Аеродром Дрезден

Координати: 51°08′04″N 13°46′05″E / 51.13444° СГШ; 13.76806° ИГД / 51.13444; 13.76806 (Dresden Airport)
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром Дрезден

Flughafen Dresden
  • IATA: DRS
  • ICAO: EDDC
    Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Germany Saxony" does not existПоложба на аеродромот во Саксонија
Општо
Аеродромски видјавен
МестоположбаДрезден, Германија
Надм. височина754 ст / 230 м
Координати51°08′04″N 13°46′05″E / 51.13444° СГШ; 13.76806° ИГД / 51.13444; 13.76806 (Dresden Airport)
Писта
Правец Должина Површина
м ст
04/22 2.850 9.351 бетон
Хелиодром
Правец Должина Површина
м ст
H1 30 98 бетон/асфалт
Статистика (2011)
Патници1,921,633
Движења на воздухоплови35,087
Извори: AIP на EUROCONTROL,[1]
Годишен извештај за сообраќајот 2011[2]


Внатрешен поглед на терминалната зграда

Аеродромот Дрезден (IATA: DRSICAO: EDDC), порано познат како Аеродром Дрезден-Клоче (Flughafen Dresden-Klotzsche на германски), е меѓународен аеродром на Дрезден, Германија. Се наоѓа во Клоче, округ на Дрезден, 9 километри северно[1] од центарот на градот.

Во 2008, 1.860.364 патници поминале низ аеродромот, со зголемување од 0,3% во однос на минатата година и претставува рекорд за аеродромот. Во истата година се извеле 36.968 слетувања и полетувања со пораст од 2,3% во однос на претходната година.[3]

Дрезденскиот аеродром е дом на EADS EFW, филијала на европскиот конзорциум EADS. Аеродромските услуги на Луфтханза Дрезден, подружница на Lufthansa и AHS обезбедуваат патнички услуги на аеродромот. Општите аеродромски сервиси се обезбедени од самиот аеродром.

Историја[уреди | уреди извор]

Аеродромот бил отворен за комерцијален сообраќај на 11 јули 1935.[4]

Иако бил планиран како комерцијален аеродром, неговото значење за војската драматично се зголемило во текот на владеењето на Третиот Рајх. Во текот на Втората светска војна бил целосно користен за воени цели. Воздушниот сообраќај помеѓу аеродромот и Бреслау бил воспоставен како поддршка на германските сили во текот на Опсадата на Бреслау во пролетта на 1945. Обидите да се уништат градбите и опремата пред да биде Дрезден освоен од сојузничките сили пропаѓале, поради отпорот на вработените на аеродромот.

Во текот на следните години, аеродромот бил користен како образовен ценар на советската армија. Бил повторно отворен за комерцијален аеродром на 16 јуни 1957. Во 1959 бил повторно воспоставен меѓународниот сообраќај, главно со земјите од Источниот блок.

Помеѓу 1955 и 1961, владата на Источна Германија одлучила да развива своја сопствена воздухопловна индустрија, сместена во Дрезден. Иако овој развој на крајот пропаднал, значајно се зголемила важноста на аеродромот Дрезден-Клоче.[4]

По повторното обединување на Германија, аеродромот бил проширен и биле додадени летови до главните градови на Западна Европа. Сообраќајот се зголемил седумкратко во текот на првата половина на 1990-тите и во 1995 бил отворен и втор терминал.

Во 2001 бил додаден моменталниот терминал. Овој бил повторно изграден на местото на хангар, кој порано бил користен како дел од воздухопловната индустрија.[4]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Јавен превоз[уреди | уреди извор]

Железничката станица на аеродромот Дрезден се наоѓа во подрумот на терминалната зграда. Таа е опслужувана од возовите на линијата С2 од Дрезденската С-Железница, која обезбедува врска на секој половина час со Главната железничка станица во Дрезден и железничката станица Дрезден-Нојштат во центарот на Дрезден, а самото патување трае 13 и 23 минути соодветно. За викендите, возовите продолжуваат до градовите Хајденау и Пирна.[5]

Автобусот со број 77 обезбедува врска од аеродромот до трамвајската линија 7, која обезбедува алтернативна врска со центарот на градот. Автобусот со број 97 го поврзува аеродромот со округот Хелерау. Меѓуградскиот автобус со број 425 го поврзува аеродромот со градовите Боксберг и Радебојл.[5]

Аеродромот е во рамките на тарифната зона Горна Елба во Дрезден, како што е центарот на Дрезден и со еден билет (моментално со цена од 2 ) може да се патува со С-Железница, трамваи и автобуси во рамките на зоната. Другите тарифни зони ги покриваат околните градови сè до Мајсен и чешката граница. Билетите може да се добијат на автомати на самата станица, на автобуските постојки или во бирото за информации на аеродромот.[5]

Патишта[уреди | уреди извор]

Дрезденскиот аеродром се наоѓа на 9 километри северно[1] од центарот на градот. Директното патување по улиците низ градот трае околу 20 минути. Моменталните цени во такси-превозот се движат од 16€ до 18€.[6]

Аеродромот се наоѓа близу раскрсницата на А4, кој поминува низ Дрезден на нејзиниот пат од Ахен, на холандската граница, до Герлиц, на полската граница. Раскрсниците во Дрезден го поврзуваат А4 со А13, до Берлин и А17 до чешката граница и Прага.[6]

Аеродромот поседува катна гаража со околу 1.500 места, поврзана со терминалната зграда со пешачки стаклен мост. Исто така, постојат четири паркинг простори.[7]

Авиопревозници и одредишта[уреди | уреди извор]

Дрезденски аеродром
Дрезденски аеродром
АвиопревознициДестинации
Aeroflot Москва-Шереметево
Air Arabia Egypt Сезонски: Хургада
Air VIA Сезонски чартер: Бургас, Варна
Bulgarian Air Charter Сезонски чартер: Бургас, Варна
Air France
управуван од CityJet
Лондон-Сити (започнува од 28 март 2013)[8]
Croatia Airlines Сезонски чартер: Дубровник, Сплит
EasyJet Switzerland Базел-Милхаус
Freebird Airlines Сезонски чартер: Анталија
Germania Сезонски: Анталија, Дебрецен, Гран Канарија, Кос, Палма де Мајорка, Сармелек, Тенерифе, Фуертевентура, Родос
Germanwings Келн/Бон, Штутгарт
Hamburg Airways Фуертевентура, Гран Канарија, Хургада, Тенерифе
Сезонски: Хераклин, Кос, Родос
Lufthansa Диселдорф, Франкфурт
Lufthansa Regional
управувано од Augsburg Airways
Минхен
Lufthansa Regional
управувано од Lufthansa CityLine
Минхен
Nouvelair Tunisie Сезонски чартер: Џерба, Енфида
Sky Airlines Сезонски чартер: Анталија
Tunisair Чартер: Енфида
Vueling Барселона (започнува од 31 март 2013)
Yakutia Airlines Москва-Внуково

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 EAD Basic
  2. „Годишен извештај за сообраќајот 2011“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2013-02-13.
  3. „Flughaven Dresden - Press release - 2008 traffic report“. Flughafen Dresden GmbH. 19 јануари 2009. Архивирано од изворникот на 2012-05-30. Посетено на 8 април 2009.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Flughaven Dresden - Историја на аеродромот“. Flughafen Dresden GmbH. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 8 април 2009.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Аеродром Дрезден - Јавен превоз“. Flughafen Dresden GmbH. Архивирано од изворникот на 2009-04-05. Посетено на 4 јули 2009.
  6. 6,0 6,1 „Аеродром Дрезден - Автомобил и такси“. Flughafen Dresden GmbH. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 4 јули 2009.
  7. „Аеродром Дрезден - Паркинг“. Flughafen Dresden GmbH. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 4 јули 2009.
  8. http://www.cityjet.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]