Гетеборг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гетеборг
Göteborg

Грб
Гетеборг се наоѓа во Шведска
Гетеборг
Координати: 57°42′ СГШ 11°58′ ИГД / 
држава Шведска
Општини во Шведска Општина Гетеборг
Површина
 • Град 450 км2
 • Вода 14,5 км2  3.2%
 • Урбана 203,67 км2
 • Пошир. 3.717 км2
Население (2011 (урбано: 2010))
 • Град 520.374 жит.
 • Урбано 549.839 жит.
 • Пошир. 938.580 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Портал www.goteborg.se
Гетеборг и река Јета Алв
Улица Кунгспортвенин, главна улица во Гетеборг
Плоштад „Гусв Адолф“, „срцето на Гетеборг“
Гетеборшкото пристаниште

Гетеборг е втор град по големина и значење во Шведска и средиштето на нејзиниот југозападен дел. Градот има големо значење и надвор од границите на државата, па се смета за 5-ти по значење град во Нордиски земји. Гетеборг истовремено е една од општините во рамките на округот Вестра Јетланд.

Денес Гетеборг има околу 550.000 жители, а со поширокото градско опкружување има близу милион.

Гетеборг денес е космополитски град и културен, стопански и управителен центар на Северна Европа.

Потекло на името[уреди]

Името на градот води потекло од името на старогерманското племе Готи. Од нив првин настанал називот на областа околу градот, Готска, и реката на која се наоѓа градот.

Положба на градот[уреди]

Градот Гетеборг се наоѓа во југозападниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров.

Градот се наоѓа на средина на патот помеѓу трите најбилски главни градови:

Природни услови[уреди]

Релјеф: Гетеборг се развил околу сливот на реката Јете Олв, која тука се влева во море. Градот се развил од двете страни на реката, во не многу голема долина, која за брзо време се протворила во брегови. Затоа, градското подрачје е претежно бреговито, а надморската височина си движи од 0м до 60м.

Клима: Во Гетеборг климата е претежно континентална под влијание на морето и крајните разгранети делови од топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.

Води: Гетеборг се развил на сливот на реката Јета Олв, која е притока на езерото Ветерн во море. Реката се влева во Категат, простран залив на Северно Море. Сливот е широк, па имал одлики на природно пристаниште, што создало услови за развој на голем и значаен град.

Испред Гетеборг се наоѓа низа од мали острови. Тие се претежно каменити, но се наоѓаат близу до градот и имаат извонредни услови за спортови на вода. Па затоа тие се важни викенд-центри на градското население кое посакува одмор.

Историја[уреди]

Подрачјето на Гетеборг било населено уште во времето на праисторијата. Прва стабилна населба на деденото подрачје се јавила во средниот век, но немала големо значење.

Во 16 век и 17 век со ширење на границите на Шведска кон запад допринело на нејзин излез на брегот на Северно Море помеѓу Норвешка и Данска (тогаш во заеничко кралство). Како дадениот излаз се појавил во областа Гетеборг, положбата на градот станува извонредно поволна, како „прозор на Шведска кон запад“. Во согласност со потребите, шведскиот крал Густав Адолф II започнал основање на негов град на даденото место во 1603 година, а по некои неодредени немири во тоа успеал во 1621 година.

Првите 50 години главна опасност за градот доаѓала од холандските надзорници, чие влијание било отфрлено во 1652 година. Во исто време Шведска се шири кон Северно Море, па градот веќе не е загрозен од блиските соседи. Потоа градот олека се развива во најголемо шведско пристаниште на Северно Море, а потоа и во голем град и центар на власта и културата.

Новото издигнување Гетеборг го доживува во втората половина на 19 век со доаѓањето на индустријата и железниците. Ова благосостојба трае и ден денес.

Население[уреди]

Гетеборг и денес е втор град по големина во Шведска. Градот има околу 550.000 жители (податоци од 2010 година), а со поширокото градско одрачје околу 950.000 жители. Последните децении бројот на население во градот брзо расте.

До средината на 20 век Гетеборг го населувале исклучително етнички Швеѓани. Меѓутоа, со зголемувањето на населението во Шведска, населението на градот станало шарено. Според последните податоци околу 78% од населението се етнички Швеѓани, додека останатите се доселеници. Најстарата доселеничка група ја сочинуваат Финци (7%), чие доселување траело во првата половина на 20 век. Во последните години нив ги престигнале доселениците од Иран (9%) и Ирак (8%).

Стопанство[уреди]

Денес Гетеборг е претставува современ град, кој со стопанското значење припаѓа на самиот врв меѓу градовите од Северна Европа, како едни од најразвиените градови во светот.

Индустријата има корени уште во преработка на риби и бродоградбата од 18 век. Кон крајот на 19 век дошло до современа индустријализација во градот. Иако денес индустријата не игра толку пресудна улога во градското стопанство како до пред неколку децении, таа и денес е доста присутна и високо развиена. Најважни компании се „Волво“, „Ериксон“, „СКФ“.

Сообраќајот исто така е важен дел од градското стопанство. Гетеборг веќе со векови е важно пристаниште на Шведска, а денес и најголемо во цела Скандинавија, како најблиско до Атлантик и Западна Европа. Покрај тоа, градот е и важен патен центар, раскрсница на повеќе патишта од Стокхолм, Осло и Копенхаген. На 30км од градот се наоѓа и современ аеордром Ланветер.

Терцијалниот и кварниот сектор на стопанството играат се поголема улога во градското стопанство. Во последните децении посебно се развиваат трговијата, услугите и туризмот, како и областа на банкарството и стручни услуги.

Знаменитости[уреди]

Гетеборг, како и секој голем град во Европа, има низа од знаменитости, кои се неизоставен дел од градската култура, а големо значење допринеусваат на градското стопанство (туризам, трговија).

Градот има добро сочувано старо градско средиште, кое до почетокот на 19 век, било опкружено со ѕидини. И денес е сместено на вештачки настанатиот остров.

Од поединечните градби потребно е да се споменат:

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Извори[уреди]

Надворешни врски[уреди]