Аеродром Хамбург

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Хамбург
Flughafen Hamburg-Fuhlsbüttel
Hamburg airport.jpeg
Влезот во аеродромот Хамбург
IATA: HAMICAO: EDDH
HAM се наоѓа во Хамбург
HAM
Местоположба на аеродромот во Хамбург
Преглед
Тип Јавен
Стопанисувач FHG Flughafen Hamburg GmbH
Место Хамбург, Германија
Надм. вис. 53 ft / 16 m
Координати 53°37′49″ СГШ 9°59′28″ ИГД / 
Мреж. место www.ham.airport.de
Писти
Насоченост Должина Површина
m ft
05/23 3,250 10,663 асфалт
15/33 3,666 12,028 асфалт
Статистики (2010)
Патници 12.962.429
Промена на патници 09-10 6,0%
Операции на воздухоплови 157,180
Промена на операции 09-10 0,2%
Извори: Passenger Traffic, ADV[1]
German AIP at EUROCONTROL[2]

Аеродром Хамбург (IATA: HAMICAO: EDDH), исто познат како Аеродром Хамбург-Фулсбител (германски: Flughafen Hamburg-Fuhlsbüttel), е меѓународен аеродром, кој го опслужува Хамбург, Германија.

Првично опфаќал 440.000 м². Оттогаш, местото се зголемило за повеќе од десетпати на 5,7 км². Главната авионска рампа опфаќа 320.000 м². Аеродромот е 8,5 км северно[2] од центарот на градот Хамбург во квартот Фулсбител. Аеродромот Хамбург има место за 17 млазни авиони и 54 обични. Постојат две терминални згради со т.н. зграда Плаза помеѓу нив. Во Плаза се наоѓа секторот за централна безбедносна проверка, како и продавници, ресторани, салони и други услужни објекти. Во сите згради на првиот 1 се заминувањата, додека на приземјето се пристигнувањата. Аеродромот Хамбург нуди 14 ленти за багажот на приземното ниво.

Пистите, приодите и рампите се во состојба да се справат со Ербас А380, иако не е закажано пристигнување на А380. Аеродромот Хамбург е аеродром за пренасочување за аеродромот Хамбург-Финкенвердер (XFW), аеродромот на фабриката на Ербас во Хамбург, каде сите А380 се бојат и внатрешно се уредуваат.

Во 2008, аеродромот Хамбург опслужил 12.840.000 патници и 173.500 операции на воздухоплови.[3] Аеродромот Хамбург (мерено по број на патници) е петти најпрометен од 16-те германски комерцијални аеродроми (по Аеродром Берлин Тегел). Акционери на аеродромот Хамбург се Градот Хамбург (51%) и Hochtief AirPort GmbH. (49%).

Историја[уреди]

Аеродромот бил отворен во јануари 1911 од приватната компанија Hamburger Luftschiffhallen GmbH (HLG), правејќи го најстар аеродром во светот, кој сè уште функционира. Првичната локација се состоела од 45 хектари и примарно била користена за авионски летови во раните денови. Во 1913, местото било проширено до 60 хектари, северниот дел се користел за авионски операции, додека југоисточниот дел бил користен за авиони со фиксни крила. Во текот на Првата светска војна, авионскиот хангар бил употребуван од војската, додека не бил уништен од пожар во 1916.

Во текот на британската окупација, почнувајќи од 1945, аеродромот го добил неговото моментално име, Аеродром Хамбург. Бил користен многу во текот на берлинската воздушна криза во 1948, како точка за застанување, како северен воздушен коридот помеѓу Хамбург и Западен Берлин. Кога Lufthansa ги започнала патничките операции во 1955, Хамбург бил користен како центар додека Франкфурт не преземал, поради ограничувањата за раст поставени од страна на локацијата во градот. Lufthansa Technik сè уште одржува големо присуство на аеродромот, поради раните активности на авиопревозникот на аеродромот.

