Аеродром Копенхаген

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Копенхаген
Københavns Lufthavn
Copenhagen Airport
Copenhagen-Airport-from-air.jpg
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
04L/22R 11,811 3,600 Асфалт
04R/22L 10, 827 3,300 Асфалт

Аеродромот во Копенхаген (Дански: Københavns Lufthavn, Kastrup) (IATA: CPH, ICAO: EKCH) е главниот аеродром кој го опслужува Копенхаген, Данска и околните градови во регионот на Ересунд. Лоциран е на некои 8 километри од центарот на Копенхаген, и 24 километри од центарот на Малме, Шведска. Аеродромот е еден од трите главни централи на Scandinavian Airlines System, исто така е централа и на авиокомпанијата Sterling. Aеродромот опслужува во просек околу 60.000 патници во еден ден, додека минатата година околу 21,4 милиони патници поминаа низ аеродромот, правејќи го најзафатен аеродром во Скандинавија, како и на 17 место меѓу најфрекфентните аеродроми во Европа. Аеродромот оригинално беше наречен Каструп аеродром, бидејќи е лоциран до мало место наречено Каструп, и сѐ уште официјалното име е Аеродром Копенхаген, Каструп за да се направи разлика од аеродромот Роскилде, кој е официјално наречен аеродром Копенхаген, Роскилде.

Историја[уреди]

Карта на аеродромот
  • 1925 Аеродромот е отворен на 20 Април. Еден од првите приватни аеродроми на светот, со тревна писта.
  • 1932 6000 полетувања и спуштања на годишно ниво
  • 19361939: Нов терминал, кој се смета за пример на Нордиски фукнционализам
  • 1941: Првата асфалтна писта е направена
  • 1946: SAS е формиран, важен настан за аеродромот Копенхаген, бидејќи аеродромот ќе биде главна централа на авиокомпанијата. Сообраќајот се зголемува по формирањето на авиокомпанијата, а исто така аеродромот доаѓа на трето место по големина во Европа.
  • 1947: На 26 Јануари, авион на КЛМ се урива по застанување на пат кон Стокхолм. 22 патници загинуваат, вклучувајќи ја и Шведскиот принц Густав Адолф, и Американскиот оперски пејач, Грејс Мур.
  • 1948: 150 полетувања и спуштања дневно, и 3000 патници процесирани на ден.
  • 1950: 378,000 патници се процесирани.
  • 1954: 11,000 тони на карго товар е процесиран на ден. SAS започнува со првата транс поларна рута, летајќи до Лос Анѓелес. Рутата се покажува како многу популарна, и во период од неколку години, Копенхаген преоѓа во популарно место за Холивудските звезди.
  • 1956: 1 милион патници процесирани за една година. Аеродромот добива награда за аеродром на годината.
  • 1960-ти: Со влегувањето во џет ерата, започнува дебата за голема експанзија на аеродромот. На авионите им е потребен поголем простор за маневрирање, и се доаѓа до план да се прошири аеродромот во еден од регионите на Каструп или на малиот остров Салтхолм. Доаѓа до протести од локалното население и планот се стопира за некој период.
  • 1960: На 30 Април, Терминалот 2 се отвора. Исто така, нова контролна кула се отвора и аеродромот процесира 2 милиони патници на годишно ниво.
  • 1970-ти: Aеродромот се соочува со проблеми со немање простор, посебно со влегувањето во сообраќај на Боинг 747. Паднала одлука да се прошири аеродромот кон островот Салтхолм, но данскиот парламент ја стопира реновацијата.
  • 1973: 8 милиони патници процесирани на годишно ниво.
  • 1982: Отворен е карго терминал.
  • 1986: Паркинг гаража за 2400 автомобили.
  • 1991: Аеродромот е приватизиран.
  • 1998: Отворен е терминал 3, и аеродромот процесира 17 милиони патници годишно.
  • 1999: Системот за управување на багажот е модернизиран, и терминалот Вилхелм Лауритсен е поместен 3.8 километри за да се направи место за нови терминали, хотел и железничка станица.
  • 2000: Аеродромот процесира 18.4 милиони патници годишно. Отворена е железничка линија до Малме.
  • 2001: Хилтон хотел со пет звездички е отворен на аеродромот. 267,000 полетувања и спуштања.
  • 2006: Бројот на патници надминува 20 милиони годишно за прв пат.
  • 2007: Отворена е метро станица која е вклучена во метро мрежата на градот Копенхаген.

Транспорт до аеродромот[уреди]

  • Воз: Железничката станица на аеродромот е лоцирана на терминалот 3 на линијата Ересунд.
  • Метро: Линијата М2 сообраќа до центарот на Копенхаген
  • Автобус: Автобусите 5А, 35, 36, 75 Е и 96 N и Грахундбус линијата број 999 сообраќа до центарот на Копенхаген.

Авиокомпании и дестинации[уреди]

Контролната кула заедно со Боинг 757 на Исландската авиокомпанија Icelandair

Терминал 1[уреди]

Сите домашни летови:

Терминал 2[уреди]

Добредојдовте во Копенхаген
Ленти за багаж

Терминал 3[уреди]

Терминал 3