Аеродром Будимпешта

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Ферихеги Будимпешта
Ferihegyi Nemzetközi Repülőtér
Budapest Ferihegy International Airport
Budapest Ferihegy 2A LHBP.JPG
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
13L/31R 12,162 3,707 Асфалт
13R/31L 9,875 3,010 Асфалт

Меѓународниот аеродром Ферихеги - Будимпешта (IATA: BUD, ICAO: LHBP) е меѓународен аеродром кој го опслужува главниот град на Унгарија, Будимпешта, исто така е и најголем аеродром во рамките на Унгарија. Најголемиот број од летовите се низ Европа, но исто така сообраќаат и летови до Азија, Блискиот Исток и Северна Америка. Во 2007 година, низ аеродромот поминаа 8.6 милиони патници. Аеродромот е лоциран на околу 16 километри од центарот на Будимпешта. Аеродромот е доволно голем за да прифати и авиони од типот на Боинг 747, Антонов Ан-124 и Антонов Ан-225.

Историја[уреди]

Дизајн и конструкција[уреди]

Во 1938 година концепцијата на изработка на нов аеродром влезе во план. Просторот кој зафаќаше околу три региони околу Будимпешта(Pestszentlőrinc-Rákoshegy-Vecsés), беше определен за изградба на новиот аеродром. Аеродромот беше планиран за цивилни и воени цели. Во декември 1939 година, по завршувањето на тендерот, и објавувањето на резултатите, понудениот план од страна на Кароли Давид Јуниор беше избран за изградба. Изградбата започна 1942 година. Исто така, беше изграден автопат во должина од 16 километри во текот на периодот од 1940 до 1943 година. Воените структури беа изградени напоредно со цивилните структури, но поради почетокот на втората Светска војна. Нормалниот сообраќај започна во 1943 година, но поради зголемените воени операции во околината на Будимпешта, сообраќајот беше стопиран во почетокот на 1944 година.

Обнова (1947 - 1950)[уреди]

во 1947 година беше одлучено да се обнови аеродромот за цивилни цели. Церемонијата на свечено отворање на аеродромот беше одржана на 7 Мај, 1950 година. Во тоа време, имаше само неколку меѓународни летови и тоа главно до Софија, Прага, Букурешт и Варшава. Унгарската национална авиокомпанија Малев беше формирана на 25 ноември 1954 година, додека првиот лет кон западна Европа беше летот до Виена за време на летниот период, 1956 година. Првата Западноевропска авиокомпанија да лета на аеродромот беше KLM во 1957 година.

Постојан Развој (1960-1980)[уреди]

Со постојаниот растеж на сообраќајот на аеродромот, бројот на слетувања на аеродромот се зголемија од 4,786 на 17,133 и на број на патници од 49,955 на 359,338 во 1960 година. Во 1974 година, бројот на патници на годишно ниво достигна еден милион. Поради зголемениот сообраќај, повеќе проекти беа реализирани. Во 1977 година, нова контролна кула беше изградена како и втора писта паралелна на првата, како и база за одржување на авионите на Malev.

Нова инфраструктура (1980-2000)[уреди]

Во 1980, бројот на слетувања на аеродромот достигна 32,642, како и бројот на патници кој достигна 1,780,000. Зголемениот број на патници значеше и потреба за проширување на аеродромот. Од 1 Ноември, 1983 година, патниците пристигаат на терминал 2, терминал кој беше изграден на 24 илјади квадратни метри. Беше користен од Малев, како и од Луфтханза, Air France и Swissair. Во 1990 година повеќе од 40 илјади полетувања и спуштања се регистрирани, а исто така беа процесирани околу 2,5 милиони патници. Летото 1993, Малев започна со летови кон Северна Америка (Њујорк Кенеди). Развојот на авијацијата на застана тука туку продолжи да се развива. Изградбата на нов терминал, терминал 2В беше започната во 1997 година, и беше свечено отворена на 8 декември 1998 година. Капацитетот на терминалот е 3.5 милиони патници на годишно ниво.


Идни планови[уреди]

До 2011 година, на аеродромот во Будимпешта се планирани да се инвестираат околу 261 милиони евра во проширување и модернизација на инфраструктурата. По реконструкцијата аеродромот треба да претставува модерен и економичен аеродром кој ќе нуди сервиси по Европски стандарди.

  • Нов терминал наречен BUD Skycourt ќе ги поврзува Терминал 2А и Терминал 2Б. Терминалот двојно ќе го зголеми просторот за ресторани и продавници на аеродромот.
  • Ново крило со 16 нови порти придодаден на Терминал 2
  • нова платформа. Повеќе од 90,000 квадратни метри нова платформа ќе бидат изградени.
  • Терминал 1. Терминалот 1 кој во најголемиот дел опслужува нискобуџетни авиокомпании ќе биде проширен.

Авиокомпании и дестинации[уреди]

Терминал 1[уреди]

Шенген дестинации[уреди]

Останати дестинации[уреди]

  • easyJet (Женева, Лондон Гетвик, Лондон Лутон)
  • Jet2.com (Манчестер)
  • Ryanair (Бристол, Даблин, Источен Мидлендс, Глазгов, Ливерпул)
  • Wizz Air (Бургас, Лондон, Тиргу Мурес, Варна)

Терминал 2А[уреди]

Терминал 2Б[уреди]