Во 1960-тите, започнале дискусии за преместување на аеродромот во Хајдмор кај Калтенкирхен. Наведените причини биле ограничените можности за проширување, ограничувањата на капацитетот поради премувачките писти и бучавата. Lufthansa го вовела Боинг 707 во 1960, кој правел повеќе бучава од претходните модели. Плановите биле отфрлени, поради лошите искуства во другите градови, откако аеродромите биле преселени далеку од центрите на градовите и Lufthansa се преселила во Франкфурт.

Во раните 1990-ти, аеродромот започнал голем процес на модернизација. Планот, наречен HAM21, вклучувал 500 метри ново продолжување на пистата, нов терминал (Терминал 1) и аеродромската Плаза помеѓу терминалите 1 и 2, која вклучувала консолидирана безбедносна зона. Хотелот Radisson Blu на аеродромот Хамбург бил додаден во 2009, комбиниран со новиот патен пристап и железничката станица и врската на надземниот железнички систем на Хамбург (S-Bahn).

Терминали[уреди]

Хамбург има два терминала, Терминал 1 и Терминал 2, поврзани со аеродромската Плаза и багажната зона, која се протега низ пониските нивоа на сите три згради. Овие три згради биле проектирани од Геркан, Марг и Партнер. Терминалите 1 и 2 имаат високи и криви покриви, проектирани во облик на крило.

Терминал 1[уреди]

Терминалот 1 бил завршен во 2005 и е сличен со терминалот 2, во поглед на дизајнот и големината. Има многу карактеристики за заштеда на енергијата и водата, како што се собирање на дождовната вода за водата во тоалетите и ThermoLabyrinth, која ја температурата на тлото и помага во регулирањето на температурата во зградата и го намалува товарот на климатизациониот систем.

Терминал 2[уреди]

Авион на Lufthansa на терминалот 2. Во позадина е 707 обоен во боите на Lufthansa

Терминалот 2 бил завршен во 1993. Домаќин е на Lufthansa и другите партнери во Star Alliance, меѓу нив и Condor и Germanwings.

Аеродромска Плаза[уреди]

Аеродромската Плаза ги содржи безбедносната контрола и големата шопинг-зона. Во нејзе е станицата на С-Железницата и била завршена во декември 2008.

Авиопревозници и дестинации[уреди]

