски корпорации, често, кога организацијата минува низ лош период во работењето, прва која ги чувствува ефектите е работната сила преку отпуштање или помалку работни часа, скратување на плати и надоместоци. И повторно, во друштвата со ограничен број на акционери, попрво акционерите би покриле дел од штетата, отколку да трпат работниците.

Работите од областа на друштвата со ограничен број на акционери и јавно управувани корпорации се слични во повеќе аспекти. Главната разлика во повеќето земји е во тоа што јавно управуваните корпорации ја имаат обврската да почитуваат дополнителни закони за хартии од вредност, кои (особено во САД) можат да бараат дополнителни периодични обелоденувања (со построги барања), построги стандарди на корпоративното управување и дополнителни процедурални обврски во однос на големите трансакции на компаниите( на пр. Спојувања) или настани(на пр. Избори на директори). Друштвото со ограничен број на акционери може да биде подружница на друга корпорација(нејзина матична корпорација), која од своја страна може да биде или друштво со ограничен број на акционери или јавно управувана корпорација.

Повеќето бизниси во САД се друштва со ограничен број на акционери. Деведесет и пет проценти се во сопственост на семејства и обезбедуваат вработување за околу педесет проценти од населението во државата. Сепак, најмногу поради расправии меѓу акционерите, само дваесет проценти од семејните бизниси опстојуваат подолго од една генерација. Друштвата со ограничен број на акционери, исто така, имаат поголем потенцијал за угнетување на акцинерот бидејќи, малцинството на акционери не може да го избегне притисокот од продажбата на нивните акции на јавниот пазар.

Корпорации со заеднички добивка[уреди]

Непрофитна корпорација со заедничка добивка е корпорација формирана во САД исклучиво за доброто на нејзините членови. Пример за непрофитна корпорација со заедничка добивка е голф клуб. Поединци плаќаат за да се придружат на клубот, членството може да се продава и купува и во случај на распаѓање на клубот, целиот имот кој е во негова сопственост се распределува на неговите членови. Клубот може да одлучи колку членови може да има и кој може да биде член, со помош на корпоративни подзаконски акти. Општо гледано, се додека е непрофитна организација, корпорацијата со заедничка добивка не се смета за добротворна организација. Поради тоа што не е добротворна организација, една непрофитна корпорација со заедничка добивка не може да добие статус 501(c)(3). Ако постои спор за тоа како една непрофитна корпорација со заедничка корист работи, должност на нејзините членови е да го решат спорот, бидејќи корпорацијата постои единствено да им служи на своите членови, а не на јавноста.

Корпорациите на глобално ниво[уреди]

Главна статија: Мултинационална корпорација

Како резултат на успехот на корпоративниот модел на национално ниво,  многу корпорации станале интернационални или мултинационални корпорации: преку ширење надвор од националните граници за да постигнат инзвонредни позиции на моќ и влијание во процесот на глобализација.

“Интернационални” или “Мултинационални” се вклопуваат во мрежата на прекопување на акционери и одбори, со повеќе филијали во различни региони, многу такви подгрупации содржат корпорации во своите права. Растеж преку експанзија е во полза на националните и регионалните филијали; раст преку аквизиција или здружување може да резултира во презаситеност од групации расфрлени наоколу и/или го опфаќаат целиот свет, со структури и имиња кои не секогаш јасно ги определуваат структурите на акционерска сопственост и интеракција.

При ширењето на корпорациите низ повеќето континенти, важноста на културата на корпорацијата пораснала како обединувачки фактор и противтежа на локалниот национален сензибилитет и културна свест.

Австралија[уреди]

Главна статија: Корпорациски акт од 2001

Во Австралија корпорациите се регистрираат и се регулираат од страна сојузната влада преку австралиската Комисија за хартии од вредност. Законот за корпорации е во голема мера кодифициран во Договорот за корпорации од 2001.

Бразил[уреди]

Во Бразил постојат многу различни видови корпорации ("sociedades"), но двете најчести се: (i) "sociedade limitada" каде после името на компанијата стои "Ltda." што е еднакво на Друштво со ограничена одговорност во Британија и (ii) "sociedade anônima" или "companhia" каде после името на компанијата стои "SA" или "Companhia" што е еднакво на Јавно друштво со ограничена одговорност во Британија. "Ltda." главно се регулира со новиот Граѓански законик, донесен во 2002 година, а "SA" се регулира со законот 6,404 од 15 декември 1976 година.

Канада[уреди]

Главна статија: Канадска корпорација

Во Канада, и сојузната влада и покраините имаат корпоративни статути, со што една корпорација може да има покраинско или сојузно овластување. Многу постари корпорации во Канада произлегуваат од собраниските акти донесени пред воведувањето на општо прифатениот закон за корпорации. Најстарата корпорација во Канада е Хадсон Беј Компани; иако нејзиното седиште и работа отсекогаш биле во Канада, нејзиното кралско овластување било издадено во Англија од страна на кралот Чарлс II во 1670, со што добила канадско овластување со измена во 1970, кога своето корпоративно седиште го преселила од Лондон во Канада. Федерално признатите корпорации се регулирани од страна на Деловниот акт за корпорации на Канада.

Германско- говорни подрачја[уреди]

Главна статија: Aktiengesellschaft

Во ГерманијаАвстријаШвајцарија и Лихтенштајн признаени се две форми на корпорации: Aktiengesellschaft (AG), слично на јавни претпријатија во англиското говорно подрачје, и Gesellschaft mit beschränkter Haftung (GmbH), слично на (и инспирација за) современото друштво со ограничена одговорност.

Италија[уреди]

Република Италија разликува 3 вида на друштво со ограничена одговорност: "S.r.l" или "Società a responsabilità limitata" (приватна друштво со ограничена одговорност), "S.p.A" или "Società per Azioni" (акционерско друштво, слично на јавно Друштво со ограничена одговорност во Велика Британија) и "S.a.p.a" ("Società in Accomandita per Azioni"). Последниот тип е хибридна форма која вклучува две категории на акционерите, некои со и некои без ограничена одговорност и ретко се користи во пракса.

Јапонија[уреди]

Во Јапонија, и државните и локалните јавни субјекти во рамки на Законот за локална автономија (префектури и општини) се сметаат за корпорации (法人 hōjin?). Непрофитни корпорации можат да се основаат во рамките на Граѓанскиот законик.

Изразот “Друштво” (会社 kaisha?) се однесува на деловни корпорации. Доминантната форма е kabushiki kaisha (株式会社), која се користи и од страна на јавните корпорации и од помалите претпријатија. Mochibun kaisha (持分会社), форма на помали претпријатија, станува се поопшта. Помеѓу 2002 и 2008 година, посредничката корпорација (中間法人 chūkan hōjin?), постоела за премостување на јазот меѓу профитните корпорации и невладините и непрофитните организации.

Шпанија[уреди]

Во Шпанија постојат два вида друштва: со ограничена одговорност наречени "S.L", или "Sociedad Limitada" (приватно акционерско друштво) и "S.A." or "Sociedad Anónima" (слично на акционерско друштво).

Велика Британија и Република Ирска[уреди]

Главна статија: Законот за трговски друштва на Велика Британија

Во Велика Британија, “Корпорација” најчесто се однесува на корпоративно тело формирано од страна на Кралската повелба или со статут, од кои само неколку опстојуваат сега. БиБиСи е најстарата и најпознатата корпорација во рамките на Велика Британија која сеуште постои. Другите, како што е британската корпорација за челик, била приватизирана во осумдесеттите.

Во приватниот сектор, корпорациите во законот се наведени како трговски друштва и се регулирани со Договорот за трговски друштва од 2006 (или со неговиот еквивалентот од Северна Ирска). Најчест тип на компанија е приватно друштво со ограничена одговорност("Limited" or "Ltd."). Приватните компании со ограничена одговорност можат да бидат ограничени или со акции или со гаранција. Во други корпоративни форми спаѓаат Јавното друштво со ограничена одговорност("PLC") и Приватното друштво со неограничена одговорност, како и друштва ограничени со гаранција. Република Ирска, од 1922 има свој суверен Закон за трговски друштва кој е во голема мера сличен на тој во Британија, бидејќи се содржани британски закони.

Во Велика Британија, “Корпорација”, исто така, може да се однесува на единствена корпорација, водена од страна на поединец (физичко лице), која има својство на правно лице, посебно од тоа лице.

САД[уреди]

Исто така видете: Далаверски корпорации

Во САД постојат неколку видови на конвенционални корпорации. Општо гледано, секој деловен субјект кој е признат како посебен од луѓето во чија сопственост е (т.е. не е трговец поединец или партнерство), се смета за корпорација. Оваа општа дефиниција вклучува субјекти кои се познати како “здружение”, “организација” и “друштво со ограничена одговорност”.

Само компанија која била формално основана според законите на одредена држава се нарекува “корпорација”. Изразот “корпорација” бил дефиниран во случајот на колеџот Дартмут во 1819 година, во кој главниот судија Маршал од Врховниот Суд на САД изјавил дека “корпорацијата е вештачко битие, кое е невидливо, нематеријално и постои само од аспект на законот ”. Корпорацијата е правен субјект, различен и одвоен од поединците кои го креирале и кои работат со него. Како правен субјект, корпорацијата може да се здобива, да поседува и да располага со имот како што се згради, земјиште и опрема. Исто така, може да создаде обврска и да склучуваат договори за лиценци и лизинг. Американските корпорации можат да бидат или профитни или непрофитни правни субјекти. Непрофитна организација која е ослободена од даноци, често се нарекува “корпорација 501(c)3” по делот на Закон за внатрешна ревизија кој се однесува на даночно ослободување на многу од нив.

Корпорациите се создаваат со поднесување на потребните документи до одредена државна влада. Овој процес се нарекува “основање”, осврнувајќи се на апстрактниот концепт дека корпорацијата е вештачка личност (отелотворување или “здружување”; ‘corpus’- латински збор што значи ‘тело’). Само одредени корпорации, вклучувајќи ги и банките, се овластени. Другите, едноставно ги поднесуваат своите одредби за основање со државната власт, како дел од процесот на регистрирање.

Сојузната влада може да создава корпоративни правни субјекти, само во согласност со релевантните надлежности која ги има во Уставот на САД. На пример, Конгресот има уставно овластување да врши поштенски услуги, со што има право да управува со Поштенската служба на САД.

Откако еднаш е основана, корпорацијата е вештачко лице кое може да функционира секаде , се додека не се распушти. Корпорација која дејствува во една држава додека се здружува со друга, се нарекува “странска корпорација”. Оваа етикета, исто така, важи за корпорации создадени надвор од границите на САД. Странските корпорации, вообичаено, мораат да се регистрираат кај Државниот секретаријат на секоја држава, за да водат легален бизнис во истите.

Корпорацијата, правно гледано, е граѓанин на државата (или друго подрачје на судска надлежност) во која е основана (освен кога околностите налагаат корпорацијата да биде класифицирана како граѓанин на државата во која и е главното седиште, или на државата каде ги врши најголемиот дел деловни активнсти). Законот за корпорации се разликува од држава до држава, и многу потенцијални корпорации избираат да се основаат во држава чии закони се најповолни за нивните деловни интереси. Многу големи корпорации се основани во Далавер, на пример, без физички да бидат лоцирани таму, бидејќи таа држава има многу поволен данок на корпорации и отворени закони.

Компании формирани за заштита на приватност и средствачесто се основаат во Невада, која не бара обелоденување на заедничката сопственост. Многу држави, особено оние помалите, ги моделираат своите корпоративни статути според Моделот на деловниот договор за корпорации, еден од многуте групи закони изготвени и објавени од страна на американската адвокатска асоцијација.

Како правни лица, корпорациите имаат некои права кои се вообичаени за физичките лица. Монзинството од нив се придаваат на корпорациите според државниот закон, особено законот на државата во која компанијата е основана – бидејќи самото постоење на корпорацијата е е засновано на законите на таа држава. Неколку закони, исто така, се припишуваат од федералниот уставен, утврен закон, но тие се само неколку. На пример, една компанија има лично право да започне судска постапка (како и капацитет да бидат тужени) и може да биде обвинета како физичко лице. Сепак, една корпорација нема право уставно право слободно да ја истакнува својата религија, бидејќи тоа е нешто што само физичките лица можат да го прават. Тоа значи дека само човечките суштества, не деловните субјекти, ги имаат потребните капацитети за верување и духовност кои им овозможуваат да поседуваат и да применуваат религиозни верувања.

Колеџот Харвард (дел од Универзитетот на Харвард), официјално Претседателот и соработниците на колеџот Харвард ( исто така, познат како корпорација Харвард), е најстарата корпорација во западната хемисфера. Основан во 1636 година, вториот од двата управни одбори бил усвоен од страна на Врховниот Суд на Масачусетс во 1650 година. Значаен е фактот што самата држава Масачусетс била корпоративна колонија во тоа време – во сопственост и управувана од страна на Адвокатската организација на Масачусетс ( се додека не го изгубила своето овластување во 1684 година) – така што колеџот Харвард е корпорација создадена од страна на корпорација.

Многу народи имаат создадено свои сопствени закони за корпорации врз основа на американскиот деловен закон. Закон за корпорации во Саудиска Арабија, на пример, го следи моделот на закон за корпорации на Њујорк. Дополнително на карактеристичните корпорации во САД, сојузната влада во 1971 година го донела т.н. Договор за населување на староседелците на Аљаска (ANCSA), со кој се овластувало создавање на 12 регионални староседелски корпорации за староседелците на Аљаска и преку 200 селски корпорации кои добиле право на земја и пари. Во прилог на 12-те регионални корпорации, законодавството дозволило 13-та регионална корпорација без можност за населување на оние староседелци на Аљаска кои живееле надвор од територијата во времето на донесување на ANCSA.

Корпоративно оданочување[уреди]

Главна статија: Корпорациски данок

Во многу земји, приходите на корпорациите се оданочуваат со корпоративни даночни стапки, исто како и дивидендите на акционерите кои се оданочуваат со посебна стапка. Понекогаш, таквиот систем се нарекува “двојно оданочување”, бидејќи добивките кои се распределуваат на акционерите на крајот се два пати се оданочува. Едно решение за ова( како што е случајот со даночниот систем на Австралија и Велика Британија) е примателот на дивиденда да има право на даночен кредит кој се однесува на фактот дека добивките преставени како дивиденди се веќе оданочени. Профитот на корпорацијата кој се пренесува, се оданочува по стапка која ја плаќа евентуалниот примател на дивиденда. Во други системи, дивидендите се оданочуваат со помала стапка отколку на другите приходи (на пример во САД) или акционерите се оданочуваат директно на приходите на корпорацијата и дивидендите не се оданочуваат.

Критики[уреди]

Главна статија: Критики на корпорации

Како што Адам Смит истакнува во “Богатството на народите”, дека кога сопственоста се разликува од управувањето (т.е. потребен е вистински процес на производство за добивање на капитал), неизбежно последниот ќе почне да ги запоставуваат интересите на претходниот, создавајќи дисфункција во рамките на компанијата. Некои тврдат дека последните настани во корпоративна Америка можат да послужат за зајакнување на предупредувањата на Смит за опасностите од законско заштитените колективни хиерархии.

Други деловни субјекти[уреди]

Главна статија: Видови деловни субјекти

Речиси секој признаен вид на орагнизација, извршува одредени економски активности(на пример, семејството). Други организации кои можат да извршуваат активности кои генерално се сметаат за деловни, постојат во рамките на законите на различни земји. Тие вклучуваат:

Извори[уреди]

  • A.B. DuBois, The English Business Company after the Bubble Act, , (1938)
  • A Comparative Bibliography: Regulatory Competition on Corporate Law
  • Bishop Hunt, The Development of the Business Corporation in England (1936)
  • Blumberg, Phillip I., The Multinational Challenge to Corporation Law: The Search for a New Corporate Personality, (1993)
  • Bromberg, Alan R. Crane and Bromberg on Partnership. 1968.
  • Bruce Brown, The History of the Corporation (2003)
  • C. A. Cooke, Corporation, Trust and Company: A Legal History, (1950)
  • Charles Freedman, Joint-stock Enterprise in France, : From Privileged Company to Modern Corporation (1979)
  • Conard, Alfred F. Corporations in Perspective. 1976.
  • Dignam, A and Lowry, J (2006) Company Law, Oxford University Press ISBN 978-0-19-928936-3
  • Ernst Freund, MCMaster.ca, The Legal Nature of the Corporation (1897)
  • Edwin Merrick Dodd, American Business Corporations until 1860, With Special Reference to Massachusetts, (1954)
  • John Micklethwait and Adrian Wooldridge. The Company: a Short History of a Revolutionary Idea. New York: Modern Library. 2003.
  • Frederick Hallis, Corporate Personality: A Study in Jurisprudence (1930)
  • Hessen, Robert. In Defense of the Corporation. Hoover Institute. 1979. ISBN -X
  • John P. Davis, Corporations (1904)
  • John William Cadman, The Corporation in New Jersey: Business and Politics, , (1949)
  • Joseph S. Davis, Essays in the Earlier History of American Corporations (1917)
  • Klein and Coffee. Business Organization and Finance: Legal and Economic Principles. Foundation. 2002. ISBN -X
  • Radhe Shyam Rungta, The Rise of the Business Corporation in India, 1851–1900, (1970)
  • Ramesh Chandra Majumdar, Corporate Life in Ancient India, (1920)
  • Robert Charles Means, Underdevelopment and the Development of Law: Corporations and Corporation Law in Nineteenth-century Colombia, (1980)
  • Sobel, Robert. The Age of Giant Corporations: a Microeconomic History of American Business. (1984)
  • Thomas Owen, The Corporation under Russian Law, : A Study in Tsarist Economic Policy (1991)
  • W. R. Scott, Constitution and Finance of English, Scottish and Irish Joint-Stock Companies to 1720 (1912)