Аеродром Штутгарт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Аеродром Штутгарт
Flughafen Stuttgart
Stuttgart Airport
Stuttgart Airport Exterior 2005-05-27.jpg
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
07/25 10,974 3,345 Асфалт

Аеродромот Штутгарт (германски: Flughafen Stuttgart) (IATA: STR; ICAO: EDDS) е меѓународен аеродром лоциран околу 13 километри јужно од центарот на Штутгарт. По важност е седми на листата во Германија, со една писта, и е важен центар за германските нискобуџетни авиокомпании како Germanwings и TUIfly, како и главно седиште на компанијата за паркинзи за коли, APCOA Parking.

Содржина

[уреди] Историја

Аеродромот бил изграден во 1939 за да го замени аеродромот Боблинген. Во 1945, американските воени сили го презеле аеродромот, и како резултат на тоа сè уште оперира база со хеликоптери на јужната страна на аеродромот која силите ја делат со хеликоптерскиот оддел на сојузната полиција на Баден Вуртемберг. Овој оддел спаѓа под контрола на полицијата на Штутгарт и поседува 6 модерни хеликоптери базирани во Штутгарт и два во Солинген. Во 1948 година, аеродромот бил вратен на германските власти.

Аеродромот бил проширен после Втората светска војна. Пистата била проширена од 1800 на 1948 метри, потоа на 2250 метри, за во 1996 да биде проширена на 3345 метри. Оригиналниот терминал од 1938 бил конечно заменет со нов модерен терминал во [2004] година, и сега постојат 4 терминали со капацитет од околу 12 милиони патници на годишно ниво.

[уреди] Јавен превоз и пристап

До аеродромот може лесно да се стигне со воз од централната железничка станица во Штутгарт, користејќи ги линиите Ѕ2 и Ѕ3. Аеродромот се наоѓа веднаш до автопатот А8 кој ги поврзува градовите Карлсруе, Штутгарт и Минхен.

[уреди] Авиокомпании и дестинации

[уреди] Терминал 1

[уреди] Терминал 2

[уреди] Терминал 3

[уреди] Терминал 4

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици