Croatia Airlines

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Croatia Airlines
Croatia airlines zg tower.JPG
IATA
OU
ICAO
CTN
Ознака
CROATIA
Формирана 1989 (as Zagal-Zagreb Airlines)
Хабови Аеродром Загреб
Фокус градови Аеродром Сплит
Аеродром Дубровинк
Редовна програма на лет Miles & More
Чекална Senator Lounge
Соработки Star Alliance
Филијали Amadeus Croatia, Obzor putovanja, Pleso prijevoz
Големина на флота 13 (+2 нарачки, 2 опции)
Дестинации 27
Родителска компанија Влада на Република Хрватска
Слоган Повеќе од удобно лет
Седиште Загреб, Хрватска
Клучни луѓе Сречко Симуновиќ (претседател и CEO)
Зоран Шангут (CAE)
Вебсајт: www.croatiaairlines.hr

Croatia Airlines d.d. е национален авиопревозник на Хрватска, базирана во Загреб, како и регионален чен на Star Alliance. Оперира на домашни и меѓународни дестинации. Главната база е аеродромот во Загреб, а за помали бази ги има аеродромите во Сплит и Дубровник. Во 2007 година, авиокомпанијата оствари профит од 25 милиони куни, рекорд во нејзиното постоење.

Историја[уреди]

Авиокомпанијата започна со работа на 20 јули 1989 година, и започна со операции со авион од типот Cessna 402 за карго сервиси за UPS. Компанијата го користеше името Загал. По првите слободни избори во независна Хрватска, компанијата го промени името во Croatia Airlines. Во 1991 година, авиокомпанијата потпиша договор со Adria Airways за изнајмување на еден McDonnell-Douglas MD-82 авион за почеток на воздушната линија Загреб - Сплит. 1992 беше тешка година за компанијата бидејќо поради Српско - Црногорската инвазија на Хрватска, авиокомпанијата престана да лета. Веднаш по завршетокот на кризата, Croatia Airlines откупи три Боинг 737 авиони од Луфтханза и стана член на Меѓународната асоцијација за цивилен сообраќај (IATA). Во 1993 година, два ATR42 и два Боинг 737 беа додадени на флотата, канцеларии беа отворени во неколку градови низ Европа, исто така компанијата ја купи туристичката агенција Обзор, за организација на туристички патувања. До 1994 година, Croatia Airlines го дочека и првиот милионити патник. Истата таа година, Croatia Airlines го организираше превозот на папата Јован Павле Втори.

Во 1995 година, беше додаден уште еден ATR42, а истата година беше направен и рекорд во бројот на патници, 2 милиони патници на годишно ниво. Во 1996 година, Croatia Airlines стана првата авиокомпанија која воспостави летови кон Сараево. Во 1997 година, првиот Airbus A320 беше додаден во флотата и беше именуван Риека. Во 2000 година, пристигнаа уште два нови Airbus A320 авиони, а исто така беше воведен и Automated Ticketing System. 2001 беше година кога Croatia Airlines доби сертификат за одржување и поправка на авионите од страна на Германската Luftfahrt-Bundesamt. На 18 Ноември, 2004 година, Croatia Airlines влезе во Star Alliance како регионален член, спонзорирана од страна на Луфтханза. Croatia Airlines превезе 1,715,027 патници во 2007 година. Во 2008 година, авиокомпанијата додаде два нови воздухоплови од типот Q400 од Канадската Bombardier Aerospace.


Дестинации[уреди]

Флота[уреди]

Croatia Airlines Флота
Авион Вкупно Име и регистрација Патници
(Бизнис/Економична)
Дестинации Забелешки
Airbus A319-112 3 Задар (9A-CTG), Загреб (9A-CTH), Вуковар (9A-CTI), Пула (9A-CTL) 132 (12/120) Кратки и средно долги дестинации
Airbus A320-212, A320-214 4 Риека (9A-CTF)(212), Дубровник (9A-CTJ)(214), Сплит (9A-CTK) (214) 164 (18/146) Кратки и средно долги дестинации
Dash 8 DHC-8 Q402 6 Славонија (9A-CQA), Лика (9A-CQB),(9A-CQC),(9A-CQD),(9A-CQE),(9A-CQF) 76 (0/76) Кратки дестинации уште 4 нарачки во 2009 и 2010
(2 опции)
Вкупно авиони: 13