Росток

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мото: Во рамките на твоите ѕидови може да има хармонија и среќа
Росток
Новиот плоштад (Neuer Markt) во Росток
Новиот плоштад (Neuer Markt) во Росток
Грб на Росток
Росток се наоѓа во Германија
Росток
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Урбан округ
Градски единици 21 градски округ
Градоначалник Роланд Метлинг (независен)
Основни податоци
Површина 181 км2
Надм. височина 13 м
Население 202.735 (31 декември 2010)[1]
 - Густина 1.120 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HRO
Пошт. бр. 18001–18147
Повик. бр. 0381
Портал www.rostock.de
Административна поделба на Росток
Административна поделба на Росток
Координати 54°05′00″ СГШ 12°08′00″ ИГД / 

Росток (германски: Rostock е најголемиот град во северната германска покраина Мекленбург-Западна Померанија. Росток се наоѓа на реката Варнов; округот Варнеминде 12 километри на север од центарот на градот се наоѓа на брегот на Балтичкото Море.

Содржина

Историја [уреди]

Рана историја [уреди]

Потврда на законот на Либек - градските права, 1218

Во 11-от век полапските Словени основале населба на реката Варнов наречена Roztoc (што означувало проширување на река); името Росток потекнува од тоа изведување. Данскиот крал Валдемар I го наредил градскиот пожар во 1161.

Потоа, местото било населено од германските трговци. Првично, имало три различни града:

  1. Altstadt (Стар град) околу Alter Markt (Стариот плоштад) со St. Petri (Црквата Свети Петар),
  2. Mittelstadt (Среден град) околу Neuer Markt (Новиот плоштад) со St. Marien (Црквата Свети Богородица) и
  3. Neustadt (Нов град) околу Hopfenmarkt (Хмењски плоштад, сега Универзитетски плоштад) со St. Jakobi (Црквата Свети Јаков, сега уништена).

Ханзеатска лига [уреди]

Подемот на градот започнал со членството во Ханза. Во 14-от век бил моќен поморски пристаништен град со 12.000 жители и најголемиот град во Мекленбург. Бродовите за крстарење во Балтичкото Море се граделе во Росток. Во 1419, еден од најстарите универзитети во Северна Европа, универзитетот Росток, бил основан.

15 до 18 век [уреди]

На крајот на 15-от век војводите на Мекленбург го наследиле правото за владеење со градот Росток, кое дотогаш било само номинално право на владеење и всушност градот бил независен. Тие го искористиле бунтот, познат како Domfehde, неуспешно востание на сиромашното население. По кавки со војводите и постојаното ограбување довело до опаѓање на економската и политичката моќ.

Росток 1780-90

Стратегиската локација на Росток ја провоцирала морнарицата на ривалите. Данците и Швеѓаните го окупирале градот двапати, прво во текот на Триесетгодишната војна (1618–48) и повторно од 1700 до 1721. Подоцна, Французите, под Наполеон, го окупирале градот околу една деценија до 1813. Тоа било во соседниот Либек-Ратекау дека Блихер, кој бил всушност роден во Росток и кој бил еден од неколкуте генерали кои се бореле по Битката кај Јена, им се предале на Французите во 1806. Ова било веднаш по бесните улични борби во битката кај Либек, во која тој ја предводел коњаницата; исцрпените Пруси, со време се предале, немале ниту храна ниту муниција.

19-ти век [уреди]

Во првата половина на 19-от век Росток ја повратил поголемиот дел од неговата економска важност, во прво време се должело на трговијата на пченицата, а од 1850-тите на индустрија, особено на неговата бродоградбена индустрија. Првиот произведен пропелер во Германија бил конструиран овде.

Градот се зголемил и во големина и во население, со нови квартови кон југ и запад од древните граници на градот. Два значајни настани влијаеле кон зголемување на населението околу 1900:

  1. Steintor-Vorstadt на југ, се протега од стариот градски ѕид до објектите на новата Lloydbahnhof железничка станица (сега Hauptbahnhof). Било дизајнирано да биде станбен кварт и се состоел главно од големи семејни куќи, единствено населени од богатите граѓани.
  2. Kröpeliner-Tor-Vorstadt на запад, дизајниран како станбен кварт за работничкото население како и за објекти за мала и средна индустрија, како што се Mahn & Ohlerich's Brewery (сега Hanseatische Brauerei Rostock). Главното бродоградилиште, Neptun била во близина на брегот на реката.

20-ти век [уреди]

Росток 1910

Во 20-от век, важни авионски производствени капацитети се наоѓале во градот, како што се Arado Flugzeugwerke во Варнеминде и Heinkel со објекти на различни места. Во своите објекти во Росток-Марине да го направат тест-авионот, светски познатиот авион-џет ги направил и своите пробни летови. Авионската индустрија доживеала катастрофа на крајот на Втората светска војна.

Големи делови од центарот на градот биле уништени во Втората светска војна од сојузничкото бомбардирање во 1942 и 1945. Преку обновата и понатамошното проширување, градот станал главен индустриски центар на Германската Демократска Република со пристаништето, кое се развило како првична порта кон светот. Многу од историскиот центар бил верно изграден и големиот дел од историскиот карактер се повратил. Ова вклучувала неколку згради, карактеристични со вертикални брик-тули, стилот познат на ханзеатските градови.

Уништениот град во 1942

По повторното обединување на Германија во 1989/1990, Росток ја изгуби својата претходна привилегирана позиција како главно морско пристаниште во поранешната Источна Германија и станал само едно од неколкуте германски пристаниште, сега сместен во еден од најмалку индустријализираните региони на обединета Германија. И покрај големите инфраструктурни инвестиции, економијата на градот опаѓала во 1990-тите, но сега повторно расте.

Населението на Росток се намалило од околу 260.000 во 1989 на околу 200.000 денес, првично поради субурбанизацијата, но исто така и поради емиграција во попросперитетните западни региони на Германија.

Политика [уреди]

Симболи [уреди]

Грб

Во долгата историја на Росток, градот имал три различни грбови познати како Signum, Secretum и Sigillum. Сигнум, кој може да се проследи до 1367, бил донесен последен и сè уште е грб на градот.

Знамето отсликува златен грифин на сина позадина, како и боите на Ханза, сребрена и црвена.

Грбот не само што може да се види на знамиња, куќи и автобуски постојки, туки и на мостови, олуци, огради, бродови и ресторани.

Администрација [уреди]

Од 13-от век, владејачко тело со градот е градскиот совет (Rat), прво составен од десет, подоцна од 24 олдермени (Ratsherren). Претседавач со советот бил градоначалникот на градот. Во 19-от век имало дури три градоначалници. Од 1925, на чело на градот стои некој со титула градоначалник. Избиран со векови од градскиот совет, сега тој е биран директно од граѓаните на Росток, по реформата во 2002.

Градско собрание

Градскиот парламент (Bürgerschaft) ги претставува граѓаните. Претставниците се избран на 5 години. Бројот на претставници, моментално е 53.

  • 13 Linke
  • 10 SPD
  • 9 CDU
  • 5 Grüne
  • 4 FDP
  • 4 ЗА РОСТОК - про OB
  • 3 Сојуз за Росток (Rostocker Bund)
  • 5 други

Претседавач на градскиот парламент од Präsident der Bürgerschaft. Тој ги води и ги подготвува седниците и заедно со градоначалникот го претставуваат градот.

Роланд Метлинг (независен), бил избран за градоначалник на Росток во првиот круг со 58,2% од гласачите на 27 февруари 2005.

Партнерски градови [уреди]

Росток има потпишани договори за партнество со следниве градови:

Полска Шчеќин, Полска, од 1957 Норвешка Берген, Норвешка, од 1965
Финска Турку, Финска, од 1959 Бугарија Варна, Бугарија, од 1966
Франција Денкерк, Франција, од 1960 Хрватска Риека, Хрватска, од 1966
Латвија Рига, Летонија, од 1961[2] Германија Бремен, Германија, од 1987
Белгија Антверпен, Белгија, од 1963 Кина Далијан, НР Кина, од 1988
Данска Орхус, Данска, од 1964 САД Рели, САД, од 2001
Шведска Гетеборг, Шведска, од 1965

Исто така, Росток е и член на меѓународната мрежа Нова Ханза.

Географија [уреди]

Росток се наоѓа во близина на средината на брегот на Балтичкото Море во Мекленбург-Западна Померанија. Низ градот поминува реката Варнов.

Морскиот дел на Росток, Росток-Варнеминде, е околу 16 километри на север од историскиот градски центар. Западниот и југоисточниот дел се најнаселени делови на градот. Морското пристаниште е на исток од Росток. Росток се протега на 21,6 километри од Балтичкото Море на југ и 19,4 километри од исток на запад.

Клима [уреди]

Клима на {{{Место}}}
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек

Главни знаменитости [уреди]

Росток [уреди]

Панорама на Росток од брегот на реката Варнов во текот на регатата Ханза
Heiligengeisthof (Двор на Светиот Дух).

Едно од најсликовитите места во Росток е Neuer Markt (Новиот плоштад), со градското собрание (првично изградено во 13-от век во Брик-готика стил, но интензивно проширен во 18-от век, со додавање на барокна фасада и салата за банкети. Плоштадот, исто така, содржи шест оригинални, убаво обновени, фронтон куќи од 15-от и 16-от век. (Остатокот од старите куќи во ханзеатски стил кои се наоѓале на плоштадот биле уништени во сојузничкото бомбардирање во 1942.)

Kerkhofhaus од 15- век (на Große Wasserstraße, позади градското собрание) се смета за најдобро сочувана готска куќа со тули во Росток.

Црквата Свети Богородица Marienkirche, на Ziegenmarkt, е импозантна црква во брик-готика. Изградена во 13-от век, била проширена и изменета кон крајот на 14-от век во моментов крстообразна базилика. Огромната кула не била завршена сè до крајот на 18-от век. Внатре има астрономски часовник, изграден во 1472 од Ханс Дирингер.

Kröpeliner Straße - главната шопинг-улица.

Главната пешачка улица е Kröpeliner Straße, која води источно од новиот плоштад до Kröpeliner Tor од 14-от век, поранешна градска порта. Главната зграда на универзитетот во Росток се наоѓа на Universitätsplatz, во близина на средината на улицата, пред фонтаната за младоста (Brunnen der Lebensfreude).

Kloster St Katharinen (Манастирот Свети Катарина), стариот францискански манастир основан во 1243 и прошируван неколкупати во текот на 14-от и 15-от век. Сега користен како седиште на Академијата за музика и театар (HMT-Росток).

Nikolaikirche (Црквата Свети Никола) во брик-готика, која е најстарата црква во Росток, изграден во средината на 13-от век. Тешко оштетена во текот на Втората светска војна и потоа обновена, зградата сега е користена како изложбен центар и концертна сала, поради нејзината извонредна акустика.

Некои делови од средновековкиот градски ѕид, со четири градски порти, кои сè уште постојат.

Варнеминде [уреди]

Alexandrinenstraße во Варнеминде.
Speicher (канцелариска зграда) ноќе. Седиштет на AIDA Cruises.

Варнеминде е морски дел на Росток и главна атракција на градот. Локалното население и туристите сакаат да уживаат во морскиот стил на старите куќи, долгите плажи, светилникот и старото рибарско пристаниште.

Економија [уреди]

Економијата е под силно влијание на туризмот, универзитетот и поморската индустрија (особено бродоградбата) и услужниот сектор. Поголеми компании се:

Исто така, Росток е седмото најголемот пристаниште на Балтичкото Море и со тоа најголемото во Германија.

Образование [уреди]

Универзитет Росток.

Росток е дом на еден од најстарите универзитети во светот. Основан во 1419, универзитетот во Росток е третиот најстар универзитет во Германија со постојано работење, вториот најстар во Северна Германија (по Сент Ендрју) и најстариот универзитет во континентална северна Европа. Нуди дипломски и постдипломски програми во евангелистичка теологија, филозофија и уметност, природни науки и математика, право, инженеринг и поморство, земјоделство и животна средина, медицина, политички и општествени науки, и исто така одржува ботаничка градина (Ботаничка градина на Универзитетот Росток).

Академија за музика и театар, Hochschule für Musik und Theater, нуди дипломски степен во уметничките полиња. Основана во 1994, институцијата е комбинација на поранешното училиште за драма Ernst Busch и и истурениот дел на музичката школа од Берлин Ханс Ајслер. Денес, училиштето е дел од Асоцијацијата на балтички музички академии (ABAM), сојуз на 17 музички конзерваториуми на Балтичкото Море и Израел. Уникатно во Европа е постдипломскиот степен во пијано дуо перформанс. Училиштетот поседува голема оперска сцена (Katharinensaal) и две сали за камерна музика. Таму има концерти секој ден во текот на годината.

Росток е домаќин на институтот за демографски истражувања Макс Планк, Институтот за катализи Лајбниц, како и два дела на институтите Фраунхофер, еден за компјутерска графика и еден за големи структури во производната технологија.

Култура [уреди]

Theater im Stadthafen

Настани [уреди]

Градот е дом на годишниот фестивал Регата Ханза, кога поради многуте едрилици и музејски експонати изложени во морето, го посетуваат над 1,5 милиони посетители.

Се одржува е годишен џез-фестивал, кој се одржува во јуни, наречен Ostsee-Jazz.

Други настани се:

  • Фестивал на краткиот филм („Kurzfilmfestival FiSh“)
  • Културна недела Росток („Rostocker Kulturwoche“)
  • Културно лето
  • Пристаништен фестивал Росток („Rostocker Hafenfest“)
  • Булевар-фестивал
  • Варнеминдска недела

Музеи и зоолошка градина [уреди]

Архивот на Валтер Кемповски
  • Kunsthalle Rostock (уметничка галерија)
  • Културно-историски музеј
  • Музеј Варнеминде („Heimatmuseum Warnemünde“)
  • Бродоградбен музеј („Schiffbau- und Schifffahrtsmuseum“)
  • Зоолошка градина Росток
  • Архив на Валтер Кемповски

Музика и театар [уреди]

  • Народен театар Росток („Volkstheater Rostock“)
    • Северногерманска Филхармонија („Norddeutsche Philharmonie“)
    • Пејачка академија Росток („Rostocker Singakademie“)
  • Niederdeutsche Bühne Rostock
  • Compagnie de Comédie
  • Мала комедија Варнеминде („Kleine Komödie Warnemünde“)
  • Mechaje
  • Бина 602 („Bühne 602“)
  • Фестивал Мекленбург-Западна Померанија
  • Ostsee Big Band (Jazz)

Спорт [уреди]

ДКБ-Арена, дом на екипата ФК Ханза Росток
Клуб Спорт Основан Лига Место Тренер
ФК Ханза Росток фудбал 1965 2-ра Бундеслига ДКБ-Арена Петер Фолма
РК Емпор Росток ракомет 1954 2-ра Бундеслига Ростокер Штатхале Мајк Хандшке
Piranhas Rostock хокеј на мраз 1990 Оберлига (3-та дивизија) Ајсхале Росток Хенри Том

Сообраќај [уреди]

Rostock Hauptbahnhof (Главната железничка станица Росток)
Бродот за крстарење A'Rosa Blu го напушта Росток во летото 2003

Автомобил [уреди]

Росток може да се стигне со автопатот (Autobahn) A 1 од Хамбург преку Либек на A 20 и со A 19 од Берлин и A 20 од Шчеќин во Полска.

Јавен превоз [уреди]

Сообраќајна мапа на Росток (Јануари 2012)

Rostock Hauptbahnhof (Главна железничка станица Росток) нуди брзи железнички врски до Хамбург и Берлин и оттаму до скоро секој друг европски град.

Достапна е широката градска мрежа на трамваи, автобуси и фериботи. Првиот приватно финансиран тунел во Германија поминува под реката Варнов и така го поврзува источниот дел на Росток со западниот дел.

Ферибот / Брод [уреди]

Пристаништето Росток на зајдисонце

Росток е германското најголемо балтичко пристаниште. Росток е исто така дом на големо фериботско пристаниште. Тоа е главна база за фериботските оператори, како што се Scandlines, Tallink и TT-Line, кој го поврзуваат Росток со неколку главни скандинавски дестинации. Како резултат на тоа, Росток добива најголем број на туристи од бродови за крстарење во Германија секоја година.

Фериботски линии има за:

Авион [уреди]

Најблиските меѓународни аеродроми се во Хамбург и Берлин. Има летови преку Минхен до аеродромот Росток-Лаге. Постојат и голем број авионски полиња за мали авиони, н.п. Пурксхоф.

Познати луѓе [уреди]

Ова, всушност, некомплетен список на познати луѓе, кои се родиле тука, живееле или придонеле за богатството на градот Росток:

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]