Авиони на Lufthansa и Air Berlin паркирани на терминал
Korean Air Ербас A380 на аеродромот во 2011.
Авиопревозник Одредиште Терминал
Aer Lingus Даблин 1
Aeroflot Москва-Шереметјево 1
Aerosvit Airlines Киев-Бориспил 1
Air Arabia Egypt Чартер: Хургада 1
airBaltic Рига 1
Air Berlin Адана, Аликанте, Анталија, Барселона, Келн/Бон, Диселдорф, Фуертевентура, Хургада, Измир, Карлсруе/Баден-Баден, Ланзароте, Лас Палмас де Гран Канарија, Малага, Минхен, Нирнберг, Палма де Мајорка, Рим-Фјумичино, Салцбург, Штутгарт, Тенерифе-Југ, Виена, Цирих
Сезонски: Крф, Енфида, Фаро, Фуншал, Ираклион, Ибица, Инсбрук (од 1 декември), Кос, Луксор, Малта, Неапол, Олбија, Приштина, Рејкјавик-Кеблавик, Самос, Санта Круз де ла Палма, Шарл ел-Шеик, Солун, Венеција-Марко Поло
1
Air Europa Чартер: Палма де Мајорка 1
Air France Марсеј [од 25 март 2012], Париз-Шарл де Гол 1
Air France
оперирани од Brit Air
Лион 1
Air Hamburg Хелиголанд GAT
Air Malta Малта 1
Air Via Сезонски: Бургас (повторно од 1 јуни 2012], Кос, Родос, Палма де Мајорка, Варна [од 26 јуни 2012] 1
Atlas Jet Чартер: Анталија, Истанбул-Ататурк 1
Austrian Airlines Виена 2
British Airways Лондон-Хитроу 1
Brussels Airlines Брисел 2
Bulgarian Air Charter Сезонски: Бургас, Варна 1
China Eastern Airlines Шангај-Пудонг 1
Cirrus Airlines Дрезден 2
Cirrus Airlines
оперирано од Adria Airways
Дрезден 2
Condor Агадир, Аресифе, Фуертевентура, Хургада, Кос, Лас Палмас де Гран Канарија, Минхен, Санта Круз де ла Палма, Шарл ел-Шеик, Тенерифе-Југ
Сезонски: Анталија, Даламан (од 28 април 2012), Ираклион (од 30 март 2012), Ибица, Херез де ла Фронтера, Клагенфурт (од 16 декември), Кос, Ларнака, Палма де Мајорка, Родос (од 13 април 2012), Санторини (од 16 мај 2012)
2
Continental Airlines Њуарк 1
Corendon Airlines Сезонски чартер: Анталија 1
Croatia Airlines Сезонски: Сплит (од 31 март 2012) 2
Czech Airlines Прага 1
easyJet Лондон-Гетвик, Лондон-Лутон, Манчестер 1
easyJet Switzerland Базел/Милхаус 1
Emirates Дубаи 1
Finnair Хелсинки 1
Flybe Бирмингем 1
Freebird Airlines Сезонски чартер: Анталија 1
Germania Чартер: Крф, Хургада 1
Germanwings Приштина 1
German Sky Airlines Чартер: Анталија, Хургада, Пафос, Шарл ел-Шеик 1
Hamburg Airways Хургада, Лас Палмас де Гран Канарија, Тенерифе-Југ
1
Icelandair Сезонски: Рејкјавик-Кеблавик 2
InterSky Фридриксхафен 1
Iran Air Техеран-Имам Хомеини 1
KLM
оперирано од Cityhopper
Амстердам 1
LOT Polish Airlines Варшава 2
Lufthansa Келн/Бон, Диселдорф, Франкфурт, Џерси (од 12 мај 2012), Лондон-Хитроу, Мадрид, Москва-Домодедово, Минхен, Ница, Нирнберг, Париз-Шарл де Гол, Санкт Петербург (од 25 март 2012), Штутгарт, Виена, Цирих
Сезонски: Анталија, Милано-Малпенса, Палма де Мајорка (повторно од 5 април 2012), Рејкјавик-Кеблавик
2
Lufthansa Regional
оперирано од Contact Air
Штутгарт (од 25 март 2012) 2
Lufthansa Regional
оперирано од Eurowings
Амстердам, Берген (од 28 април 2012), Дубровник (од 5 мај 2012), Женева, Гетеборг-Ландветер, Лондон-Хитроу (од 25 март 2012), Мадрид, Манчестер, илано-Малпенса, Неапол (од 31 март 2012), Ница, Нирнберг, Осло-Гардермен, Париз-Шарл де Гол, Стокхолм-Арланда, Штутгарт (од 25 март 2012), Венеција-Марко Поло (од 25 март 2012), Виена (од 25 март 2012), Цирих (од 25 март 2012) 2
Lufthansa Regional
оперирано од CityLine
Амстердам, Женева, Мадрид, Манчестер, Милано-Малпенса, Ница, Осло-Гардермен, Стокхолм-Арланда
Сезонски: Бастија (Корзика), Берген
2
Luxair Луксембург, Сарбрикен 2
Malév Hungarian Airlines Будимпешта 1
Norwegian Air Shuttle Осло-Гардермен 1
Nouvelair Чартер: Енфида 1
OLT Jetair Гдањск 1
Pegasus Airlines Анталија 1
RAK Airways Чартер: Рас ел-Хајма 1
Rossiya Санкт Петербург 1
Scandinavian Airlines Копенхаген 2
Scandinavian Airlines
оперирано од Cimber Air
Копенхаген 2
Sky Airlines Чартер: Анталија, Истанбул-Ататурк, Невсехир 1
Sky Work Airlines Берн 1
Spanair Барселона 2
SunExpress Анталија, Истанбул-Сабиха Ѓоксен, Измир 1
SunExpress
оперирано од SunExpress Deutschland
Адана, Анкара, Хургада, Кајсери 1
Swiss International Air Lines Цирих 2
Swiss
оперирано од Helvetic Airways
Цирих 2
Swiss
оперирано од Swiss European Air Lines
Базел-Милхаус 2
Sylt Air Сезонски: Вестерланд/Зилт 2
TAP Portugal Лисабон 2
Tailwind Airlines Сезонски чартер: Анталија 1
TUIfly Боа Виста, Фуертевентура, Херез де ла Фронтера, Ланзароте, Лас Палмас де Гран Канарија, Сал/Зеленортски Острови, Тенерифе-Југ
Сезонски: Анталија, Бургас, Крф (од 5 мај 2012), Даламан (од 30 април 2012), Дубаи, Фаро, Ираклион (од 4 мај 2012), Хургада, Кос, Минорка, Палма де Мајорка, Родос (од 4 мај 2012)
1
Tunisair Џерба, Енфида, Манастир, Тунис 2
Turkish Airlines Истанбул-Ататурк 1
Viking Hellas Атина 1
XL Airways Germany Чартер: Анталија, Крф, Фуертевентура, Ираклион, Хургада, Лас Палмас де Гран Канарија, Шарм ел-Шеик, Палма де Мајорка, Родос, Тел Авив (од 6 февруари 2012), Тенерифе-Југ, Варна 1

Статистика[уреди]

Најпрометни меѓународни рути од Хамбург (2009)[4]
Место Град Патници Главни превозници
1 Швајцарија Цирих, Швајцарија 605.246 Air Berlin, Eurowings, Lufthansa, Swiss International
2 Шпанија Палма де Мајорка, Шпанија 561.349 Air Berlin, Condor, Lufthansa, TUIfly
3 Велика Британија Лондон-Хитроу, Обединето Кралство 547.723 British Airways, Lufthansa
Најпрометни домашни рути од Хамбург (2009)[4]
Место Град Патници Главни превозници
1 Германија Минхен, Германија 1.628.459 Air Berlin, Condor, Lufthansa
2 Германија Франкфурт, Германија 1.202.861 Air Berlin, Lufthansa
3 Германија Штутгарт, Германија 776.721 Air Berlin, Lufthansa, Lufthansa CityLine

Пристапен сообраќај[уреди]

Поврзано: Железничка станица Аеродром Хамбург

Аеродром е оддалечен 8,5 километри северно од центарот на градот и 8 километри јужно од Нордерштет, во квартот Фулсбител. HVV, мрежата на јавен превоз на Хамбург, ја води линијата на S-Bahn (надземна железница) S1, која го поврзува аеродромот директно со центарот на градот, на секои десет минути. Патот до централната железничка станица одзема приближно 25 минути. По патишта, до аеродромот може да се стигне од А7, користејќи го B433, кој е третиот ринг. Возачите од источниот дел на градот мораат да возат низ Хамбург, бидејќи А7 води Север-Југ од Шлезвиг-Холштајн до Долна Саксонија.

Аеродромот е исто така поврзан со некои локални автобуски врски до соседните области, како и обичните автобуски услуги до градовите Кил, Нојминстер и Либек.

Такси возилата се наоѓаат на нивото на пристигнувања пред секој терминал.

Во други медиуми[уреди]

Аеродромот Хамбург е инспирација за Miniatur Wunderland на „Knuffingen Airport“. [5]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. ADV passenger statistics and aircraft movements
  2. 2,0 2,1 EAD Basic
  3. (англиски) Сообраќајни бројки - Службена страница
  4. 4,0 4,1 Бројки, податоци, факти 2009, Аеродром Хамбург
  5. Најголемиот минијатурен аеродром во светот“, The USA Today, 16 јули 2011 (конс. 17 јули 2011).

Надворешни врски[уреди]